Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаИстражување на ОБСЕ: Две третини од младите жени и девојки биле или жртва или сведок на родово базирано насилствоМисијата на ОБСЕ во Скопје денеска презентираше ново истражување за онлајн и офлајн-насилство врз млади жени и девојки во јавниот живот. Според истражувањето значаен дел од младите жени се чувствуваат небезбедно на јавни места поради нивниот род, со ранливости обликувани од социоекономски фактори, образование и место на живеење. Тоа исто така укажува на ниската стапка на пријавување и потребата за подобрена координација, пристапност и доверба во одговорите на институциите. - Наодите од истражувањето покажуваат дека младите жени и девојки се свесни каде да се обратат во случаи на потреба за пријава на родово базирано насилство, меѓутоа, сепак, се чуствуваат небезбедни во дигиталните простори и во големите јавни простори. Две третини од сите испитанички сметаат дека биле или жртва или сведок на родово базирано насилство во различни форми. Најчесто застапено е економското насилство, вербалното насилство, психолошкото и физичкото насилство. Тоа што загрижува е дека 34 проценти биле или жртва или сведок на физичко насилство. Во различни јавни простори доминира различна форма, истакна Жанета Попоска, национална офицерка за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Како што посочи Попоска, во образовните институции доминира вербалното насилство и психолошкото вознемирување, во јавните простори доминира сексуалното вознемирување. - А тоа што е поразително како факт е дека само пет проценти од жените кои што биле жртва или сведок на родовото базирано насилство го пријавиле истото. Причините за непријавувањето се најчесто страв, стигма, недоверба во институциите во брзиот и навремен одговор на институциите, како и страв од повторување на насилството, вели Попоска. Во однос на дигиталниот простор и реперкусиите врз младите девојки и жени покажува дека 10 проценти од младите девојки и жени го искусиле како жртва, а 15 проценти дополнително посведочиле. - Тоа значи дека секоја четврта млада девојка или жена биле жртви на овој тип на насилство. Тоа што дополнително поразително кај оваа форма на насилство е што уште помалку ја пријавуваат. Најчесто се обраќаат на семејства и пријатели за поддршка, емоитивна, психолошка поддршка и помош. Многу помалку на институции, рече Попоска. Тоа што охрабрува, нагласува таа, полицијата се гледа како институција која што прва треба да реагира во случаите на родово базирано насилство. Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја нагласи важноста од претворање на истражувањата во долготрајно влијание. - Кога настанува насилство, молчењето не е опција. Сите имаме одговорност да реагираме и пријавиме. Пријавите за насилство мора да бидат приоритет, а институциите се обврзани да делуваат со должно внимание, рече Вал. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани ја истакна важноста на координирана социјална поддршка. - Мора да изградиме систем кој реагира рано, на хуман и координиран начин, за ниту една жена да не биде сама. Подготвуваме нова Стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените и семејно насилство 2026–2033, заедно со Акциски план за 2025–2029. Овие стратешки документи ќе водат кон навремена и ефективна заштита за секоја жена, рече министерот Лимани. Спроведено во 2025 од страна на друштвото за истражување „Индаго“, истражувањето се заснова на репрезентативен примерок од 600 млади жени и девојки на возраст од 18 до 29 години од сите статистички региони на земјата, надополнето со фокус-групи составени од претставници на граѓанското општество како и експерти. Тоа нуди детален увид во перцепциите за безбедност, шеми на пријавување, институционални одговори и ризици во подем, како дигиталното насилство. Преку Националната работна група за превенција на насилство помеѓу младите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да работи со националните засегнати страни за да се интегрираат потврдените препораки во развој на политики и практични мерки, водејќи сметка за долготрајна одржливост и мерливи резултати.Тагови: ОБСЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКрис Џенер ги откри резултатите од затегнувањето на лицето: Го платила 100.000 долариКрис Џенер (70) се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес во саботата, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание.Мајката на семејството Кардашијан-Џенер на црвениот тепих ги покажа резултатите од затегнувањето на лицето – процедура која, според извештаите на американските медиуми, ја чинела 100.000 долари. Таа пристигна на настанот придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер, Кори Гембл (45). Двојката заедно позираше пред фотографите; нивната врска со години го привлекува вниманието на јавноста. За оваа пригода, Џенер избра темно-син сатенски фустан и соодветно палто со светки. Изгледот го надополни со чевли што имаа голема машна на петата и носеше само сребрени обетки. Гембл носеше темно-син костум и светло-сина кошула на риги. Џенер и Гембл првпат беа поврзани во 2014 година, откако се запознаа на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува покрај семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани. Крис Џенер за Кори: „Мојот животен партнер“ Иако генерално ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, Крис Џенер неколку пати зборувала за тоа колку ѝ значи Кори Гембл. Во серијата „The Kardashians“, таа го опиша како нејзин „животен партнер“ и рече дека нивната врска ѝ носи голема радост. „Кори е мојот животен партнер и секогаш се забавувам со него“, рече Џенер, додавајќи дека не очекувала повторно да најде таква поврзаност. Таа зборуваше и за разликата во годините меѓу нив, со оглед на тоа што Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот тоа ѝ изгледало необично, но на крајот сфатила дека годините не се пречка кога постои вистинска поврзаност. „Не можам да ја објаснам хемијата или зошто луѓето се вљубуваат, но изминатите десетина години беа неверојатни и одлично си поминуваме заедно“, изјави таа. Отворено зборуваше за затегнувањето на лицето Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер се подложила на процедура извршена од пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого „Page Six“ во тоа време го опиша како „маестро за затегнување на лицето“. Кон крајот на минатата година, во една епизода од серијата „The Kardashians“, Џенер ѝ откри на својата ќерка Ким дека, по бројните козметички зафати, носот е единствениот дел од нејзиното лице што останал природен. „Носот веројатно е единствената вистинска работа на моето лице“, призна таа. Таа исто така зборуваше за зафатот за затегнување на лицето во интервју за „Vogue Arabia“ во август 2025 година. Објасни дека првиот зафат го направила пред околу 15 години и дека одлучила повторно да се подложи на операција бидејќи сакала да го освежи својот изглед. „Одлучив да го направам овој зафат бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“, рече Џенер. Таа додаде дека смета оти стареењето не значи дека човек мора да се откаже од грижата за себе. „Тоа што стареете не значи дека треба да се запуштите. Ако се чувствувате пријатно во сопствената кожа и сакате да стареете природно – односно не сакате никакви естетски корекции – тогаш слободно направете го тоа. Но, за мене, ова е стареење со достоинство. Ова е мојата верзија за тоа“, изјави таа. За време на гостувањето во подкастот на нејзината ќерка Клои Кардашијан претходно оваа година, Џенер ги отфрли шпекулациите дека е незадоволна од резултатите на зафатот, како и гласините дека ефектот од нејзината операција за затегнување на лицето, која чинела 100.000 долари, „почнува да исчезнува“. Извор: Индекс.хрТагови: Крис Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook