Истражување на НАкС: Постои системски проблем на несоодветно финансирање на високото образование

Нашите академски работници имаат проблем со платите и со финансиската моќ. 

Додека во регионот професорите имаат над илјада евра плата, најголем број од образовните работници кај нас имаат до 40 илјади денари, и немаат интерес или самодоверба дека работите некогаш можат да се сменат на подобро.

Ова го покажуваат електронските анкети за мерење на перцепциите во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар организирана од Независниот академски синдикат (НАкС).

Професорот Драгор Заревски од Институтот за општествени и политичко-правни истражувања на денешната онлајн трибина каде ги презентираше наодите од анкетата, посочи дека постои разидување меѓу потенцијалот и функцијата на високото образование, и она што навистина го постигнуваме во општеството.

Според истражувањето, професорот рече дека кај образовните работници постои недостаток на моќ

да се променат работите, а тоа произлегува од статусот на високо образовните институции и високо образовниот кадар, и научните институции и научниот кадар. А статусот според Заревски, е секогаш во поларизација и со пазар на трудот.

Како што посочи професорот, над 120 од 200 испитаници, односно над 50 отсто имаат плата од 30 до 45 илјади денари. Помалку од 40 испитаници имаат од 20 до 30 илјади, а 40 проценти од 45 до 60 илјади. Помал број од испитаниците имаат над илјада евра, односно над 60 илјади денари.

-Постои проблем со платите и со финансиската моќ на академскиот кадар, рече Зафировски и појасни дека на едно индикативно прашање со кое се обиделе да дознаат дали испитанциите ја знаат сумата која МОН ја уплаќа на матичната институција за нивните плати, произлегува дека се запознаени околу 54,3 отсто од испитанциите, а 45,7 не се запознаени.

Следното прашање од анкетата е од скала од 1 до 5 да се оцени задоволството од издвојувањето на државата во однос на платата, со што од над 140 испитаници, две третини воопшто не се задоволни. Имаат став дека не се задоволни од издвојувањето на државата сметајќи дека платата во основа доаѓа од државата, но никогаш не се заинтересирале колкава точно сума или колкав дел издвојува државата.

Според Зафировски, ова е исклучително проблематично кога станува збор за луѓе вработени во академската сфера, да се чувствуваат немоќни дури и кога станува збор за нивната плата.

-На скала од 1 до 5 да оценат колку од платата можат да си обезбедат квалитетен живот, тука 2,3, поточно најголем број испитаници сметаат дека не можат да си овозможат квалитет живот со плата која ја заработуваат на месечно ниво. Фокусот на нивното интересирање очигледно ќе биде како да обезбедат квалитетен живот особено за нивното семејство а тоа секако ќе влијае и врз квалитетот на нивната работа, рече професорот.

Прашани колку сметаат дека треба да биде основната плата, најголем број од испитаниците сметаат дека треба просечната плата да биде над 65 илјади.

-Што се однесува до припадноста или вработеноста во високо образовните и научни институции на испитаниците 52,3 отсто од испитаниците се вработени на факултет, на научните институти кои се единици во рамките на универзитетот се вработени 4,3 отсто од испитаниците , 3,4 отсто од испитаниците се вработени во јавни научни установи кои се придружни членки на Универзитетот што најверојатно се поклопува и со структурата на бројот на вработени во видот на институциите, најголем број од вработени се вработени на факултетите, рече Зафировски.

Кога станува збор за вработените места над 50 години, односно 50,5 отсто се редовни професори што како што појасни професорот, укажува дека особено на УКИМ долго време нема подмладување на кадарот, само 3,8 проценти од испитаниците се асистенти.

Што се однесува до родовата припадност на испитаниците, 53,4 отсто се од женски род, 46,6 отсто се од машки род што ни укажува дека постои избалансираност.

-Од овој дел на прашалник може да заклучиме дека имаме системски проблем на несоодветно финансирање на образованието, тоа е длабок проблем, веројатно настанува во текот на низа, декади или може лесно да биде надминат. Во секој случај во интерес е и на академската заедница и на општеството, на пошироката јавност овој проблем да почне да се надминува со заеднички сили затоа што функционалноста на академската заедница всушност влијаат директно на развојот на целото општество, истакна Зафировски.

Истражувањата се спроведени во рамки на проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РМ" раководен од Независниот академски синдикат, а финансиран од ФOOM./МИА

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер