Истражување на ЕПИ: Поголемо вклучување на јавноста во дијалогот за промена на изборниот модел

Мнозинство од граѓаните се за една изборна единица на цела територија на државата.

Мнозинство од граѓаните се за една изборна единица на цела територија на државата и сметаат дека треба да има утврден праг на минимален број на гласови, за политичките партии да имаат правична застапеност во Собранието- за овој принцип граѓаните кои биле анкетирани од Институтот за европска политика дале оценка од 7,5.

Истражувањето од јуни годинава покажало дека доколку шесте изборни единици се заменат со една, ќе се намали поларизацијата и политичката култура помеѓу најголемите политички партии. Висока оценка од 8,4 испитаниците дале и за отворените листи, за што сметаат дека самите треба да изберат кој ќе ги претставува во Парламентот.

Главната порака која ја испратиле анкетираните 1000 лица, е дека граѓаните треба да бидат вклучени во дебатата за промена на изборниот модел, и изборните реформи да не се случуваат пред одржување на изборите.

Измените во изборниот законик се тема за која долго се дебатира, но во Собранието се уште расправата не може да почне. Досега се одржа само јавна расправа, а помалите партии кои се предлагачи на измените најавуваат дека повторно ќе ја актуелизираат темата како нивно најголемо залагање. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ претходно се изјаснија дека начелно ќе дадат поддршка во Собрание, но против останува ДУИ.

Се спушти низ најбрзиот тобоган во Европа, забранет за жени и доби 41 милион прегледи (ВИДЕО)

Австралијката Рианан Ифланд е седумкратна светска шампионка во клиф дајвинг, која споделува видеа од нејзините подвизи со своите следбеници на TikTok, а неодамна покажа како се спушти на најбрзиот европски тобоган.

Тобоганот се наоѓа во забавниот парк Area 47 во Австрија, може да достигне брзина и до 80 километри на час, а на него има и натпис дека е забранет за жени, што Австралијката решила да го игнорира.

„Очигледно ова кажува дека жените не треба да одат на овој тобоган“, напишала таа во видеото и додаде: „Сепак решив да одам. Само еднаш, но успеав!“

@rhiannaniffland Went for it anyway. Just once but i did it! 😂 #waterslides #budgysmuggler @Budgy Smuggler ♬ original sound - Rhiannan Iffland

Снимката од девојка која вреска додека се спушта по тобоганот забранет за жени стана вирална и собра дури 41,5 милиони прегледи и 2,4 милиони лајкови, а следбениците во коментарите истакнаа дека објавениот знак укажува на „висок ризик од повреда. "

Инаку, најбрзиот тобоган во Европа беше отворен во 2009 година и првично не беше забранет за жени, но забраната беше поставена по бројните пријавени повреди и консултации со лекарите.

Десетици вработени на аеродромот во Мелбурн се обвинети за поврзаност со шверцери на дрога

Повеќе десетици членови на персоналот на аеродромот во Мелбурн се обвинети дека работеле за организирани криминални групи кои шверцуваат дрога во Австралија.

Истрагата на граничните сили насочена кон соработници на криминалци во синџирите на снабдување на аеродромот откри дека 70 вработени на аеродромот во Мелбурн ги прекршиле безбедносните проверки во изминатите 12 месеци, а некои се осомничени за криминални активности, објави денеска Гардијан.

Граничните сили соопштија дека екипажот на неименувана авиокомпанија бил вклучен во дистрибуција на дрога, додека членовите на екипажот на друга авиокомпанија шверцувале цигари и тутунски производи во куфери со двојно дно, наводно за да избегнат плаќање царина.

Утврдено е дека двајца членови на екипажот на меѓународен лет биле под дејство на нелегални супстанци на должност, што доведе до откажување на најмалку една виза за Австралија.

Началникот на австралиските гранични сили, Кели-Ен Периш, рече дека истрагата користела преносливи рендген машини за скенирање на места за складирање на авиони, места за складирање на аеродроми и места за екипаж.

Периш додаде дека истрагата се уште е во тек и дека на удар се неколку лица во авијацијата со наводни врски со транснационални организирани криминални групи.

Момче се разбудило во шок- во боксерките му влегла кобра,снимена е акцијата за спасување(ВИДЕО)

Млад Тајланѓанец имал непријатно изненадување кога се разбудил во кревет и сфатил дека нешто му навлегло во боксерките.

Испаничен му се јавил на пријател, а потоа сфатил дека „непоканетиот гостин“ е всушност една од најопасните змии на светот – кобра.

Пријателот веднаш повикал експерт за диви животни, а инцидентот е снимен во градот Рајонг, пренесува The Star.

Нер Кваи Таи пристигнал на местото на настанот во придружба на колега и го пронашол младиот човек како лежи на душек поставен на бетон.

Со помош на специјален стап ја фатил опасната отровна змија, додека видеото од спасувачката акција е објавено на Фејсбук на 8 јуни.

За краток период видеото било прегледано повеќе од милион пати, со коментари од бројни корисници.

„Никогаш повеќе нема да спијам“, напишал еден, очигледно преплашен од необичната сцена.

притисни ентер