Истражување на ЦГК и Активо: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти - Канал 5

Истражување на ЦГК и Активо: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти

Истражување на ЦГК и Активо: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти за граѓаните во кризната 2022 година.

Истражување на ЦГК и Активо: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти

За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, Владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари. Откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра. Ова го покажаа истражувањата на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо, во врска со последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво.

- За покривање на дополнителните расходи што ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата и општините вкупно жртвува проекти кои се од важност на граѓаните во вредност од најмалку 220 милиони евра. Владата жртвуваше проекти од најмалку 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. Дополнителни 50 милиони евра капитални проекти требало да се реализираат од локалните власти, говорат клучните наоди од истражувањата на невладините организации.

За да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 отсто од капиталните расходи односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“, како што се исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

Вкупните пријавени финансиски обврски на буџетските субјекти само во 2022 година се зголемиле за нови 186 милиони евра, односно за 30 отсто, со што достигнаа вкупен износ од 800 милиони евра.

- Наспроти кратењето на проекти од важност за граѓаните, локалните власти се однесувале како да не е криза кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои дури пораснаа во 2022 година, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо.

Проектот на невладините организации е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани

Зголемен е бројот на лица кои побарале помош во Гостивар... Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека само во текот на вчерашниот ден имало 127 нови регистрирани случаи

Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани

По една недела откако беше прогласена епидемија во Гостивар повторно расте бројот на заразени и прегледи на дневно ниво, меѓудругото, поради тоа што вирусите освен преку загадената вода се пренесуваат и од човек на човек. Но, во главно бранот стивнува, уверуваат од Институтот за јавно здравје. Епидемиологот д-р Драган Кочински вели состојбата е стабилна, но ризикот сѐ уште постои и затоа вода од чешма во Гостивар не смее да се пие, бидејќи не се исклучува можноста за друга епидемија по оваа, на жолтица, иако засега нема ниту еден потврден случај на т.н. болест на нечисти раце.

Техничката вода може да се користи за лична хигиена, но мора да се внимава да не се проголтува, ова важи за сите, но особена внимателност се препорачува при бањањето на децата. Сега водата во никој случај не смее да се пие ниту пак со неа да се приготвува храна, вели д-р Кочински.

Од почетокот на епидемијата се извршени над 4000 први прегледи, а поднесени се околу 830 формални пријави за заразна болест. Според извештајот од здравство досега се анкетирани околу 560 пациенти, што претставува покриеност од 68 проценти од пријавените случаи. Епидемиолошките анализи покажуваат дека во 99% од заразените заедничкиот именител - користената вода што била загадена со фекалии. Во последното деноноќие се регистрирани и две нови хоспитализации – по една на Инфективното одделение и на Педијатрија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наскоро полицијата ќе прави и брз тест од плунка за дрога кај возачите

По системот Безбеден град, МВР ќе ја зголемува безбедноста на сообраќајот и преку тестирање за дроги... За неколку дена треба да пристигнат нарачаните 10 илјади тестови кои во иднина ќе бидат распределени на полицајците на терен.

Наскоро полицијата ќе прави и брз тест од плунка за дрога кај возачите

Освен со дрегери за присуство на алкохол, полицајците на терен наскоро ќе прават и проверки за дрога со брзи тестови од плунка кај возачите. Набавени се 10 илјади парчиња кои во првата половина од август ќе стигнат до МВР, по што ќе следува мала обука на службениците кои во иднина во сообраќај ќе ги користат овие тестови по проценка. Тие кои ќе управуваат со возило под дејство на дрога и бидат фатени од полицијата, ќе одговараат за кривично дело по член 297а од КЗ - за безобзирно управување со моторно возило.

„Тестирањето ќе се врши на местото каде што е сопрено возилото и ќе се врши контрола на возачот на проценка на полицискиот службеник. Тестовите се карактеризираат со висока прецизност. Вакви видови на тестови ќе се употребуваат прв пат. Тестирање се прави и сега со анализа на крв и урина.“

Адвокатот Јанаки Митровски во изјава за Канал 5 вели дека секој возач треба да е совесен во сообраќај бидејќи под дејство на супстанци се јавуваат проблеми со моториката, вниманието и рефлексите, но оценува дека во пракса ќе се јават дилеми во однос на канабисот. Смета дека нема да се разграничува возење под дејство на псхитропни супстанци и супстанци во организмот кои се задржале подолг период.

„Психотропните супстанци за разлика од алкохолот многу подолго се задржуваат во организмот. Конкретно канабисот може и до 30 дена да се задржи. Од повеќе фактори тоа зависи- телесна тежина на управувачот, фрекфенција на конзумација, течности и храна.. Ова во пракса ќе создаде сериозни проблеми. Ова не е кафеанска логика, морам да реагирам на лаичката јавност, не е ова „сакаме да возиме под дејство на психотропни супстанци“ – секој совесен треба да знае дека тоа е за секаква осуда.“

Договорот за набавка Министерството за внатрешни работи го склучи со фирмата Визиомед Скопје, за вкупна сума од околу 5 милиони денари, или 80 илјади евра. Еден тест чини 218 денари, а во спецификациите пишува дека се зема за помалку од една минута, и резултатите се видливи за три до 10 минути. Ќе се детектираат повеќе видови на дроги, како ТХЦ, кокаин, амфетамин, метамфетамин, хероин, екстази и други психотропни супстанци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорскиот суд ѝ одреди 30 дена притвор на Македонката која прегази куче во Улцињ

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на северномакедонската државјанка Сашка С. (46).

Црногорскиот суд ѝ одреди 30 дена притвор на Македонката која прегази куче во Улцињ

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на македонската државјанка Сашка С. (46) поради основано сомнение дека сторила кривично дело - убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“.

Основното државно обвинителство (ОДТ) претходно ѝ одреди мерка притвор до 72 часа.

„ОДТ Улцињ ѝ одреди мерка притвор на државјанката на Македонија, С. С., до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, со прегазување и убивање на кучето на неговиот сопственик, раса „шарпланинац“, со патничко возило „Мерцедес“ во близина на булеварот Теута. Ве информираме и дека со одлуката на истражниот судија на Основниот суд во Улцињ на осомничената ѝ е одредена мерка притвор од 30 дена“, се вели во соопштението од ОДТ Улцињ, потпишано од портпаролот Милош Миљаниќ.

Македонската државјанка беше уапсена во петок, 24 јули, попладне, додека се обидуваше да избега од Црна Гора, откако претходно намерно прегази куче со својот автомобил, како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи и во медиумите.

Управата на полицијата вечерта објави дека полицијата во Улцињ, преземајќи координирани мерки и дејствија, брзо ја идентификувала, лоцирала и, по наредба на државниот обвинител при Одделот за безбедност на Улцињ, ја уапсила С. С. (46), државјанка на Македонија, која со возило прегазила куче во Улцињ и го убила.

„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, се вели во соопштението.

Дежурната служба на Одделот за безбедност на Улцињ била известена од сопственикот на убиеното куче околу 15:15 часот во петок дека претходно непознато лице, управувајќи бел Мерцедес со скопски регистарски таблички, намерно го прегазило и убило кучето на улица.

„Полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот. Со преземање оперативни мерки и дејствија, дојдоа до идентитетот на лицето кое го управувало возилото. Веднаш беше започната потрага по лицето, а околу 16:40 часот беше пронајдена и запрена на заедничкиот граничен премин „Сукобин - Муриќани“, во обид да ја напушти нашата земја. Потоа С. С. беше донесена во полициските простории, каде што беше спроведена кривична истрага. За горенаведеното беше известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, кој изјави дека инцидентот содржи суштински елементи на кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште и нареди С. С. да биде лишена од слобода“, соопшти полицијата тогаш. На местото на настанот е спроведена истрага. Според „Вијести“, државјанка на Македонија убила шарпланинец откако го каснала нејзиното куче во Улцињско Поле. Веднаш потоа, таа го блокирала тесниот пат помеѓу два блока згради, плачејќи и барајќи помош за своето милениче.“ Несвесна за претходниот брутален чин, на помош ѝ притрчала работничка од блискиот хотел, В. Б., која го зела ранетото куче во раце и го однела со себе до првата ветеринарна установа.

Меѓутоа, поради сериозноста на повредите и колапсот во сообраќајот, кучето не стигнало до ветеринарната клиника.

„Ќе го направев истото повторно, само да знаев, ќе се обидев да му помогнам на другото несреќно куче. Но, за жал, се чини дека немало начин ниту тој да се спаси. Па, поради нечија невнимателност и неразбирлив став кон животните, умреа две невини кучиња“, изјавила видливо потресена и во солзи В. Б. за „Вијести“ малку подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер