ТехнологијаИстражување: На „Ап стор“ забележани стотици апликации, несоодветни, но достапни за децаИстражувањето ги зеде предвид апликациите означени како погодни за лицата со возраст 4+, 9+ и 12+ години, коишто се сметани за ризични. Нов извештај на американските групи за заштита и безбедност на децата, „Хит инишатив“ (Heat Initiative) и „Перентс тугедер екшн“ (ParentsTogether Action), посочува алармантно присуство на несоодветни апликации означени како погодни за деца на „Епл ап стор“ (Apple App Storе). Групите работеле на проучувањето на повеќе стотици апликации во временска рамка од 24 часа и така идентификувале повеќе од 200 апликации коишто имале содржина или одлики несоодветни за деца. Меѓу нив има апликации за разговор со непознати, женски чет-ботови, игри со сексуални и насилни прикази, како и програми за оценување на изгледот со вештачка интелигенција. Истражувањето ги зеде предвид апликациите означени како погодни за лицата со возраст 4+, 9+ и 12+ години, коишто се сметани за ризични. Тие вклучуваат апликации за чет (вклучувајќи и чет-ботови), за убавина, исхрана и слабеење, игри, непречен пристап до интернет (на пр. за содржини забранети од конкретно училиште) итн. Најмалку 24 игри поврзани со секс и девет апликации за разговор со непознати биле првично означени како соодветни за споменатите возрасни групи. Од околу 800 програми, испитувачите забележале 40 апликации за нефилтриран пристап до интернет, 75 со совети за убавина и слабеење, како и 28 игри со пукање и криминал. Вкупно, околу 200 несоодветни апликации се откриени во одбраните 24 часа, а биле преземени повеќе од 550 милиони пати. Според истражувањето, некои категории имаат поголема веројатност да содржат несоодветни апликации со ниска старосна оценка. Што се однесува до програмите и игрите за разговор, тие се помалку оценети како погодни за деца. Во повеќето случаи, тие се оценети како погодни за корисници со возраст 17+ години. Сепак, во категориите „Слабеење“ и „Нефилтриран пристап до интернет“, речиси сите анализирани апликации се одобрени за деца со 4+ години. Извештајот го повикува „Епл“ да преземе повеќе и посериозни мерки за заштита и безбедност на децата. Компанијата е охрабрена да користи и проверки од трети страни за да ја потврди старосната оценка на апликациите пред тие да станат достапни за преземање. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16