Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
2Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
3Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
БалканИстражување на агенцијата „Тренд“: ГЕРБ и ПП-ДБ со најголема поддршкаПет партии во бугарскиот Парламент, ГЕРБ и ПП-ДБ со најголема поддршка.Пет партии со сигурно учество во следното Народно собрание. Победникот останува нејасен. Три партии остануваат под парламентарната бариера, но со поддршка над три отсто. Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување на агенцијата „Тренд“, нарачано од весникот „24 Часа“. Истражувањето беше спроведено меѓу 6 и 12 март 2023 година, преку директно полустандардизирано интервју „лице в лице“ со таблет меѓу 1.005 лица на возраст од над 18 години. Во првата недела од предизборната кампања, паритетот меѓу првите две формации се почитува. Коалицијата „Продолжуваме на промените-Демократска Бугарија“ (26,5 отсто) има водство од 0,9 отсто пред главниот противник ГЕРБ-СДС (25,6 отсто). ДПС ја зазеде третата позиција со 13,6 отсто од гласачите, а по неа е „Преродба“ со 12,9 отсто од гласачите. БСП изгуби дел од поддршката и остана со 7,5 отсто. Причината за изборната ерозија во социјалистичката партија е влегувањето во нејзиниот терен на нов играч во лицето на „Левица“. Новата лева коалиција има 3,5 отсто од гласачите. За „Бугарски подем“ на претстојните избори ќе гласаат 3,6 отсто, а за „Има таков народ“ 3,1 отсто. Од испитаниците 5,1 отсто се изјасниле дека „не поддржуваат никого“. Резултатот од оваа опција е прераспределен меѓу сите партии, бидејќи тој не учествува во конечниот изборен резултат на парламентарните избори. Од сите испитаници 47 отсто се изјасниле дека своето право на глас ќе го остварат на 2 април. Очекуваната излезност, според податоците од истражувањето, ќе биде меѓу 2,5 и 2,7 милиони граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лицаВо преполн ноќен клуб во Босна и Херцеговина бил фрлен солзавец, по што настанал стампедо, при што се повредени 38 лица.Синоќа, во ноќниот клуб „ВИП“ (VIP) во Јелах, близу Тешањ, Босна и Херцеговина, е употребен солзавец, што предизвика паника и стампедо, при што се повредени 38 лица. Инцидентот се случил околу полноќ. Гостите, обземени од паника, се обидоа да избегаат од просторот исполнет со чад, а многумина подоцна побараа лекарска помош, пренесува информативниот портал Crna-hronika.info. Присутните во клубот пријавиле силно кашлање, чувство на гушење, отежнато дишење и силно печење во очите, носот и грлото. Некои почувствувале вртоглавица и дезориентација, а според неофицијални информации, неколку лица накратко изгубиле свест поради вдишување на гасот. Девојка сведок на инциденот раскажа дека настанот се случил околу 00:30 часот, додека клубот бил преполн. Таа опиша сцени во кои луѓето се газеле едни преку други во обид да избегаат. „Имаше толку многу луѓе. Сè се случи околу 00:30 часот. Луѓето се гушеа; беше застрашувачки. Високите маси се превртуваа врз младите мажи и жени“, изјави сведочката. Таа напомена дека, покрај тешкотиите со дишењето, гостите се здобиле и со сериозни физички повреди. Според неа, неколку лица претрпеле скршеници на рацете или нозете, а дел од повредените биле итно пренесени во Зеница на понатамошен медицински третман. „Неколку лица се сериозно повредени. Многумина имаат скршени екстремитети. Голем број беа испратени во Зеница. Луѓето буквално не можеа да дишат“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih) Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала истрага за да ги утврди сите околности. Лејла Екиновиќ, портпаролка на Полициската управа при Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, потврди дека полициски службеници веднаш биле упатени на локацијата, каде што започнале со евакуација на објектот и укажување помош. „На 18 октомври 2026 година, во 00:10 часот, дежурната служба во Полициската станица Тешањ добила телефонска пријава дека непознато лице фрлило супстанца – за која постои сомневање дека е солзавец – во објектот „ВИП“ во Росуље, Тешањ, во момент кога таму имало голем број луѓе“, изјави Екиновиќ, пренесува „Телеграф“. Се појавија и информации дека низ прозорецот од тоалетот бил фрлен солзавец, наводно во близина на местото каде што се наоѓал сопственикот на клубот. Поради ова, се шпекулира дека нападот бил насочен директно кон него, но овие тврдења сè уште не се официјално потврдени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСо изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook