Истражување: Мозокот веројатно може да задржи свест и часови по смртта - Канал 5

Истражување: Мозокот веројатно може да задржи свест и часови по смртта

Мозокот може да задржи одредено ниво на свест и часови откако лекарите ќе го прогласат пациентот за мртов, според податоците претставени на научна конференција во американската држава Аризона, објави денеска „Тајмс“ (The Times).

Истражување: Мозокот веројатно може да задржи свест и часови по смртта

По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, дипломираната студентка на Државниот универзитет во Аризона, Ана Фаулер повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, велејќи дека лекарите треба да продолжат да се обидуваат да ги реанимираат пациентите подолго време. Таа, исто така, забележа дека болниците треба „да ги повторат своите напори за реанимација“ и точката во којашто почнуваат да ги отстрануваат органите за донација.

Смртта е дефинирана како неповратно прекинување на циркулацијата и функцијата на мозокот, но точниот миг во којшто тоа се случува, според новите наоди можеби е потешко да се утврди отколку што се мислеше досега. Фаулер смета дека преминувањето меѓу животот и смртта можеби не е ненадејно исклучување на свеста, туку „постепен процес“ што науката може сè повеќе „не само да го одложи, туку и директно да го предизвика“, вели младиот научник. На состанокот на Американското здружение за унапредување на науката во Феникс, таа истакна дека има нови докази дека биолошките и невронските функции не престануваат нагло.

- Наместо тоа, тие се намалуваат во текот на минути до часови, што укажува дека смртта е процес, а не ненадеен настан. Истражувањата за срцев удар покажуваат дека до 20 отсто од преживеаните се сеќаваат на свесни искуства во времето на отсуство на кортикалната активност, а некои пријавуваат проверливи перцепции, рече Фаулер.

Таа разгледува 10-ци студии и академски публикации, вклучувајќи ги и оние за „невроелектрична активност на прагот на смртта“. Така, научен труд од 2019 година открива дека „мозокот е способен да испраќа електрични сигнали многу минути по смртта, или дури и часови ако се зачувани“, се цитира.

Сем Парнија, директор на истражувањето за интензивна нега и реанимација на Универзитетот во Њујорк, додаде дека многу луѓе кои умираат во болница, веројатно, ќе го чујат лекарот како го кажува „времето на смртта“, бидејќи остануваат свесни подолго од очекуваното. И труд од 2023., објавен во списанието „Ресаситејшн“ (Resuscitation) наведува дека свеста, будноста и умствените процеси можат да продолжат за време на срцев удар и до еден час додека се изведува реанимација.

- Смртта треба да се гледа како нешто што има различни фази. Имате, на пр., рак во трет стадиум, рак во втор стадиум... Така, постојат и фази на смртта, истакна Фаулер.

Според нејзиното излагање на конференцијата, потребни се натамошни истражувања и за проценка на најдоброто време за почнување со собирање органи од донатори по нивната смрт.

- Разбирањето на биолошкиот тајминг на смртта може да помогне во осигурувањето дека овие одлуки се донесуваат со научна точност и етичка јасност. Истражувањата покажаа дека мозокот не се исклучува веднаш кога срцето ќе престане да чука. Кратки налети на организирана мозочна активност, честопати наречени свест, може да се јават по срцев удар, а некои пациенти кои се реанимирани пријавуваат свесни искуства во текот на овој период, појасни Фаулер.

Тоа се луѓето за кои се вели дека имале искуства близу смртта или сеќавања на искуства со смртта, според нејзиниот заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Денеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“.

Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас.

Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари.

На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУ

Канадскиот премиер Марк Карни сака поблиски врски со Европската Унија и ја разгледува можноста неговата земја да стане „придружна членка“ на блокот, објави денес американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Се појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУ

ЕУ, која во минатото не покажа флексибилност кога станува збор за правилата за членство, е отворена за идејата за доделување статус на придружна членка на Канада, кој сè уште не е дефиниран, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ и Канада.

Канадската амбасада во Брисел и портпаролите на Европската комисија не одговорија на конкретните барања за коментар, објави „Ројтерс“.

Ескалацијата на трговската војна на Канада со САД го забрза стратешкиот пресврт на земјата кон други трговски партнери.

Односите меѓу Канада и Вашингтон нагло се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради несогласувања околу трговијата и други прашања, потсетува агенцијата.

Трговскиот спор доведе до воведување царини на десетици милијарди долари во прекугранична трговија.

Канада и ЕУ разгледуваат начини да овозможат слободно движење на канадски стоки, услуги и работници ангажирани во стратешки синџири на снабдување, како што се енергетиката, вештачката интелигенција, одбраната и критичните минерали, што, всушност, би ја поместило границата на ЕУ, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот додаде дека двете страни разговараат и за поставување подводни кабли, заедничка изградба на центри за податоци, капацитет за складирање во облак, како и нови сателитски мрежи и инфраструктура за транспорт на канадски енергетски производи во ЕУ.

Карни постојано разговарал со неколку лидери на ЕУ, а особено со францускиот претседател Емануел Макрон, за можноста да им се дозволи на Канаѓаните да живеат и работат во ЕУ без визи, објави весникот, повикувајќи се на двајца неименувани функционери запознаени со ситуацијата. Двајцата лидери треба да се сретнат подоцна овој месец.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер