Истражување: Луѓето може да заразат мачки со коронавирус - Канал 5

Истражување: Луѓето може да заразат мачки со коронавирус

Во Британија биле откриени два случаи на пренесување на коронавирус од човек на мачка.

Истражување: Луѓето може да заразат мачки со коронавирус

Истражувачите од Универзитетот во Глазгов тврдат дека и двете мачки, од различна раса и од различни домаќинства, почнале да се чувствуваат лошо откако нивните сопственици се заразиле со коронавирус .

Студијата, чии резултати се објавени во списанието „ Veterinary Record“, по програмата за тестирање на популацијата на мачки, сугерира дека нема докази дека имало обратен пренос, од мачки или кучиња на луѓе.

Се додава дека домашните животни не играат значајна улога во епидемиологијата на човечките инфекции.

Но, научниците истакнуваат дека тие потенцијално можат да бидат еден вид „резервоар за вируси“ и затоа е важно да се продолжи со истражување дали миленичињата можат да бидат фактор на ширење на инфекцијата врз луѓето.

„Пренесувањето на вирусот од животни на луѓе во моментов претставува релативно низок ризик за јавното здравје“, рече водечката авторка на студијата Маргарет Хози, професор по компаративна вирусологија на Универзитетот во Глазгов.

„Но, со намалувањето на бројот на случаи на инфекција меѓу луѓето, можноста за пренесување кај животните ќе стане поважна како потенцијален извор на враќање на вирусот меѓу луѓето“, објасни таа. „Затоа е од клучно значење да го подобриме нашето разбирање за тоа дали изложените животни можат да играат каква било улога во пренесувањето“, истакнала таа.

Инфекцијата најпрво е откриена кај четиримесечно маче „Рагдол“, кое развило респираторни симптоми откако неговите сопственици се заразиле со коронавирус. Ветеринарите не биле во можност да го спасат, а обдукцијата покажала дека станува збор за вирусна пневмонија и докажана инфекција со коронавирус.

Друг пример се однесувал на шестгодишна сијамска мачка, на која инфекцијата и ја пренеле и сопствениците. Нејзините симптоми биле поблаги и успешно се опоравила.

Научниците веруваат дека реалниот број на преноси на коронавирус од човек на животно е всушност многу поголем бидејќи не е спроведено доволно тестирање.

Не е познато дали мачките заразени со коронавирус можат да го пренесат вирусот на други животни. Од почетокот на пандемијата, има извештаи за заразени мачки во Хонг Конг, Белгија, САД, Франција и Шпанија. Се претпоставува дека во сите случаи, мачките биле заразени од нивните сопственици.

„Ова е висококвалитетна студија бидејќи вклучува секвенционирање на геном, чија цел е да се потврди начинот на пренесување на вирусот“, коментира професорот Џејмс Вуд, раководител на ветеринарниот оддел на Кембриџ, кој не учествувал во студијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) ужива на одморот на Бали, а на Инстаграм сподели нови фотографии во бикини. 

Алесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше во оскуден костим за капење од брендот Fae, познат по моделите кои откриваат многу кожа, пишува Ало! .

Таа избра бикини Lumi & Jones Savanna со зебра шема и светло портокалови рабови. Фотографиите ги навела: „Улувату, со сол уште во мојата коса“.

Таа на фотографиите позира речиси без шминка, со пуштена коса, а портокалово саронг искомбинирала со бикини.

Се огласи и Викторија Сикрет

Нејзината објава го привлече вниманието на бројните следбеници, а меѓу коментарите се најде и еден од официјалниот профил на Викторија Сикрет. Нашето девојче“, напишаа тие. Одговорија и навивачите. „Блескаш“, ѝ рекол еден следбеник, додека друг искоментирал: „Мојот ангел“.

Амбросио престојува на Бали со нејзиниот вереник Бак Палмер, дизајнер на машки накит.

Според објавите на социјалните мрежи, изгледа дека на одмор им се придружиле и нејзините деца Ања и Ноа кои ги има со поранешниот партнер, претприемачот Џејми Мазура.

Тие се вратија на местото каде што ја запроси

Манекенката и нејзиниот вереник се вратија на Бали, каде Палмер ја запроси на 11 август оваа година. Тие потоа ја споделија радосната вест на Инстаграм со серија фотографии направени покрај океанот. Во едното, Алесандра позира во плетено бело и кафено бикини, додека Бак носи црни гаќички за капење.

На друга фотографија тие ги покажаа малите тетоважи со срце што и двајцата ги имаат на зглобовите. „Би те избрал во овој и во секој друг живот. Засекогаш, љубов моја“, напиша Амбросио покрај објавата со која ја потврди свршувачката.

По ангажманот во август, манекенката им се врати на деловните обврски. Таа во Лос Анџелес учествуваше на овогодинешното шоу на Викторија Сикрет, а сега повторно ужива на Бали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата.

Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист.

Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети.

Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос.

Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот.

Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)

Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. 

Претставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)

Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили.

Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч.

Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок.

Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD.

Подготовки за рекордот и уништениот прототип

Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност.

YouTube video

Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада.

Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур.

Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина.

BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер