Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ЗдравјеИстражување:Лицата кои биле асимптоматски, побргу ги губат антителата Нивото на антитела кај пациентите кои го преживеале ковид-19 кај британската популација брзо опаднало во текот на летото, според британско истражување.Ова се резултатите од студијата спроведена од научниците од лондонскиот Империјал колеџ, за следење на нивото на антителата меѓу Британците по првиот бран на инфекции со ковид-19 во март и април. Од 20 јуни до 28 септември, Империјал колеџ, во соработка со Ипсос Мори, надгледувал 350 000 случајно избрани жители на Англија, кои редовно се тестирале дома за да утврдат дали имаат антитела кон ковид-19. Резултатите покажале дека антителата исчезнале побрзо кај лица кои немале никакви симптоми на болеста, отколку кај пациенти кај кои болеста се манифестирала со послаби или со посилни симптоми. „Во тој период, преваленцата на антителата кај оние кои беа позитивни на ковид-19 се намали од 6 проценти на крајот на јуни на 4,4 проценти во септември, што укажува на пад на колективниот имунитет пред почетокот на вториот бран на инфекцијата, што резултира со локални блокади и ограничувања во Велика Британија.“, се вели во соопштението. Студијата исто така покажа дека, иако исчезнувањето на антителата е забележано кај сите возрасни групи, ситуацијата е полоша кај постарите лица. Помеѓу јуни и септември, процентот на луѓе постари од 75 години со антитела опаднал за 39 проценти, а кај младите на возраст од 18 до 24 години за 14,9 проценти. „Со оглед на она што го знаеме за другите коронавируси, овие податоци сугерираат дека со исчезнувањето на антителата, имунитетот исто така се намалува, што резултира со пад на општиот имунитет на ниво на популацијата“, изјави Венди Баркли, шеф на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон. Кај луѓето чијашто инфекција со коронавирус е потврдена со ПЦР, забележан е помал изразен пад на антитела во споредба со пациентите кои биле асимптоматски и не знаеле дека се заразени. Не се забележани промени во нивото на антитела кај здравствените работници, веројатно како резултат на повеќекратното изложување на вирусот. Резултатите од студијата на научниците од Империјал колеџ сè уште не поминале стручен преглед. Баркли истакнува дека забележаното брзо намалување на антителата не мора да влијае на ефикасноста на кандидатите за вакцини кои во моментот се во фаза на клинички испитувања. „Квалитетната вакцина може да биде и подобра од природно стекнатиот имунитет“, рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликтиПолициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби.Денеска (11.08.2026) полициски службеници од ПС БПС Велес, спроведоа сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот. И Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Куманово и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај во Скопје, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Кочани, со акцент на потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од СВР Скопје, ОВР Делчево и ОВР Берово во Скопје, Берово и Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лицеПо документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него. По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.Тагови: револвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКонцертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит ФестКонцертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас - баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство. Публиката ќе има можност да слушне дела на Рубинштајн, Чајковски, Даргомижски, Штолц, Штраус, Шуберт, Тости и Ибер, меѓу кои и култната „Ideale“ од Тости, по која концертот го добива своето име. Особено место во програмата зазема и циклусот „Шансоните на Дон Кихот“ од Ибер, како и интерпретациите на македонските народни песни „Кога падна на Пирина“ и „Сношти минав покрај вази“, во обработка на Горан Начевски и Дарија Андовска. Иван Наумовски е еден од најафирмираните македонски вокални уметници од својата генерација. Бас-баритонот, кој е доцент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своето образование го надградува на престижните универзитети за музика и изведувачки уметности во Грац и Виена. Неговата професионална кариера опфаќа настапи на значајни оперски и концертни сцени во Европа и САД, како и учества на реномирани фестивали. Оперското деби го остварува во Опера Грац, а настапувал и во Македонската опера и балет, со репертоар кој вклучува повеќе значајни улоги. Особено важен момент во неговата кариера е дебито во 2025 година во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните концертни сали во светот. Партнер на сцената ќе му биде Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на Катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Таа е препознатлива по префинетиот звук, елегантниот музички израз и богатото концертно искуство. Како солист и камерен музичар настапувала во повеќе европски земји, како и во САД, а соработувала со бројни истакнати домашни и странски уметници. Со својата богата програма, концертот „IDEALE“ ветува музичка вечер во која виртуозноста, емоцијата и раскошот на вокалната интерпретација ќе се сретнат со суптилноста и моќта на пијаното. БИТ ФЕСТ – 15 август, 20:00 часот, Офицерски дом – Битола. Вечер посветена на музиката, големите автори и врвните македонски уметници.Тагови: Бит Фест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook