Истражување: Лица кои прележале корона, и по една година немаат чувство на мирис и вкус - Канал 5

Истражување: Лица кои прележале корона, и по една година немаат чувство на мирис и вкус

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, „сè имаше вкус на картон“, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила чувството за вкус и мирис на почетокот на пандемијата.

Истражување: Лица кои прележале корона, и по една година немаат чувство на мирис и вкус

Една година подоцна, таа стравува дека никогаш нема да и се вратат.

Таа разговарала со оториноларинголози и невролози, испробала многу спрејови за нос и е дел од групата пациенти кои експериментално се лекуваат со рибино масло.

За да ги стимулира своите сетила, таа става огромни количини зачини во скоро целата храна што ја подготвува, пие чај со ароматични билки и редовно го „душка“ ѓерданот натопен во есенцијални масла, но досега сето тоа е залудно.

Медина, советник за кариера во училиште во Њујорк, вели дека изгубила многу секојдневни задоволства, вклучувајќи јадење и готвење. Таа додава дека со месеци плаче секој ден.

Таа е една од ретките луѓе со долготрајна анозмија, нарушување што е последица од пандемијата.

Повеќето од оние кои го изгубиле чувството за вкус и мирис во пандемија се опоравуваат „во рок од три до четири недели“, вели Валентина Парма, психолог од Универзитетот Темпл во Филаделфија.

Но, 10 до 15 проценти од нив страдаат со месеци, додаде Парма, научник на чело на група експерти кои го проучуваат проблемот.

Губењето на чувствата во пандемијата погодило околу десет милиони луѓе ширум светот. Вкусот и мирисот честопати се сметаат за помалку важни од видот и слухот, а нивната загуба се смета како помалку сериозна од другите последици на ковид-19.

Парма не се согласува со ова, бидејќи губењето на вкусот и мирисот може да доведе до вознемиреност, па дури и депресија.

Како и другите „аносмици“, Медина утеха и солидарност нашла во групата за поддршка организирана од болница во близина на нејзиниот дом.

Има многу такви групи на социјалните мрежи. Една од нив е британската група AbScent, која била основана пред пандемијата, но за време на нејзиното траење бројот на членови скокнал од 1.500 на повеќе од 45.000, изјави основачот Криси Кели, која и самата го изгубила сетилото за мирис по тешката инфекција на синусите во 2012 година

Најчестото прашање што го поставуваат корисниците е истото што ја прогонува Медина: „Дали сетилата некогаш ќе се вратат?“ Парма вели дека е тешко да се предвиди.

Еден од добрите показатели дека аносмиката е на добар пат за закрепнување, е развојот на парозмија, искривено чувство за мирис. На пример, кога кафето ви мириса на ѓубре, тоа е знак дека рецепторите за мирис почнуваат да се опоравуваат.

Нема лек за аносмија, а единствената терапевтска препорака е двапати дневно да шмркаат четири различни мириси. Ова дава резултати во 30 проценти од случаите, вели Парма, но само по три до шест месеци редовно вежбање.

Соочени со неизвесност, многу пациенти се потпираат на пораките за обновување на другите луѓе кои редовно се појавуваат на социјалните мрежи.

„Помина точно една година откако ги изгубив мирисот и вкусот и сега сум прилично добро“, напиша Доминика Ухракова, која живее во Саутемптон, Англија, на веб-страницата АбСцент.

„Држете се, не губете ја надежта и ви посакувам се најдобро“, додаде 26-годишната девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер