Истражување: Колкава е смртноста од ковид кај невакцинираните во однос на вакцинираните? - Канал 5

Истражување: Колкава е смртноста од ковид кај невакцинираните во однос на вакцинираните?

Веројатноста невакцинираните луѓе да умрат од последиците на Ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето вакцинирани со две дози, покажале резултатите од новата британска студија.

Истражување: Колкава е смртноста од ковид кај невакцинираните во однос на вакцинираните?

„Стапката на смртност од ковид е значително помала кај оние кои се вакцинирани со двете дози во споредба со оние кои се вакцинирани со единечна доза или воопшто не се вакцинирани“, соопштило Британското национално биро за статистика (ONS).

Стапките на смртност приспособени според возраста, кои ги земаат предвид разликите во возраста и бројот на членовите на возрасните групи, биле користени во студијата и анализата на ONS за да се добие валидна споредба на различни вакцинирани и невакцинирани групи.

Резултатите покажале дека во периодот од 2 јануари до 21 септември годинава стапката на смртност кај невакцинираните била 849,7 на 100.000 жители, јавуваат англиските медиуми.

Меѓу вакцинираните со двете дози, стапката била само 26,2 на 100.000 луѓе, а за оние кои биле вакцинирани со една доза, стапката била 105,3, се додава.

„Ова се убедливо најдобрите достапни податоци за ефикасноста на вакцините и спречување на најтешките исходи од Ковид“, изјавил д-р. Питер Инглиш, поранешен советник на националното тело за контрола на заразни болести.

Тој додаде дека вакцините не се 100% ефективни, па некои ќе се заразат или ќе умрат иако се вакцинирани.

„Но, важна порака од ова истражување е дека вакцината е многу ефикасна против смртта од ковид -19. Имате 32 пати помали шанси да умрете од ефектите на Ковид ако сте вакцинирани, а една доза ви дава одредено ниво на заштита, иако не како двајца“, истакнал тој, објави Медикал Њуз Тудеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.

Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани.

-Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче.

Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието.

СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции.

Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори

Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања

-Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме., рече Филипче.

Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, додаде Филипче.

Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога.

-Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење.

Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието.

-Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Потврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство.

Потврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“, се вели во соопштението од министерството.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е центарот за јавно здравје-скопје да спроведе дополнителна терестична адултицидна дезинсекција во населбата драчево... Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.

Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години

Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени?

Почитувани медиуми, еве неколку примери:

2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните.

Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил.

Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење.

И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт.

Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Почитувани граѓани,

Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност.

Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција.

Линк од видео материјал:

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер