Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките - Канал 5

Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките

Истражување од поголем обем на меѓународно ниво, за различни видови рак кај мачките, се чини, открива генетски промени коишто би можеле да помогнат во лекувањето на болеста и кај животните и кај луѓето.  

Истражување: Клучот за лекување на ракот може да лежи кај мачките

Научниот труд е објавени во списанието „Сајенс“ (Science / Наука), а испитувањата ги спроведоа британски и канадски научници.

Истражувачите се од Универзитетот Гуелф во Онтарио, Канада, и Институтот Велком Сангер - водечки глобален непрофитен центар за геномски истражувања со седиште во близина на Кембриџ, Велика Британија. Основан во 1992 година, Институтот користи геномски секвенци за да го продлабочи знаењето за биологијата и за подобрување на здравјето на луѓето. Новата студија е првата што генетски го профилира ракот кај мачките во толку голем обем. Со анализа на различни видови тумори од речиси 500 домашни мачки во пет земји, научниците откриле дека механизмите што водат до развој на рак се слични на оние кај луѓето. Taкa, пронајдени се сличности меѓу ракот на дојка кај мачките и ракот кај луѓето.

- Нашите миленици ја делат истата средина со нас, што значи дека се изложени на истите фактори на опасност на животната средина. Ова би можело да ни помогне подобро да разбереме зошто мачките и луѓето развиваат рак, како околината влијае на ризикот и потенцијално да најдеме нови начини за спречување и лекување, вели професорот Џефри Вуд од Универзитетот Гуелф.

Речиси една четвртина од домаќинствата во Велика Британија поседуваат барем една мачка. Со над 10 милиони мачки кои живеат на Островот, тие се исто толку популарни како и кучињата како домашни миленици.

- Со споредување на геномиката на ракот кај различните видови, сега подобро ги разбираме и причините за болеста. А, едно од нашите клучни откритија е тоа дека генетските промени кај ракот кај мачките се слични на некои од оние кај луѓето и кучињата. Споделувањето знаење и податоци низ дисциплините би можело да им користи и на ветеринарната и на хуманата медицина, вели Бејли Франсис, соавтор од Велком Сангер.

Ракот е најчеста причина за болест и смрт кај мачките, но за начините со коишто се развива сè уште не се знае многу. Испитувањето опфати 13 различни видови рак кај мачките, овозможувајќи споредба на генетските промени со оние што се гледаат кај луѓето и кучињата. Така, утврдено е дека кај некои видови рак, генетските промени што доведуваат до болеста кај мачките се слични на оние кај луѓето.

Карциномот на дојка е чест и агресивен вид на рак кај мачките. Идентификувани се седум гени што мутираат и така придонесуваат за развојот на болеста. Најчесто засегнатиот ген е „Еф-би-екс-даблју-7“ (FBXW7), со мутации пронајдени во над 50 отсто од проучените тумори. Кај луѓето, мутациите во овој ген кај ракот на дојка се поврзани со полоша прогноза, слично на она што е забележано кај мачките.

Д-р Луиз ван дер Вајден од Институтот Велком Сангер, рече дека ова е прилично значаен напредок во онкологијата, во областа за мачките.

- Генетиката на туморите кај домашните мачки веќе не е „црна кутија“. Сега може да ги преземеме следните чекори кон прецизна онкологија кај мачките и постепено да го достигнеме нивото на дијагностички и терапевтски можности коишто веќе постојат кај кучињата и во човековата медицина, додаде истражувачката.

Студијата, исто така, покажува дека одредени хемотерапевтски лекови се поефикасни кај тумори на дојка кај мачки со мутации во посочениот ген. Научниците истакнуваат дека се потребни и натамошни истражувања, но резултатите ги истакнуваат потенцијалните терапевтски опции и за мачки, и за човечки пациенти со рак на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер