Истражување: Како да се препознае создавањето на згрутчување на крвта по вакцинацијата? - Канал 5

Истражување: Како да се препознае создавањето на згрутчување на крвта по вакцинацијата?

Се поголем број земји избираат да ја ограничат употребата на вакцината AstraZeneca на оние над 55 или 60 години откако регулаторите забележале поврзаност помеѓу вакцината и ретките случаи на згрутчување на крвта кај помлади луѓе.

Истражување: Како да се препознае создавањето на згрутчување на крвта по вакцинацијата?

На пример, оваа одлука ја донесоа вчера Шпанија, Холандија и Португалија.

Многумина, дури и оние постари од 60 години кај кои не се пријавени тромбови (тромбоза) или тромбоцитопенија, се плашат од овие несакани ефекти.

Разбирлива е недовербата кога ќе се земе предвид фактот дека луѓето сметаат дека ако почекаат малку, би можеле даја добијат втората вакцина која сè уште не е поврзана со такви опасни несакани ефекти.

Но, кои точно се овие ретки случаи на згрутчување на крвта? Тромбозата е болест на васкуларниот систем при која се појавуваат тромбови, што потоа патуваат по крвта низ телото. Ова го отежнува лоцирањето и резултатот може да биде фатален ако достигне до мозокот или срцето. Тромбоцитопенијата е недостаток на тромбоцити кои се вклучени во згрутчувањето.

По вакцинирањето со AstraZeneca, формирањето на тромб и / или тромбоцитопенија се пријавени во ретки случаи.

За оние што ќе се вакцинираат со AstraZenecа, докторите излегоа со препораки како да се препознае формирањето на згрутчување на крвта во телото.

Секако, првенствено треба да се консултира секој со матичен лекар кој може подетално да ги објасни симптомите на тромбоза, да ги поврзе можните несакани ефекти од вакцинацијата со другите болести (доколку постојат) и да ги следи пациентите во текот на првите две недели по приемот на дозата .

Згрутчување на крвта се формира кога крвта се згуснува и формира полуцврста маса. Ова може да биде корисно при запирање на крварењето во случај на повреда, но овие маси можат да создадат проблеми доколку го запрат протокот на крвта во витално подрачје.

Згрутчувањето на крвта може да предизвика блокада на васкуларниот систем на нозете, абдоминалната празнина, мозокот и белите дробови. Повеќето од згрутчувањата на крвта поврзано со вакцината АстраЗенека се појавиле во крвните садови во мозокот. Овие тромбови, познати како тромбоза на церебрален венски синус (CVST), може да доведат до мозочен удар, напади и смрт, пишува Бизнис Инсајдер.

Досега, повеќето пријавени тромбови се појавени кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето. Европската агенција за лекови (ЕМА) изјави дека оние кои примиле AstraZeneca и кои ги имаат следниве симптоми треба веднаш да контактираат со својот лекар.

- тешко дишење

- болка во градите

- оток (или повеќе) на нозете

- постојана болка во стомакот

- невролошки симптоми, вклучувајќи силни и постојани главоболки или заматен вид

Британската национална здравствена служба (NHS) вели дека треба веднаш да се обратите на лекар ако се сомневате во згрутчување на крвта ако имате мачна или силна болка, оток, црвенило и топлина на ногата или раката и остра болка во градите (што може да биде полошо при вдишување ), силна кашлица или ако кашлате крв.

Една од водечките страници за здравствени совети, WebMD, пишува дека ногата или раката можат да станат синкави или црвеникави во случај на тромб, додека во случај на тромб во белите дробови, кожата на пациентот може да биде бледа, синкава и леплива.

Додаваат дека ненадејната силна болка во градите може да значи дека се формирал тромб во белите дробови или дека тромбот во артеријата предизвикал срцев удар. Во случај на срцев удар, болката треба да се почувствува во раката, особено на левата страна.

Згрутчувањето често предизвикува болка таму каде што се наоѓа - на пример во потколеницата, стомакот или под грлото, а симптомите зависат и од нејзината локација.

Тромб во белите дробови може да предизвика забрзано чукање на срцето, отежнато дишење, болка во градите, кашлање крв. Згрутчување во срцето има слични симптоми со оние во белите дробови, но може да се чувствувате слабо и да имате гадење.

Згрутчувањето во мозокот може да предизвика главоболки, конфузија, напади, говорни проблеми и слабост, понекогаш само на едната страна од телото.

Блокираните крвни садови во желудникот или хранопроводот може да пукнат и да прокрварат. Може да повраќате крв или да ја имате во столицата, а столицата може да изгледа црна и да има многу непријатен мирис.

Бидејќи згрутчувањето на крвта обично се третира со антикоагуланси, може да се избегнат компликации по вакцинацијата со AstraZenecа доколку навремено се препознае формирањето на тромбот.

Секако, по вакцинирањето, некои лесни несакани ефекти се чести во првите денови, како што се болка на местото на инјектирање, треска или слично. Меѓутоа, ако лицата имаат сериозни или постојани симптоми околу четири до 20 дена по вакцинирањето, треба да побараат лекарска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер