Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
2Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
НаукаИстражување: Генерацијата З е помалку интелигентна од своите родителиГенерација З стана првата генерација откако се води евиденција, која е помалку интелигентна од своите родители, утврди доктор Џаред Куни Хорват, поранешен наставник кој станал невронаучник.Тој откри дека генерацијата родена помеѓу 1997 и почетокот на 2010-тите е когнитивно заостаната поради прекумерното потпирање на дигиталната технологија во училиште. Откако се водат евиденции за когнитивниот развој кон крајот на 19 век, генерацијата З сега е официјално првата група што некогаш постигнала пониски резултати од генерацијата пред неа, со пад во вниманието, меморијата, вештините за читање и математика, способностите за решавање проблеми и целокупниот коефициент на интелигенција. Хорват пред Одборот на американскиот Сенат за трговија, наука и транспорт рече дека интелигенцијата на Генерацијата З опаднала и покрај тоа што овие тинејџери и млади возрасни луѓе поминуваат повеќе време во училиште отколку децата во 20 век, пишува Дејли мејл. Причината, тврди Хорват, е директно поврзана со зголемувањето на количината на учење кое сега се спроведува со користење на она што тој го нарече „образовна технологија“ или Едтех, што вклучува компјутери и таблети. Невронаучникот објасни дека оваа генерација е заостаната бидејќи човечкиот мозок никогаш не бил програмиран да учи од кратки клипови и читање кратки реченици кои сумираат многу поголеми книги и сложени идеи. - Повеќе од половина од времето додека тинејџерот е буден, половина од тоа се одвива гледајќи во екран, рече Хорват за Њујорк пост. Хорват и други експерти, говорејќи пред Конгресот, објаснија дека луѓето еволуирале за најдобро да учат преку вистинска човечка интеракција, што значи лице в лице со наставниците и врсниците, а не од екраните. Тој додаде дека екраните ги нарушуваат природните биолошки процеси кои градат длабоко разбирање, паметење и фокус. Не се работи за лоша имплементација, неадекватна обука или потреба за подобри апликации во училиштата. Научниците велат дека самата технологија не е во согласност со начинот на кој нашите мозоци природно работат, растат и ги задржуваат информациите. Хорват, директор на ЛМЕ Глобал, група која со фирми и училишта споделува истражувања на мозокот и однесувањето, рече дека податоците јасно покажуваат дека когнитивните способности почнале да се стабилизираат, па дури и да опаѓаат околу 2010 година. Експертот им рече на сенаторите дека училиштата генерално не се промениле многу таа година и дека човечката биологија се развива премногу бавно за тоа да биде причината. - Одговорот изгледа се алатките што ги користиме во училиштата за да го поттикнеме тоа учење, рече тој. Хорват додаде дека САД не се единствената земја погодена од дигиталниот когнитивен пад, напоменувајќи дека неговото истражување опфатило 80 земји и покажало шестдецениски тренд на полоши резултати во учењето како што се повеќе се користи технологија во училниците. Покрај тоа, децата кои користат компјутери само пет часа дневно конкретно за своите училишни задачи постигнале значително пониски резултати од оние кои ретко или никогаш не користеле технологија во училницата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook