Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
1Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
ЗдравјеИстражување: Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето....Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето и однесувањето.Загадувањето на воздухот, т.e. дури и кратко изложување на загаденост, го намалува вниманието и лошо влијае на способноста за расудување. Имено, како што пишува „Гардијан“ (The Guardian), способноста на човекот да се сосредоточи на секојдневните задачи е повлијаено и од најкуса изложеност на загаден воздух, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications), покажа дека изложеноста на високо ниво на ПМ-честички влијае на селективното внимание и препознавањето на емоциите кај испитаниците - без разлика дали дишат нормално со нос или преку устата. Ова може да влијае на способноста на поединецот да се концентрира на задачите, да избегнува одвлекување на вниманието, па и да се однесува општествено прифатливо. - Учесниците (во испитувањата, з.п.) изложени на загаден воздух не покажаа добри резултати кога им беше привлечено вниманието. Тоа значи дека можеби ќе бидете расеан во секојдневниот живот. Купувањето во супермаркет е добар пример... Може да значи дека ќе бидете повеќе склони кон импулсни купувања додека шетате низ продавницата, бидејќи не можете да се фокусирате на Вашите цели, објасни д-р Томас Фајерти од Универзитетот во Бирмингем, еден од испитувачите. Научниците ги анализирале податоците од когнитивни тестови кои 26 учесници ги завршиле пред и откако биле изложени на високи нивоа на ПМ-честички, користејќи чад од свеќа и чист воздух, со изложеност во траење од еден час. Загаденоста на воздухот е еден од најголемите фактори на ризик за јавното здравје во светот. Светската здравствена организација проценува дека загадувањето на воздухот на отворено предизвикува околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи во светот годишно. Испитувањето, исто така, покажа дека учесниците имале полоши резултати и во препознавањето на емоциите по изложеноста на ПМ-честици. - Тие полошо препознаваат лице, во смисла - дали е исплашено или среќно, а тоа може да има последици за тоа како се однесуваме со другите луѓе, рече Фајерти. На тој начин, некои истражувања го поврзуваат загадувањето на воздухот со насилниот криминал, особено во градовите во САД. Од друга страна, пак, работната меморија на испитаниците не била засегната, што посочува дека некои функции на мозокот се поотпорни на краткорочна изложеност на загадување. Истражувачите велат дека наоди би можеле да се искористат во значителни социјално-економски области, како и околу образованието и продуктивноста на работа. - Истражувањето беше спроведено кај клинички здраво возрасно население, што значи дека испитаниците беа во добра здравствена состојба и немаа клинички респираторни или невролошки проблеми... Инаку, одредени други групи може да бидат поподложни на овие влијанија, додаде Фајерти. Студијата е дел од обликувањето на идните политики и мерки за јавно здравје. - Поголемиот проект ги проучува различните извори на загадување коишто се сѐ почести... Како што се испуштањата од апаратите за готвење, согорувањето дрва, издувните гасови од автомобилите и производите за чистење, за да видиме дали можеме да ја насочиме политиката во одредена насока. Ако знаеме дека производите за чистење ги предизвикуваат повеќето од проблемите што ги опишувам, тогаш можеме да влијаеме на политиките, појасни Фаерти. Целта, се вели, е да се поправи работите што се погрешни во основа, наместо само да се мери што има во воздухот откако тој е загаден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт. Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго. Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова. Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ. Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари. Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
Други спортовиШпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата! Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио. Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место. Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција. FIRST #MotoGP POLE POSITION 👏 FANTASTIC @25raulfernandez 😎 #IndonesianGP 🇮🇩 https://t.co/xrczx7JHrd — MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 10, 2026 Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место. Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо. Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика. Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка. Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter