Истражување: Брзиот раст на активна област на Сонцето може да предизвика магнитни бури на Земјата - Канал 5

Истражување: Брзиот раст на активна област на Сонцето може да предизвика магнитни бури на Земјата

Лабораторијата за соларна астрономија при Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките (IKI RAN) предупреди дека брзиот раст на активна област на Сонцето може да доведе до појава на магнитни бури на Земјата.

Истражување: Брзиот раст на активна област на Сонцето може да предизвика магнитни бури на Земјата

„Активниот центар на Сонцето интензивно ја полни соларната корона со енергија, (надворешниот дел на атмосферата на ѕвездата) која потоа се ослободува преку силни ерупции“, пренесува агенцијата РИА Новости.

Научниците нагласуваат дека ерупциите би можеле да влијаат на Земјата од втората половина на утрешниот ден, доколку растот на областа не запре. Засега точна прогноза не е можна, бидејќи не е познато што се случува на длабочина од 100 до 200 илјади километри под површината на Сонцето. Од лабораторијата исто така соопштија дека од почетокот на годината, на Сонцето се забележани две ерупции од класата X, како и повеќе силни ерупции од класите M и C, а првата ерупција од класата X во 2026 година била забележана на 18 јануари.

Соларните ерупции можат да предизвикаат магнитни бури на Земјата, кои влијаат на енергетските системи и миграциските патеки на птиците и животните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. 

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Како што тогаш вајарката Валентина Стевановска наводно за себе исцица речиси 3 милиони евра за авторски хонорари — од кои само за „Воин на коњ“ зеде 649.000 евра од вкупно 10,5 милиони евра потрошени за споменикот — така денес Владата зад непрегледни извештаи крие милионски суми за еден проект за јубилејна прослава. Народот повторно гледа иста матрица: прослава од 5,5 милиони евра потрошени за 18 настани, каде што просечно се „инвестирало“ по над 300.000 евра од настан за празнење на касата на Државна Лотарија, наместо да се вратат во Буџетот кој ете, бил празен.

Од вкупно потрошените 5,5 милиони евра, дури 2,1 милион евра се заведени како „хонорари за артисти“, но Владата крие колку точно од тие пари легнале на сметката на Дејвид Гета, а колку добиле другите. Прашуваме, дали им беа фрлени трошки на домашните музичари и дали тоа некој на големо се офајди? Исто така ја прашуваме Владата, кога дознавте дека има криза со цената на горивата, а со тоа и во Буџетот, па решивте да фрлате милиони народни пари за прослави? Не можеа ли парите од дивидендата од Државна Лотарија да се искористат порационално, а прославата да биде достојна, но согласно буџетот на граѓаните?

„Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од 'Скопје 2014', каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари. За жал, на јавноста ѝ е кристално јасно дека ниту се промени матрицата на трошење, ниту желбата за местење милионски бизниси под превезот на културата, додека граѓаните тонат во сиромаштија, а институциите се распаѓаат“, порачуваат од ЛДП.

ЛДП упатува директен и остар апел до Јавното обвинителство: До кога ќе молчите и ќе спиете? Ајде што не можевте да се соземете и да се разбудите од летните одмори во текот на целиот септември, но веќе сме средина на октомври и немате повеќе никаков изговор за пасивноста! Јавното обвинителство мора итно да се разбуди, по допрен глас да ги отвори сите договори за 5,5-милионската прослава и да истражи кои компании и поединци ги прибрале милионските маргини.

Граѓаните бараат одговори и одговорност, а не нови фасади, скапи светла и криење зад 81 страница формални извештаи. ЛДП нема да дозволи народните пари повторно да завршуваат во приватни џебови под маската на патриотизам и забава, додека вистинските темели на државата се наоѓаат на колена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот

58.475 денари за еден месец. Толку, според Министерството за економија и труд му биле потребни на едно четиричлено семејство за месечните трошоци во август. 

Министерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и официјално ја промовираше владината потрошувачка кошничка и нејзиниот пристап за пресметка. За разлика од владината, синдикалната минимална кошничка за истиот месец достигнала 68.675 денари, односно 10.200 денари повеќе. Дурмиши вели дека разликата со синдикалната кошничка произлегувата од различните методологии. За владината, вели се користеле релевантни податоци од Државниот завод за статистика, цени на производи во осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени на најпродаваните прехранбени производи во петте најголеми и три регионални трговски синџири.

-Нашата цел е јасна да имаме реална, објективна и транспарентна слика за тоа колку трошат домаќинствата во Македонија, врз основа на официјални и статистички податоци за реалната потрошувачка и цените на производите и услугите на пазарот. За разлика од проценките што се прават според посакувани потреби, нашата методологија се базира на податоци за остварената потрошувачка, во согласност со меѓународно прифатените статистички класификации,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Разликата е видлива и кај храната и безалкохолните пијалаци. Во владината кошничка за оваа категорија се пресметани 21.132 денари, наспроти 25.032 денари во синдикалната, односно 3.900 денари повеќе. Владината кошничка не ги вклучува ниту трошоците за кирија, ниту трошоци за одмор. Според Дурмиши, повикувајќи се на Пописот од 2021 година, 95% од населението живеело во сопствен дом. Сепак, остана неодговорено дали тоа значи и отсуство на трошоци за домување, особено кај семејствата што отплаќаат станбени кредити.

- Синдикалната кошница се базира на проценка на посакуваните трошоци за живот, па затоа вклучува и алкохол и цигари во неа, како и три трошоци за кирија, иако според податоците од пописот во 2021 година, 95% од граѓаните живеат во свој дом, додека нашата пресметка се темели на официјални податоци за реално остварената просечна потрошувачка,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Од јануари до август пак, владината кошничка пораснала за 2.094 денари, односно 3,7%, а синдикалната за 2.262 денари. Методологијата ќе биде разгледана на седницата на Економско-социјалниот совет на 19 октомври, каде што ќе може да се предложат дополнувања и корекции. По усвојувањето, се очекува редовно да се објавуваат трошоците за сите 11 категории.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пад на температурите и денови со обилни врнежи од дожд

Од топли есенски денови до нагло заладување – температурните разлики стануваат сè позабележителни.

Пад на температурите и денови со обилни врнежи од дожд

Временските осцилации носат промени не само во секојдневието, туку и во начинот на кој реагира човечкиот организам.

На што се должат наглите температурни промени, колку се вообичаени за овој период од годината и какво време нè очекува во наредните денови, за Канал 5 открива Јулијана Фиданоска-Мишкоска од УХМР. Поголемо заладување може да се очекува од недела.

,, Веќе промената на температурата ќе ја почувствуваме од недела и во деновите од новата седмица. Нашето подрачје се наоѓа во циклонска активност такашто веќе и од денес ќе имаме променливо облачно време, до средината на на следната седмица со повремени локални врнежи од дожд а деновиве од викендов ќе имаме и поинтензивни дождови особено во недела да наврнат над 20 литри на метар квадратен дожд,,-УХМР.

Наглите температурни промени можат да предизвикаат здравствени тегоби, особено кај повозрасните и хронично болните граѓани. Лекарите предупредуваат дека токму овие категории се најчувствителни на временските осцилации.

„Кај пациентите кои се чувствителни на временските промени може да се забележат тегови како: Главоболки, вртоглавица, замор, нарушување на концентрација но и промена на крвниот притисок, кај хронично болните може да дојде до влошување на симптомите особено при наглите температурни промени и зголемување на загаденоста на воздухот. Намалените температури може да ги провоцира симптомите кај лицата со астми и другите хрончно аспираторни заболувања, кај други одредени пациенти со интензивна изложеност на студ може да се зголемни ризикот од кардиовислукарни компликации.. – д-р Драганчо Панов .

Но, ниту младите не се целосно заштитени од здравствени тегоби при нагли температурни промени. Ризикот не зависи само од возраста, туку и од здравствената состојба и условите на кои е изложен организмот.

Доктор Панов советува облеката да се приспособува на временските услови, да се избегнува нагло изложување на студ, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер