3ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ТехнологијаИстражување: Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можноТимот пресметал дека астероидот е составен од 20 до 30 отсто вода - многу повеќе од првичните проценки.Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела можеби имале улога во „напојувањето“ на Земјата со вода, сметаат јапонски научници. Потеклото на водата на нашата планета денес е по малку и мистериозно, во научна смисла. Блиските астероиди се посочувани како можен извор, но постојат сомнежи и дебати за тоа дали имало доволно удари за да се достави целата оваа вода на планетата, пишува порталот „Кликс“. На јагленородните астероиди како Рјугу (во превод од јапонски: „Дом на Змејот“), се собира мешавина од прав и мраз во надворешниот Сончев Систем. Присуството на вода и мраз ја поткрепува оваа теорија, а меѓу другото, помага и во научното одредување на староста на вселенското тело, но првичното датирање покажа дека Рјугу е едно од најстарите тела во Сончевиот Систем, (не многу веројатно) создадено уште пред 4,8 милијарди години. Меѓутоа, кога Цујоши Иизука од Универзитетот во Токио и неговите колеги првично ја процениле староста на астероидот врз основа на радиоактивното распаѓање на лутециум-176 во хафниум-176 во мали примероци од астероидот, беа изненадени кога таа старост речиси и се совпадна со создавањето на Сонцето. - Добивме старост од околу 4,8 милијарди години за примероците од Рјугу, што е дури и порано од појавата на Сончевиот Систем. Ова значи дека проценетото време е непрецизно кога станува збор за примероците од Рјугу, рече Иизука. Наместо тоа, тимот сега верува дека околу милијарда години по формирањето на Рјугу, нешто го загреало астероидот доволно за да го претвори мразот во течна вода. Ова би однело дел од лутециумот-176, што го нарушува датирањето. Сончевото зрачење би го загреало површинскиот мраз само до 40 сантиметри, додека примероците од Рјугу се земени од длабочина до еден метар. Најверојатното објаснување за загревањето на внатрешноста на матичниот астероид е судир со друг објект, според научниците. Иизука, но и други научници велат дека е можно - астероидите да носат вода до планетите и во тврда агрегатна состојба. - Наодите посочуваат дека тие тела, всушност, можеле да донесат вода не само како течност, туку и како мраз. Наодите покажуваат што може да се научи од мисијата за враќање на примероците, изјави Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија, кој не бил вклучен во главното истражување. Проценувајќи ја количината вода потребна за промена на лутетиумот-176 во примероците од Рјугу, тимот пресметал дека астероидот е составен од 20 до 30 отсто вода - многу повеќе од првичните проценки. - Отидовме таму и ги собравме примероците, така што Земјата воопшто немаше влијание. Тоа значи дека можете да бидете многу посигурни во „приказната“ што ја добивате. Одеднаш имаме докази дека астероидите биле „поводени“ отколку што претходно мислевме, што значи дека сега може поразумно да се објаснат потеклото на океаните на Земјата и кога ја погодиле планетата, заклучи Хорнер. Јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ слета на Рјугу во 2019. и собра 5,4 грама материјал. Тоа се врати на Земјата - со наодите, следната, 2020 година. Тагови: Истражување Рјугу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЖивотДенеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Света Петка Епиватска, позната и како Света Петка Трновска. Во народот празникот е познат како Петковден, а светицата се почитува како заштитничка на жените, децата, болните и сиромашните. Со нејзиното име се поврзуваат бројни народни верувања, обичаи и преданија што се пренесуваат од генерација на генерација. Според народните верувања, Света Петка ги штити луѓето од несреќи и природни непогоди, а жените ѝ се молат за здравје, семејна благосостојба и пород. Во многу места во Македонија празникот се одбележува со посета на црквите, палење свеќи и молитви. Кoja била Света Петка Епиватска? Во христијанската традиција се почитуваат повеќе светици со името Параскева, односно Петка. Меѓу нив се Света Параскева Римјанка, чиј празник се одбележува на 8 август, и Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10 ноември. На 27 октомври се чествува Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, една од најпочитуваните светителки во православието. Според житието, таа била родена во Епиват, во близина на Цариград, кон крајот на X век, во благочестиво христијанско семејство. Нејзиното име, Параскева, потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“ и се поврзува со петокот, денот пред еврејскиот сабат. Нејзиниот брат Ефтимиј исто така го посветил животот на верата, се замонашил и станал епископ. По смртта на родителите, Петка го напуштила семејниот дом. Прво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што, според преданието, живеела во молитва, пост и духовно искушение. Кога остарела, ѝ се јавил ангел кој ѝ порачал да се врати во родниот крај. Таа се вратила во Епиват, каде што живеела уште две години, а потоа починала. Бидејќи жителите не знаеле која е, била погребана надвор од градот како непозната туѓинка. Преданието за нејзините мошти Според црковното предание, неколку години по нејзината смрт, во близина на местото каде што била погребана бил закопан и починат човек. При откопувањето на гробот, присутните забележале дека телото на светицата не се распаднало. Во преданието се раскажува дека една ноќ на човек што учествувал во погребот му се јавила светителка во сон и побарала нејзините мошти да бидат извадени и достоинствено положени на друго место. Така, според верувањето, било откриено чие тело почивало во гробот. Моштите на Света Петка првично биле пренесени во црква во Епиват, а подоцна, во текот на историјата, биле преместувани на повеќе места. Биле чувани во Трново, во денешна Бугарија, потоа во Влашко, Белград и Цариград. Денес нејзините мошти се наоѓаат во градот Јаш, во Романија, каде што голем број верници доаѓаат да им се поклонат. Во народното верување и денес постои предание дека Света Петка може да им се јави на луѓето во сон, носејќи им утеха или предупредување. Зошто Света Петка е толку почитувана во Македонија? Култот кон Света Петка е широко распространет и во Македонија. Во нејзина чест се изградени цркви и манастири, а бројни извори и лековити води во народната традиција се поврзуваат со нејзиното име. Во различни делови од земјата се негуваат посебни обичаи за Петковден. Верниците го одбележуваат празникот со молитва, посета на храмовите и палење свеќи, а некаде се носат и леб, пченица и вино. Еден од познатите обичаи е таканареченото „петолебие“, при кое верниците носат пет леба во црквата. Обичајот се поврзува со библискиот настан во кој Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе. По осветувањето, еден од лебовите се враќа кај верникот, додека другите остануваат во храмот. Што велат народните обичаи за Петковден? Петковден во народната традиција се смета за значаен празник, кој треба да се помине во мир, молитва и почит. Верниците често се воздржуваат од тешки физички работи и денот го посветуваат на семејството и духовниот живот. Во некои средини постои обичај во црквата да се носат дарови, како масло за јадење или облека, наменети за оние на кои им е потребна помош. Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, заедничка е вербата во заштитничката улога на светицата и молитвата за здравје, мир и благосостојба. Петковден и денес има посебно место во духовниот и народниот живот на многу семејства во Македонија, а преданијата за Света Петка продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација.Тагови: празник Света Петка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на КосовоПретседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши. Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter