Истражување: 74 отсто од граѓаните веруваат дека нивната земја има корист од членството во ЕУ - Канал 5

Истражување: 74 отсто од граѓаните веруваат дека нивната земја има корист од членството во ЕУ

62 отсто од испитаниците би сакале Европскиот парламент да има поважна улога.

Истражување: 74 отсто од граѓаните веруваат дека нивната земја има корист од членството во ЕУ

Истражување на Евробарометар, чии резултати денеска ги објави Европскиот парламент, покажа дека 74 отсто од граѓаните сметаат дека нивната земја има корист од членството во Европската унија, додека 62 отсто од испитаниците би сакале Европскиот парламент да има поважна улога.

Истражувањето, кое ја покрива зимата 2025 година, покажа и дека 66 отсто од граѓаните сакаат ЕУ да игра поголема улога во заштитата од глобални кризи и безбедносни ризици.

Вкупно 36 отсто сметаат дека одбраната и безбедноста се главен политички приоритет, додека 32 отсто од испитаниците велат дека тоа е конкурентноста.

Резултатите покажуваат и дека девет од десет граѓани на ЕУ велат дека земјите-членки на Унијата треба да бидат пообединети за да се соочат со актуелните глобални предизвици.

Инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот се врвни приоритети кај сите возрасти, при што овие прашања особено ги загрижуваат жителите на Португалија, Франција, Словачка, Хрватска и Естонија.

Според резултатите од истражувањето, спроведено на барање на Европскиот парламент, третина од испитаниците очекуваат намалување на животниот стандард во следните пет години, а најмногу Французите и Германците.

Во однос на вредностите што Европејците би сакале да ги брани Европскиот парламент, тоа се мир за 45 отсто од испитаниците, демократија за 32 отсто и заштита на човековите права во ЕУ и во светот за 22 отсто.

Зимското истражување на Европскиот парламент беше спроведено од 9 јануари до 4 февруари 2025 година во сите 27 земји-членки на примерок од 26.354 луѓе. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер