Истражување: 22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работно - Канал 5

Истражување: 22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работно

Повеќе од една петтина од вработените во Велика Британија изјавија дека се соочиле со дискриминација на работното место поради нивниот идентитет, но бројката е помала отколку во САД и другите европски земји, според новото истражување.

Истражување: 22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работно

Црнци и лица со азиско потекло, како и оние кои припаѓаат на ЛГБТ+ заедницата имале поголема веројатност да доживеат такви проблеми, сугерира истражувањето.

Околу 4.973 луѓе од САД, Велика Британија, Франција, Шведска, Германија и Холандија беа анкетирани на интернет во мај и јуни оваа година од компанијата за податоци и истражување на пазарот Саванта.

Од 1.523 кои биле со седиште во Велика Британија, 22 отсто рекле дека доживеале дискриминација на работа поради аспект на нивниот идентитет.

Ова беше под просекот од 28 посто во шесте земји, при што луѓето се чини дека се најпогодени во САД (33 проценти) и Шведска (32 отсто).

Но, наодите за луѓето во Велика Британија меѓу недоволно застапените групи сугерираат повеќе искуства на дискриминација, со бројка од 45 отсто за црнците и 41 посто за луѓето од азиско потекло.

Третина (33 проценти) од луѓето од ЛГБТ+ заедницата изјавиле дека доживеале дискриминација на работното место.

Околу 42 отсто од анкетираните вработени во Велика Британија се согласија дека има нееднаквости во платите и унапредувањето во нивната организација - нешто под просекот од 45 проценти во сите земји.

Скоро четвртина (24 посто) од вработените во Велика Британија изјавиле дека ја напуштиле улогата или размислуваат за преселба во блиска иднина затоа што не се чувствуваат удобно да ги изразат своите ставови, според истражувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Со итен медицински транспорт, од Турција денеска во земјава се префрла младото момче кое се здобило со тешки повреди на вратните пршлени по пад од тобоган во Кушадаси. 

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Транспортот го организира министерството за здравство со владиниот авион, со придружба од специјален тим од клиниката за трауматологија. Последните информации ги има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците од струмичкиот регион и денеска со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на капијата, наменета за конзервно преработувачките капацитети.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади, бидејќи велат дека е несфатливо лани пиперките да се откупувале за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.

За проблемот вчера средба имале и со министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој, како што кажаа изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети.

Земјоделците очекуваат конкретни резултати од средбата до втроник, во спротивно се закануваат со уште помасовни протести и блокади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер