Истражувања: Омикронот се шири побрзо поради големиот број асимптоматски случаи - Канал 5

Истражувања: Омикронот се шири побрзо поради големиот број асимптоматски случаи

Прелиминарните наоди од две јужноафрикански клинички студии покажуваат дека варијантата на коронавирус омикрон има многу поголема стапка на „асимптоматско пренесување“ од претходните варијанти, што може да објасни зошто толку брзо се шири низ светот.

Истражувања: Омикронот се шири побрзо поради големиот број асимптоматски случаи

Студиите, едната спроведена минатиот месец кога омикрон инфекциите беа во пораст во Јужна Африка, а другата со повторно земени примероци од претходно тестираните субјекти, покажале дека е многу поголем бројот на луѓе кои биле позитивни на коронавирус, но не покажале симптоми во споредба со претходните студии.

Во студијата на Ubuntu, која ја проценува ефикасноста на вакцината Модерна против Ковид-19 кај луѓето кои живеат со ХИВ, 31 процент од 230 учесници кои беа скринирани биле позитивни на тестот, а сите 56 примероци достапни за анализа на секвенционирање биле потврдени како инфекција со омикрон.

„Ова е во целосна спротивност со стапката на позитивност пред омикрон, која се движеше од помалку од 1 процент до 2,4 проценти“, се вели во соопштението на истражувачите.

Во подгрупата на студијата Сисонке која ја проценува ефективноста на вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон, просечната стапка на асимптоматско пренесување се зголемило на 16 проценти за време на периодот на омикрон од 2,6 проценти од времето кога доминирале бета и делта варијантите.

„Студијата Сисонке опфати 577 испитаници кои претходно биле вакцинирани, со резултати што укажуваат на висока стапка на пренос на инфекцијата дури и кај оние за кои се знае дека биле вакцинирани“, велат истражувачите.

Тие додаваат дека „повисоката стапка на асимптоматско пренесување е веројатно главен фактор за брзото ширење на варијантата омикрон, дури и меѓу популациите со високи претходни стапки на инфекција со коронавирус“.

Јужна Африка бележи зголемување на инфекциите со коронавирус од крајот на ноември, околу времето кога нејзините научници го предупредија светот за омикрон. Но, оттогаш новите случаи се во опаѓање. Првите показатели говорат дека новиот бран на зараза е одбележан со послаби форми на болеста од претходните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер