О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
3Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
ЖивотИстражувачите велат дека користењето на „ChatGPT“ може да го „распадне“ мозокот. Но вистината е малку покомплициранаОткако се појави ChatGPT пред речиси три години, се води широка дебата за влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) врз учењето. Дали овие технологии се корисни алатки за персонализирана едукација, или отвораат пат кон академска нечесност?Најголемата загриженост е дека користењето на AИ ќе доведе до општо „отапување“, односно пад на способноста за критичко размислување. Според некои, доколку учениците прерано почнат да се потпираат на овие алатки, нема да развијат основни вештини за решавање проблеми и логично размислување. Дали тоа навистина е така? Според неодамнешна студија од научници на МИТ, изгледа дека е. Истражувачите тврдат дека користењето на ChatGPT за пишување есеи може да доведе до „когнитивен долг“ и веројатно намалување на способностите за учење. Што открила студијата? Во текот на четири месеци, тимот од МИТ ги следел когнитивните реакции на 54 возрасни учесници кои требало да напишат три есеи користејќи или вештачка интелигенција (ChatGPT), интернет-пребарувач или сопствено знаење (групата „само мозок“). Тие го мереле менталниот ангажман преку електрична активност на мозокот и анализа на јазикот во есеите. Резултатите покажале дека оние кои користеле AИ имале значително понизок когнитивен ангажман од другите две групи. Покрај тоа, потешко се сеќавале на цитати од своите есеи и чувствувале помала сопственост над напишаното. Во финалниот, четврти есеј, групите ги сменија улогите – тие што до тогаш пишувале без АИ сега користеа ChatGPT, и обратно. Оние што преминаа од АИ кон пишување без помош, покажаа значително помал ангажман, далеку под нивото на групата „само мозок“ во нивната трета сесија. Авторите заклучуваат дека ваквата промена укажува на „натрупан когнитивен долг“ – луѓето кои подолго користеле АИ се нашле во ситуација каде што нивниот мозок не можел да се врати на претходното ниво на активност. Сепак, тие предупредуваат дека само 18 учесници (по шест од секоја група) го завршиле четвртиот дел од експериментот, што значи дека резултатите се прелиминарни и бараат дополнителна потврда. Дали ова значи дека АИ нè прави помалку паметни? Не нужно. Овие резултати можеби се последица на самиот дизајн на студијата. На пример, групата што не користела АИ имала три сесии за да се запознае со задачата и природно го зголемила својот ментален ангажман (т.н. ефект на запознавање). Од друга страна, групата која дури на крајот започна да пишува без помош на АИ го имала тоа искуство само еднаш и не можела да го достигне истото ниво на вклученост. Групата што премина од „само мозок“ кон ChatGPT, пак, го користела ChatGPT поефикасно, затоа што темата на последниот есеј била поврзана со претходните задачи. Бидејќи тие биле ментално повеќе ангажирани претходно, се сеќавале подобро и можеле да ја искористат АИ алатката за проширување на веќе стекнатото знаење. Што значи сето ова за користењето АИ во образованието? Ако се вратиме назад, можеме да го споредиме ова со воведувањето на калкулаторите во 1970-тите. Наместо да ги забранат, наставниците едноставно ги направиле задачите потешки – очекувајќи од учениците да го користат калкулаторот, но да го насочат својот ум кон посложени пресметки. Истото треба да се случи и со АИ. Но многу наставници денес сè уште ги поставуваат истите задачи и имаат исти очекувања како и пред пет години – кога овие алатки не постоеја. Во таков контекст, АИ навистина може да биде штетна – затоа што студентите лесно можат да ја префрлат целата ментална работа на алатката и да развијат ментална пасивност. Сепак, како што калкулаторите помогнаа за сложени математички пресметки, така и АИ може – и треба – да ни помогне со задачи кои порано беа невозможни. На пример, наместо да пишуваат едноставен есеј, студентите би можеле со помош на АИ да изработат сложен план за настава, а потоа усно да го образложат. Во студијата на МИТ, сите учесници пишувале „стандардни“ есеи, па нивниот ментален ангажман бил во рамките на тоа што се очекувало од нив. Истото би се случило ако студентите прават комплицирани пресметки – едни со рака, други со калкулатор. Едните би се мачеле, другите едвај би трепкале. Учење како да се користи АИ Денешните и идните генерации треба да знаат како да размислуваат критички, креативно и како да решаваат проблеми. Но АИ го менува значењето на овие концепти. Пишувањето есеи со пенкало веќе не е најдобриот доказ за критичко размислување – исто како што долги рачни пресметки не се доказ за математичка способност. Клучот е да знаеме кога, каде и како да користиме АИ. Да знаеме кои задачи можеме да ѝ ги препуштиме, а кои бараат целосен човечки ангажман. Тоа е основата за развој на долгорочни вештини и вистинско учење, пишуват странски медии.Тагови: ChatGPT вештачка интелигенција мозок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарностаАмериканците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен. Значително повисоки цени на горивото Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина. Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период. „Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“ Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди. It’s that time of year: There’s heavy traffic on the 405 Freeway as Southern Californians head to their Thanksgiving destinations. https://t.co/mGWekhVHle — ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026 Неодамнешен пад Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот. Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец. Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки. Факторот Иран И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма. Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите. Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна. Jude Bellingham 🤯 what a goal 🔥🪄 https://t.co/5QGTsdnTCc — 🧱 (@Ah_3ig) November 24, 2026 По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи: „Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.Тагови: Белингем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter