Истрагата за убиството во Старо Нагоричане во тек, осомничениот ќе биде подложен на психијатриска проценка - Канал 5

Истрагата за убиството во Старо Нагоричане во тек, осомничениот ќе биде подложен на психијатриска проценка

 Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. 

Истрагата за убиството во Старо Нагоричане во тек, осомничениот ќе биде подложен на психијатриска проценка

Во моментот тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Македонија (ЈОРСМ) за МИА.

Од таму велат дека Основно јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Набргу, како што посочуваат, ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти.

- Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали - соопштија од ЈОРСМ.

Кумановската полција информира дека на 12 февруари осомничениот влегол во домот на 78-годишната жена во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и со перница ја задушил. Полициските службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Т. Б. (25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М. С. (78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти тогаш полицијата.

Жителите на руралната општина Старо Нагоричане живеат во страв и неизвесност откога полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино. Поради страв, некои од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот, за кого кажуваат дека со велосипед се движел низ селата и го чувал добитокот.

-За надминување на стравот во овие мали средини кај жителите, треба да организираме повеќе групна поддршка од стручни лица, исто така многу е важна и достапноста на институции, во вакви мали средини имаме и стигма за барање на психолошка помош затоа нашите институции треба да се во континуитет со поддршка и давање информации за да се намали паниката меѓу населението, изјави д-р Ана Мадиќ Костовски, психијатар од кумановската општа болница.

Таа посочува дека групната поддршка може да помогне во справуавњето со стравот и вели додека не пројдат вештачењата не може да се даде каква било дијагноза на лицето.

-Без претходни психолошки тестирања и вештачење од стручни лица не можеме да даваме конкретна дијагноза за лицето, но кога таргетот се повозрасни, физички послаби жени, често за овие лица мислиме дека имале антисоцијално однесување, или сакале да вршат контрола, имале сексуални фрустрации, потоа може и нарцисоидни елементи, жителите тврделе дека тој бил мирен и повлечен, но тоа не е невообичаено, изјави докторката.

Психијатрите препорачуваат, жртвите, нивните семејства да се јават на лекар ако почуствуваат симптоми на пострауматски стрес кои се манифестираат со несоници, главоболки, срцебиење. Од Центарот за социјални работи Куманово, пак велат дека тој не бил корисник на ниту едно право.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс.

Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо.

Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон!

Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

На денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.

На денешен ден  пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија.

Тајна одлука за затворање на границата

Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период.

Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија.

Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе.

За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата.

Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри.

Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин.

Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин.

За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“

Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова.

Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин.

Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година.

Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот

Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин.

YouTube video

Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури.

Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна

Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено.

На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови.

„Од кога?“ го праша новинарот.

Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер