МакедонијаИстрагата за пожарот во „Пулс“ заврши, обезбедени голем број докази, осомничени 46 лицаЗаврши истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62 лица. Опфатени се вкупно 46 лица, соопшти обвинителството а се товарат за Тешки дела против општата сигурност. Сите осомничени се испитани како и околу 400 сведоци и оштетени, анализирани се и податоците од голем број одземени компјутери и мобилни телефони. -Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот- - ЈОРМ. Со завршување на истрагата започнува да тече рокот од 15 дена во кој одбраната може да направи увид во доказите и да предложи свои. Адвокатот Звонко Давидовиќ кој застапува осомничен од обезбедувањето во дискотеката најверојатно нема сега да достави докази. Ќе ги достави до судот ако истрагата за неговиот клиент резултира со обвинение. -Од денот кога ќе го добиеме имаме право во рок од 15 дена да му предложиме на обвинителот докази кои би ги извел, но тоа ретко го правиме затоа што проценуваме дека обвинителот без оглед на доказите кои ние би му ги предложиле, би подигнал обвинителен акт. Затоа тие докази ќе ги предложиме пред суд ако истрагата резултира со подигање на обвинение против нашиот клиент- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат. Помеѓу осомничените се сопственици на објектот и правното лице кое ја менаџирало дискотеката, поранешни министри, градоначалници, директори на Дирекцијата за заштита и спасување и пазарната инспекција. Државниот обвинител Љупчо Коцевски во тв интервју откри дека со истрагата засега нема да биде опфатен членот на групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо поради тешката здравствена состојба. Посебен предмет со 14 осомничени полициски службеници води ОЈО ГОКК, но за нив истрагата се уште е во тек. Тагови: Обвинителството Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook