Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
СветИстрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лицаАнтикорупциската агенција уапси 11 лица, вклучително директори и инженерски консултант на градежната компанија.Локалните власти на Хонг Конг денеска соопштија дека истрагата за смртоносниот пожар во кој загина најмалку 151 лице, а десетици се водат како исчезнати, покажува дека мрежата што ги покривала скелињата на зградите во реновирање не била во согласност со противпожарните стандарди. Антикорупциската агенција уапси 11 лица, вклучително директори и инженерски консултант на градежната компанија. Пожарот, кој избувна во средата минатата недела, а беше целосно изгаснат до петокот, почнал на долниот дел од мрежата околу една зграда во комплексот Ванг Фук Корт, за потоа брзо да се прошири во внатрешноста бидејќи полиуретанските плочи се запалиле и ги скршиле прозорците. Ветерот овозможил пламенот да се пренесе од зграда на зграда, така што седум од осум станбени кули биле зафатени од огнот. Првите тестови на мрежата покажаа дека таа е во согласност со стандардите. Меѓутоа, последователно биле земени 20 примероци од различни катови и било утврдено дека седум од нив не ги исполнуваат безбедносните норми, што укажува дека изведувачите штеделе со цел да го зголемат профитот, рече шефот на администрацијата на Хонг Конг, Ерик Чан. - Сакаа само да заработат на животите на луѓето, рече Чан. Секретарот за безбедност, Крис Танг, наведе дека истражителите првично не можеле да пристапат до сите делови на објектот, што довело до нови наоди. Во комплексот Ванг Фук Корт живееле околу 4.600 луѓе, а само една од осумте 31-катни кули го избегнала пожарот. Локалните власти ја проценуваат безбедноста на преостанатите згради, вклучувајќи ја и онаа каде што почнал пожарот и која претрпе најголема штета. Владата на Хонг Конг обезбеди средства за обнова на домовите и долгорочна поддршка, додека преживеаните добија и парични субвенции за трошоци, вклучувајќи погреби, и помош при сместување.Тагови: градилиште Хонг Конг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТрагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот. - Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн. Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.Тагови: Арсенал Баерн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛатвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количестваИран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс. Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка. Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“. Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија. Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сценаЉупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена. ,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов. Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. ,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов. Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива. ,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде: ,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter