Истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино не е завршена, Вишото обвинителство одлучува по приговорот на ЕСМ - Канал 5

Истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино не е завршена, Вишото обвинителство одлучува по приговорот на ЕСМ

Не е завршен случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино, вели државниот обвинител Ненад Савески. 

Истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино не е завршена, Вишото обвинителство одлучува по приговорот на ЕСМ

Откако предметната обвинителка од ОЈО ГОКК Катерина Коларевиќ донесе решение за запирање на истрагата бидејќи не била утврдена штета а АД ЕСМ поднесе приговор, од обвинителството велат дека ќе биде распределен кај Виш јавен обвинител кој во рок од 30 дена ќе треба да утврди дали е основан.

-Доколку се утврди неправилно ценење на доказите, тој може да биде вратен на повторно одлучување. Без да прејудицирам каква било одлука, уверен сум дека низ една законита постапка, со почитување на принципите на самостојно одлучување, ќе дојдеме до конечна одлука која и од општата јавност ќе биде разбрана и прифатена. Ревидирање и преотварање на предмети во зависност од очекувања на други органи, институции или поединци не е можно, бидејќи тоа е спротивно на принципите на правна сигурност,- - Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ (Интервју за Фокус).

Според наодите во приговорот на државната ЕСМ, Обвинителството направило суштинска грешка и погрешно ги утврдило фактите токму во делот каде како што велат, техничките искази на повиканите лица свесно ги номинирало како релевантни изјави за отсуство на финансиска штета.

-Неправилноста се состои во тоа што Обвинителството го засновало својот заклучок врз коментари на лица кои немаат правни и менаџерски ингеренции да го застапуваат Друштвото во делот на утврдување штета. Во приговорот точно ќе биде прецизирано дека фактите околу вистинските размери на штетата и неправилностите во набавката на мазут мора да се утврдуваат врз основа на официјалната документација и наодите на надлежните органи во компанијата, а не врз претпоставки изведени од контекст на технички сослушувања,- - АД ЕСМ.

Вишото јавно обвинителство може и да ја потврди првичната одлука за затворање на истрагата, но доколку го прифати како основан приговорот на АД ЕСМ може да му даде насоки на јавниот обвинител да ја продолжи истрагата, велат правните експерти.

-Она што ќе биде многу битно, независно каква и да биде одлуката на ВЈО, е дека треба да биде дадено исклучително добро, транспарентно и убедливо образложение на причините зошто е донесена токму таква одлука, бидејќи она што во голема мера ги направи шпекулациите возможни а предизвика и поставување на вакви прашања е драматичниот пресврт во начинот на комуникација на Јавното обвинителство кое на почетокот на истрагата беше многу сигурно па дури и агресивно со јавната комуникација за водењето на ваквата истрага, за по една година и примена на прилично инвазивни истражни мерки да имаме обратен наратив со кој согласно обвинителството практично кажа дека не нашле ништо спорно дури ниту штета во конкретниот случај,- изјави – Дарко Аврамовски – Коалиција „Сите за правично судење“

Кривичната пријава за злоупотреби при набавката на мазут во периодот на енергетската криза од 2021 до 2023 година ја поднесе МВР. Со неа беа опфатени 13 физички лица меѓу кои и бизнисмените Асмир Јахоски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски, поранешниот директор на државната компанија АД ЕСМ, Васко Ковачевски, како и уште осум други лица вработени во компанијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер