Истрага во АНБ: Опозициски лидер, екс министер, обвинител и новинари биле следени до 2024. - Канал 5

Истрага во АНБ: Опозициски лидер, екс министер, обвинител и новинари биле следени до 2024.

Наместо современа агенцијата што ќе се грижи за националната безбедност, структури во АНБ и по формалните реформи на безбедносните служби во 2019 година си продолжиле со праксата на злоупотреби на институцијата за лични и политички цели.. 

Истрага во АНБ: Опозициски лидер, екс министер, обвинител и новинари биле следени до 2024.

Опозициски лидер, екс министер, јавен обвинител и група новинари биле следени од претходното раководство на Агенцијата за национална безбедност. Извори од АНБ брифираат дека Агенцијата под водство на директорот Бојан Христовски пред еден месец доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор на АНБ и група вработени, поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Овие сознанија ги дала внатрешната истрага која била спроведена за периодот од основањето на Агенцијата во 2019 до промената на раководството во 2024 г. Според нив мала група вработени ја држеле во заложништво АНБ, која за личен интерес, освен незаконско следење правела и манипулации со притвори за одредени лица.

-Во АНБ се воделе белешки и се следеле комуникации на новинари кои од претходното раководството се сметале за непријатели на државата со оправдување дека нивната крајна цел била уривање на власта. Ресурсите на АНБ биле користени и за пресметка со еден јавен обвинител, еден поранешен министер, но и тогашниот опозициски лидер, а сегашен премиер Христијан Мицкоски. Биле користени сите средства за следење на нивните комуникации, брифираат од АНБ.

Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, како што беше примерот за еден пратеник на тогашната опозиција во постапка за добивање безбедносен сертификат, Драган Ковачки, за кој според информациите предметот бил чуван во фиока. Во посочениот период на внатрешната истрага со АНБ раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски. Сегашното раководство на Агенцијата досега нема информации дали обвинителството има преземено некакви мерки за нивните пријави.

Во однос на безбедносната состојба на државата во пресрет на изборите од АНБ информираа дека формирале оперативна акција „Избори 2025“, но засега немаат сознанија за било какво загрзозување на изборниот процес

- Не гледаме поголеми предизвици за безбедносната состојба во периодов и досега нема безбедносна закана за изборите, велат извори од АНБ.

Сепак од АНБ велат дека се забележани активности и обиди за мешање на странски служби во земјава. Македонија според Агенцијата се соочува и со хибридни закани од луѓе или организации кои во различни сфери го поткопуваат јавниот интерес и спроведуваат пропаганда. Како пример е наведен Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“, на кого му е забранет влез во земјава.

Доколку граѓани или вработени имаат некави забелешки за рабоата на вработените или некави информации за закани, сомнителни активности или ризици што можат да ја загрозат националната или јавната безбедност, ваквите случаи можат едноставно да ги пријават на сајтот на Агенцијата: anb.gov.mk, во полето пријави кое се наоѓа во горниот десен агол на новата интернет страницата, апелираат од Агенцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството

Случајот со полициската интервенција во Краков доби нов пресврт откако еден од полицајците кои го совладаа вооружениот напаѓач дојде под истрага на обвинителството. 

Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството

Имено, поднесена е официјална жалба против полицаецот Јакуб Кулик за начинот на кој го користел службеното оружје, објавува Fakt.pl.

Подносителот на жалбата бара истрага за тоа дали полицаецот законски го користел своето оружје против напаѓачот. Како што дознава полскиот портал Onet.pl, жалбата ја поднел Полјак кој живее во Лондон. Обвинителството потврди дека ќе ја разгледа жалбата, но тоа не значи автоматски дека ќе отвори истрага против полицајците.

Жалбата прво ја примило Окружното обвинителство во Краков, кое потоа ја препратило до надлежното одделение кое го истражува нападот. Раководителот на тоа одделение, Ерик Стасиелак, потврди дека жалбата е примена.

„Таква жалба навистина ни е поднесена и, како и во случај на секоја слична жалба, ќе покренеме соодветна постапка“, изјави тој за Onet.

Што вели обвинителството?

Стасјелак истакна дека обвинителството не покренало постапка по сопствена иницијатива во врска со постапувањето на полицајците, бидејќи не забележало никакво основано сомнение дека е сторено кривично дело во нивните постапувања.

„Не видовме никакво основано сомнение во постапувањето на полицијата дека е сторено кривично дело“, рече обвинителот.

Самото поднесување на пријава не значи дека автоматски ќе се отвори истрага. Обвинителството прво мора да ја разгледа нејзината содржина, а доколку заклучи дека полицаецот не го прекршил законот, може да одлучи да не презема понатамошни чекори.

Поранешниот полицаец и инструктор по стрелаштво, Дариуш Томишек, исто така, коментираше за постапувањето на полицајците. Според него, полицаецот дејствувал во рамките на своите законски овластувања, а полицајците кои го совладале напаѓачот заслужуваат да бидат наречени херои.

Друг испитаник на порталот Онет изрази сомнеж дека пријавата може да претставува провокација од страна на лице кое и самото има проблеми со судството.

Кој ја поднел пријавата?

Полскиот портал Онет, исто така, доби дополнителни информации за лицето кое ја поднело пријавата. Според нивните информации, нејзините лични податоци, датумот и местото на раѓање се совпаѓаат со оние на маж кого го бара полската полиција.

Мажот наводно е поврзан со неколку случаи, вклучувајќи измама, возење под дејство на алкохол или дрога и упатување кривични закани.

Сепак, самото совпаѓање на деталите не потврдува дека станува збор за истото лице. Оваа информација покрена дополнителни прашања за идентитетот на подносителот на жалбата и неговите мотиви.

Обвинителот ги брани полицајците

Обвинителот од Краков, Пјотр Космати, исто така, јавно зборуваше за случајот, поддржувајќи ги постапките на полицајците и објаснувајќи зошто верува дека употребата на оружје била оправдана, дури и откако напаѓачот паднал на земја.

„Со оглед на прашањата што се појавија во врска со постапките на полицајците кои совладаа вооружен терорист во Краков, верувам дека пукањето во напаѓачот кој лежел на земја било целосно ОПРАВДАНО И ВО СОГЛАСНОСТ со важечките законски прописи. Не е важно дали напаѓачот лежел на земја. Ако оружјето сè уште било во неговиот дофат, постоела реална можност да се употреби, што претставувало непосредна опасност за животите на другите луѓе, вклучително и полицајците“, напиша тој на социјалните мрежи. Извештајот сега ќе го разгледа обвинителството, кое ќе одлучи дали постојат основи за понатамошни дејствија. Сепак, засега останува на сила ставот на обвинителот Стасиелак дека нема основано сомнение за сторување кривично дело во дејствијата на полицајците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот.

Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова.

Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер