Истрага против македонски државјанин за минатогодишното убиство во Ханиоти - Канал 5

Истрага против македонски државјанин за минатогодишното убиство во Ханиоти

Обвинителството отвори истрага за убиството на Орхан Бајрами – Оки, членот на кланот Дуќанџик од Грчец, кој во јули минатата година беше убиен во Ханиоти. 

Истрага против македонски државјанин за минатогодишното убиство во Ханиоти

Според неофицијалните информации, се работи за 33 – годишникот Гани Туша од ривалската криминална група Барон и уште едно засега непознато лице. Туша и соизвршителот на убиството маскирани упаднале во туристичкиот комплекс во Ханиоти каде бил сместен Оки, влегувајќи преку задната балконска врата која била отворена и од каде испукале 19 куршуми кон него.

-Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди, - Обвинителство.

За Гани Туша кој е веќе во притвор за предизвикување на општа опасност, иста мерка се бара и за овој случај. Осомничениот во изминатиот период се поврзуваше и со убиството во Шиша Бар, во скопската чаршија, каде што беа убиени уште два члена на Дуќанцик, Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени-Лачи, откако неколку лица облечени во маскирни во полициска облека влетаа во барот и испукаа преку 40 куршуми во убиените кои беа на вториот кат.

Грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, но како што наведуваат од ОЈО, со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, врз основа на инструментите за меѓународна правна соработка, грчките власти го отстапиле кривичното гонење на обвинителството во Скопје.

Во изминативе неколку години имаше бројни пресметки и убиства помеѓу овие две ривалски групи на скопското подземје за кои се уште се очекува расветлување на случаите и пронаоѓање на сторителите.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дали по студениот туш од ЕУ, и бришењето на референците за "македонски јазик и идентитет“, излезе на површина суштинскиот проблем во односите со Бугарија? Верува ли се уште дека Францускиот предлог е вистинскиот пат, а уставните измени единствениот услов за ЕУ, или е време за отрезнување и нова стратегија за излез од ќорсокакот во кој сме веќе 3 години?

Можни ли се воопшто добрососедски односи, со негаторски ставови од другата страна?

Лани беше кандидат за Претседател на државата..: што воопшто му е предизвик сериозно да размислува за кандидат за градоначалник на Чаир? Ќе соработуваат ли со СДСМ за локалните избори и каква разрешница ќе има во етничкиот албански блок по локалните избори?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, веднаш по централните вести.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје.

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија додаде дека, доколку се постигне привремено примирје, неговата земја ќе преговара и за трајно примирје.

Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.

“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.

Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.

Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.

Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.

Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.

Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.

Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

притисни ентер