Истрага против градоначалничка во Албанија, чиј брат издавал лажни потврди за бугарско потекло - Канал 5

Истрага против градоначалничка во Албанија, чиј брат издавал лажни потврди за бугарско потекло

Албанскиот Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е започната управна истрага за градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри. 

Истрага против градоначалничка во Албанија, чиј брат издавал лажни потврди за бугарско потекло

-Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри, стои во известувањето.

Одговорот на барањето следува откако Чупи истото го достави во вторникот, 9 јануари.

-Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, Љуан Мјештри, кого го назначила таа, а се сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон, наведува меѓу другото Чупи во барањето.

Ова е последователна активност на албанските органи по откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за "бугарско потекло" во административната единица Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, која територијално потпаѓа под општина Булќиза.

-Истражувачката емисија Фикс Фаре, која до сега открила низа коруптивни афери, пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри, потсетува телевизијата.

По емисијата, полицијата ги уапси Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата жители на Острени, како и Фитим Бала (61) жител во Требиште, со функција секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.

Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени а судот во Пешкопеа им изрече мерка притвор.

Дел од советниците тогаш побараа оставка од градоначалничката Мјештри, која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува

Венко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери.

Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната.

И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува.

А затоа што слугуваа кому стигнат за да си ги наполнат џебовите затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Google го доживеа најлошиот ден во историјата

Акциите на Alphabet, матичната компанија на Google, вчера го забележаа најголемиот еднодневен пад во историјата на компанијата.

Google го доживеа најлошиот ден во историјата

Нивната вредност се намали за речиси 13 отсто, со што пазарната капитализација на Alphabet се намали за приближно 500 милијарди долари.

Како што пренесува „The Wall Street Journal“, до масовната продажба дојде поради разочарувачките финансиски резултати, забавувањето на растот на приходите од онлајн пребарувањето, како и поради зголемената загриженост кај инвеститорите во врска со огромните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Акциите на Alphabet ја завршија трговската сесија на ниво од 283,82 долари, што претставува пад од 12,64 отсто. Ова е вториот најголем еднодневен пад на пазарната вредност за која било компанија во историјата на американскиот берзански пазар. Единствено Nvidia забележа поголем пад – во јануари 2025 година – кога изгуби приближно 593 милијарди долари од својата вредност.

Падот на матичната компанија на Google повлече надолу и дел од американските берзански индекси, особено технолошки ориентираниот индекс Nasdaq.

Инвеститорите беа особено загрижени поради резултатите од бизнисот со рекламирање на Google, кој со децении претставува главен извор на приходи и профит за компанијата. Во третиот квартал, приходите од онлајн пребарувањето на Google пораснаа за 12 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Иако ова претставува раст, тој е значително побавен отколку во претходниот дел од годината; приходите од пребарувањето пораснаа за 19 отсто во првиот квартал и за 17 отсто во вториот.

Секторот „Google Services“ – кој ги опфаќа онлајн пребарувањето, YouTube и претплатите – оствари приход од 96,3 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 98,5 милијарди долари. Вкупните приходи на Alphabet достигнаа 127,6 милијарди долари – што претставува раст од 25 отсто на годишно ниво – но сепак се под очекувањата на Волстрит. Нето-добивката се намали за 25 отсто, на 26,17 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај

При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. 

Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај

На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот.

При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај.

Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер