Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026 - Канал 5

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026

Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026

Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата конкурентност на меѓународната спортска сцена.

Триумфот на Вукашин Јовановиќ - Златниот медал на Вукашин Јовановиќ во категоријата до 67 килограми претставува врв на македонското учество на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Јовановиќ, кој настапува за КК Макпетрол, покажа извонредна зрелост во финалната борба против Амин Абделмалки од Белгија.

Иако регуларниот дел заврши со резултат 2-2, судиското изјаснување од 3-2 му ја донесе титулата светски универзитетски шампион. Неговиот пат до златото беше обележан со доминантни победи во групната фаза и елиминациите, вклучувајќи ги дуелите со:

Мартин Асерето од Чиле (7-0)

Хосеин Вафа од Иран (5-5)

Сирапат Чимвонг од Тајланд (3-0)

Кабело Заморан Шоте од Шпанија (8-0)

Хосеин Вафа од Иран (8-4) во полуфиналето)

Младиот каратист на Макпетрол рангиран е на 4-то место во ТОП 10 најуспешни спортисти на светското првенство во Бразилија, со два освоени медали еден златен и еден сребрен медал.

Покрај индивидуалниот успех на Јовановиќ, македонската репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот на репрезентацијата Петар Заборски оствари значајни резултати во екипна конкуренција. Машката репрезентација во кумите се закити со сребрен медал, откако во полуфиналето ја совлада силната селекција на Турција со 3-1, додека во финалето загуби од Шпанија.

Женската селекција го освои бронзениот медал, оствари победи со Австралија и Чиле, потврдувајќи го континуитетот на квалитет во македонското карате. Овие резултати се постигнати во конкуренција на околу 1.500 спортисти од 46 земји, што дополнително ја зголемува тежината на освоените одличја.

Успешната серија на македонскиот тим ја отвори Стефан Стојановиќ, кој исто така е член на К. К. Макпетрол, тој освои бронзен медал во категоријата над 84 килограми. Неговиот успех беше клучен за подигнување на моралот на целата експедиција, која броеше 10 каратисти од пет различни универзитети.

Оваа генерација спортисти докажа дека систематската работа и дисциплината се клучни фактори за успех на највисоко светско ниво.

Настапот во Бразилија ја истакнува важноста на универзитетскиот спорт како мост помеѓу академското образование и врвните спортски достигнувања. Успехот на македонските студенти-спортисти не е случаен, туку резултат на долгогодишна работа во клубовите, како што се КК Макпетрол, Штип, Цветан Димов, Куштрими и Арена. Инвестицијата во овие млади луѓе се покажа како стратешки исправна за македонскиот спорт.

Селекторот Бошко Заборски:- истакна дека овој резултат е потврда за конкурентноста на македонските каратисти на светско ниво. Освоените медали, светската титула и тимските пласмани меѓу најдобрите во светот претставуваат еден од најголемите успеси во историјата на универзитетскиот спорт во Македонија. Но, можеби уште повредна од самите медали беше пораката што ја испрати оваа генерација спортисти. Во составот на репрезентацијата имаше каратисти Македонци и Албанци, момчиња и девојки од различни средини, обединети околу една цел – да ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин. Под македонското знаме тие покажаа дека успехот нема етничка, верска или политичка припадност. На татамито настапуваа како еден тим, како една репрезентација и како едно семејство. Токму затоа овој успех има многу поголемо значење од освоените медали.

Оваа селекција покажа како треба да изгледа претставувањето на Македонија во светот – преку знаење, квалитет, меѓусебна почит, единство и заедничка борба за државните бои. Во време кога општеството често се дели по различни основи, овие спортисти покажаа дека најсилни сме кога сме заедно. Тие не освоија само медали, туку и почит, и станаа пример како се гради успешна и обединета Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер