Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
3Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
Други спортовиИсториска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минутиЕјтрем постави време од 5:58,52 минути, речиси две секунди побрзо од претходниот рекорд.Последната етапа од Светскиот куп во брзо лизгање пред стартот на Зинските олимписки игри 2026 донесе историска трка на 5.000 метри во која светскиот рекорд беше два пати соборуван, а Норвежанецот Сандер Ејтрем стана првиот кој ја мина патеката за помалку од шест минути. Ејтрем постави време од 5:58,52 минути, речиси две секунди побрзо од претходниот рекорд, што пресметано значи дека Норвежанецот лизгаше со просечна брзина од над 50 километри на час. Само десетина минути претходно на трката на 5.000 метри, досегашниот рекордер Французинот Тимоти Лубино постави нов рекорд на патеката, со време од 6:03,65 минути. Тоа беше секунда побрзо од претходниот светски рекорд и се веруваше дека остатокот од натпреварувањето ќе биде само формалност. Сепак, 23-годишниот Норвежанец настапи во последниот пар, со уште помладиот и исклучително талентиран Чех Методи Јилек, а двајцата се „бркаа“ до последната рунда, кога Јилек се откажа, а целата сала сфати дека сензација е на повидок. Тренерот на Ејтрем плачеше покрај патеката додека неговиот пулен ги фрли своите скапи очила во публиката, ниту самиот не верувајќи во резултатот на семафорот. Очилата не му беа вратени, но подоцна му беше врачен златен прстен со посвета за постигнатиот рекорд. /МИАТагови: брзо лизгање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаДимитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во БангкокМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици. Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување. Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек. Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи. На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции. Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчилиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерацијаСо ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација. Уште во 2023 година во Општина Карпош почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на националната пливачка федерација на македонија. Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сосВо вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.Состојки за денешниот рецепт: 5 зелени пиперки 2 црвени пиперки 3 домати 3 чешниња лук 80 гр. фета сирење 2 млади кромитчиња масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter