Историска сензација: Нигерија го совлада американскиот „Дрим Тим“ - Канал 5

Историска сензација: Нигерија го совлада американскиот „Дрим Тим“

Кошаркарската репрезентација на САД синоќа во Лас Вегас загуби од Нигерија со 90:87 во подготвителниот натпревар за Олимписките игри.

Историска сензација: Нигерија го совлада американскиот „Дрим Тим“

Дрим Тим, кој според обложувалниците е фаворит со 28 поени, загуби од африканската репрезентација за прв пат во историјата. За Соединетите Држави, меѓу другите, играа и Кевин Дурент, Демијан Лилард, Дрејмонд Грин и Кевин Лав, но немаа решение против репрезентацијата предводена од поранешниот селектор на Голден Стејт, Мајк Браун.

За Американците, ова требаше да биде тренинг пред Токио, но се претвори во една од најголемите сензации во историјата на меѓународната кошарка. Дрим Тим имаше десет поени предност во втората четвртина, но одличната Нигерија се врати и практично го контролираше мечот до самиот крај во последната четвртина.

Најдобар на паркетот беше Гејб Винсент од Мајами, кој постигна 21 поен, додека кај Американците најефикасен беше Кевин Дурент со 17 поени.

Четворица играчи од најдобрите пет на Нигерија играат во НБА, а Винсен, Прешес Ачиува и К K Окпала играат заедно во Мајами. Америка играла против Нигерија на пријателски натпревар во 2016 година и загуби 44 поени, а на Олимписките игри во Лондон Дрим тимот славеше со предност од 83 поени (156: 73), најголемата разлика во историјата на Игрите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство

Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето.

Фрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство

Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола врз правосудството.

Бандата бара спас од одговорност за криминалот, и тоа во контролирано судство и обвинителство.

Еве кои предлозите се буткаат за нови членови на Судскиот совет.

Кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО.

Позната по јавните фалби на Мицкоски на социјалните мрежи. „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“, вака го фалела Алексовска Мицкоски.

Во изборот на свои кадри во судството Мицкоски очигледно најмногу бодови носат јавните фалби за него на социјалните мрежи. Каков критериум.

Вториот кандидат, Џоко Диков исто така се врзува со ВМРО. Но скандалот тука е поголем затота што имал и кривична пријава.

Има фотографии со членови на ВМРО-ОКГ, пратеници, градоначалници. Една од нив, на прослава на победата на градоначалникот на Ново Село, исто така од ВМРО.

Партиските критериуми ги задоволил. Ајде да видиме дали ги задоволил стручните.

Диков го застапувал градоначалникот на Ново Село, против еколошките активисти а имал и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Граѓаните сами нека проценат.

Ова се кадрите на Мицкоски, новите кандидати за судии од тефтерчето со кои треба да продолжи партизацијата и да се воспостави целосна контрола на правосудството.

Јавноста веќе знае дека тој процес е започнат и трае.

Данка Ристова, сопруга на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од ВМРО веќе беше избрана за членка на Судскиот совет.

Потоа, нејзиниот сопруг - Ацо Ристов Мицкоски си го избра за претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Поранешен градоначалник од ВМРО сега е на чело на регулатор кој треба да е независен, а неговата сопруга е во телото што одлучува за судиите.

Едни исти луѓе, врзани со Мицкоски треба да контролираат бизниси и судии.

Класична мафијашка структура.

Независните обвинители ги менува и ги нарекува медиокритети при телевизиско гостување, а новите ги поставува во живо. Нарачува процеси по телефон и од собраниската говорница.

Вториот извештај на ЕК во делот на судството е катастрофален. Наскоро се очекува третиот. Сето ова го прави затоа што не му е гајле за ЕУ. Се плаши од одговорност.

Со банда, нема независно судство. Има систем на контрола. Нема правда – напротив, има неправда.

СДСМ бара повлекување на овие предлози и избор на стручни и независни кандидати за судскиот совет.

Нашата порака е дека никој нема да се спаси, одговорност ќе има.

Кога власта ќе се врати во рацете на народот, целата бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред европско обвинителство.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто

Објектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот квалитет.

МОН: Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто

Во добри услови и пријатна средина, мотивацијата за учење е поголема и затоа пред две години Владата и општините се обединија околу еден приоритет - да вложиме во инфраструктурата и да го зајакнеме овој столб на образованието. По две години делата се видливи. Ова училиште е резултат на тие заеднички заложби.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешното пуштање во употреба на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба, каде заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот Бобан Стефковски, на учениците и наставниците им посакаа многу успеси и убави спомени.

„Дојде моментот бараките зад нас да заминат во историјата. Со среќа нека се користи новиот училишен објект. Навистина е прекрасен и знам дека ќе биде инспирација и за учениците и за наставниците“, рече Јаневска додавајќи дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата, затоа што, како што нагласи - сите деца заслужуваат еднаков пристап до квалитетни услови за образование.

„Ќе потсетам дека за две години реализираме 90 проекти во вредност од 70 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука и другата половина преку повикот на Владата за финансирање на капитални проекти на општините. Еден таков проект е токму ова училиште и благодарност до градоначалникот што се ангажираше да го подготви, да аплицира за средства и да го опреми објектот. Благодарност и до премиерот кој ја покрена оваа иницијатива – одеднаш да градиме и да изградиме многу нови образовни и спортски објекти на целата територија на Македонија“, додаде Јаневска.

Новиот објект има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новaтa „Tesla“ лебдеше пред публиката (ВИДЕО)

Американската компанија „Tesla“ претстави нова генерација на својот електричен спортски автомобил „Roadster“ – речиси девет години откако моделот беше првично најавен.

Новaтa „Tesla“ лебдеше пред публиката (ВИДЕО)

Од „Tesla“ тврдат дека ова возило, опремено со ракетни потисници развиени во соработка со „SpaceX“, може да забрза од нула до 100 км/ч за помалку од една секунда. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, најави дека производството на новиот „Roadster“ се очекува да започне во 2028 година, пренесува „CNBC“.

„Вечерва ќе видите неверојатни работи. Ќе ги видите резултатите од соработката помеѓу најдобрата автомобилска компанија во светот и најдобрата компанија за ракети во светот“, изјави Маск за време на претставувањето на новиот модел, што се одржа во четвртокот вечерта на полигонот за тестирање на „SpaceX“ во Мекгрегор, Тексас.

За време на презентацијата, бел спортски автомобил со две седишта се движеше по закривена рампа, прилепен за нејзината долна страна, по што се одвои, се заврте во воздух и полека лебдеше пред да слета на земјата. Компанијата сподели снимка од овој момент на платформата „X“ со натпис: „Real life, baby“.

Според мерењата на самата компанија, возилото може да забрза од нула до приближно 97 километри на час за помалку од една секунда. „Tesla“ сè уште ја нема објавено цената на новиот модел, ниту пак ги има обелоденето целосните технички спецификации за сите најавени верзии.

Ракетна технологија

Новиот „Roadster“ е развиен со фокус на намалување на тежината и вклучува систем за управување преку електронски сигнали (т.н. „steer-by-wire“, со што се елиминира механичката врска помеѓу воланот и тркалата), управувач во форма на буквата „J“, како и технологии од „SpaceX“. Тука спаѓаат ракетни потисници, композитни компоненти и моќни вентилатори кои создаваат потисна сила кон подлогата („downforce“), овозможувајќи изведување неконвенционални маневри.

Според претходните најави на „Tesla“, потисниците се наменети за подобрување на забрзувањето и сопирањето, додека напредните аеродинамички системи треба да ја зголемат стабилноста и прилепувањето на возилото за подлогата. Маск изјави дека новиот „Roadster“ нема да го содржи системот „FSD“ (целосно автономно возење) на „Tesla“ и дека ќе биде последниот автомобил на компанијата дизајниран да биде целосно управуван од човек. Во текот на изминатите неколку недели, „Tesla“ повторно овозможи резервации за новиот „Roadster“, при што од купувачите во САД, Канада и Кина се бара депозит од 50.000 долари. Компанијата започна да прима депозити за ажурираниот модел уште во 2017 година, но оттогаш постојано ги одложува најавените датуми за испорака.

Маск за првпат го претстави концептот на новата генерација на „Roadster“ во ноември 2017 година, а следната година најави можност за вградување на пакет од „SpaceX“, кој вклучува повеќе мали ракетни потисници поставени околу возилото.

Претставувањето на новиот модел доаѓа по години одложувања, во текот на кои некои купувачи чекаат испорака уште од моментот на нивните првични резервации. Меѓу нив е и Сем Алтман, ко-основачот на „OpenAI“, кој минатата година јавно го критикуваше долгото чекање, по што му беше вратен уплатениот депозит.

Дизајн инспириран од воздухопловството

Надворешниот дизајн на автомобилот се одликува со скриени предни светла, задно светло што се протега по целата ширина на возилото и аеродинамични елементи интегрирани во каросеријата. Тркалата со тенки краци се конструирани така што обезбедуваат мала тежина и висока структурна цврстина.

Од „Tesla“ наведуваат дека бојата „Ano White“ е инспирирана од технологиите во воздухопловната и вселенската индустрија и е дизајнирана да обезбеди заштита од ултравиолетово зрачење, екстремни температури и корозија. Стаклото со златеста нијанса потсетува на визирите на вселенските костими, додека деталите од титаниум придонесуваат за футуристичкиот изглед на возилото.

Ентериерот е опремен со седишта за две лица, со употреба на бели материјали и детали изработени од сива еко-велур ткаенина.

Компанијата нагласува дека намалувањето на тежината било клучна цел при развојот. Конструкцијата вклучува магнезиум, титаниум и јаглеродни влакна, заедно со поедноставени контроли и фиксни седишта – сè со цел автомобилот да реагира што е можно подиректно на командите на возачот.

Три пакети опрема

Една од највпечатливите карактеристики на „Roadster“ е системот што се состои од вентилатори и заптивки на подвозјето, кои создаваат потисна сила кон подлогата („downforce“). Според „Tesla“, системот го повлекува воздухот од под автомобилот, создавајќи доволно сила за да го задржи возилото на место – дури и кога е свртено наопаку.

„Tesla“ исто така воведе технологија на потисници на ладен гас, кои користат електрични актуатори за прецизно насочување на потисокот и стабилизирање на возилото додека е во движење. Според соопштението на компанијата, моделот „Roadster“ ќе се нуди во три конфигурации со различни нивоа на перформанси.

Основната верзија, наречена „Performance“, е наменета како за возење на пат, така и за на тркачка патека, таа располага со две седишта, активна аеродинамика и систем за вшмукување воздух под возилото, кој работи во повеќе режими.

Верзијата „Augments“ — ограничено издание — исто така има две седишта, но на задниот дел од возилото вклучува потисни млазници на ладен гас.

Најнапредната верзија, „Rocket“, ќе биде достапна само со покана и е дизајнирана за еден патник. Покрај системот за зголемување на притисокот кон подлогата („downforce“), таа ќе поседува и потисни млазници распоредени околу периметарот на возилото, наменети за овозможување забрзување напред и движења нагоре, како и странични и ротациони движења.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер