Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
ЕвропаИсториска одлука во Франција: Воведено е правото на асистирана смрт По неколкугодишна дебата, законот со кој се воведува правото на асистирано умирање во Франција беше објавен во Службениот весник во среда, 19 август.По неколкугодишна дебата, законот со кој се воведува правото на асистирано умирање во Франција беше објавен во Службениот весник во среда, 19 август, откако претседателот Емануел Макрон го прогласи, објавува „Ле Монд“. Законот, кој беше одобрен од Уставниот совет во петок, 14 август, со одредени резерви, го воведува правото на асистирана смрт под одредени услови. Пациентот може да си администрира смртоносна супстанца во присуство на здравствен работник. Единствен исклучок е кога пациентот е физички неспособен да го стори тоа - во тој случај смртоносната супстанца може да ја администрира здравствен работник. Après le feu vert du Conseil constitutionnel en fin de semaine dernière, la loi sur la fin de vie a été promulguée par Emmanuel Macron. Elle a été publiée ce mercredi au Journal officiel après quatre ans d’âpres débats parlementaires ➡️ https://t.co/c6d2r8Xgiu pic.twitter.com/YSI085EQFO — Le Parisien (@le_Parisien) August 19, 2026 Мора да бидат исполнети неколку услови. Пациентот мора да биде полнолетен, француски државјанин или долгогодишен жител на Франција, мора да страда од „сериозна и неизлечива“ болест која е во терминална или напредна фаза, да трпи неподнослива физичка болка и да биде способен да донесе информирана одлука до крај. Дали некое лице се квалификува се одлучува преку постапка водена од еден лекар, со вклучување на други здравствени професионалци. La Proposition de Loi sur l’aide à mourir devient La Loi.Le Conseil constitutionnel vient de déclarer conforme l’ensemble du texte. Je prends acte des 3 réserves qui ne remettent pas en cause ce droit fondamental désormais validé.Une très grande avancée qui se concrétise enfin! pic.twitter.com/YXFZcEXQgo — Olivier Falorni (@OlivierFalorni) August 14, 2026 Ограничен број земји Пред здравствените работници да можат да започнат со спроведување на законот, кој конечно беше одобрен од парламентот кон средината на јули, француската влада ќе мора да ги донесе потребните подзаконски акти. Релативно мал број земји веќе воведоа такво право, вклучувајќи ги Белгија, Холандија, Швајцарија, Канада и Уругвај. Во одлука донесена во петок, Уставниот совет, со кој претседаваше Ришар Феран, пресуди дека ниту една од одредбите на законот, кој претставува една од најзначајните социјални реформи од вториот мандат на Емануел Макрон како претседател, не е во спротивност со Уставот. Шефот на државата ја поздрави одлуката, велејќи дека таа „завршува соодветна демократска дебата“. Поранешниот пратеник на МоДем, Оливие Фалорни, кој го напиша законот, рече дека тоа е „голем чекор напред што конечно станува реалност“. Од друга страна, Фондацијата „Жером Лежон“ го изрази својот „гнев“ поради одлуката, а нејзиниот став беше поддржан од здружението „Les Éligibles et leurs aidants“, кое предупреди на „апсолутната опасност што овој закон ја претставува за најранливите“. Уставниот совет го разгледа законот пет пати Текстот на законот, на кој му претходеше граѓанска конвенција побарана од Макрон, а потоа и бројни парламентарни размислувања и измени, повторно отвори длабоки социјални поделби. Спротивставувањето од верските заедници, како и од некои здравствени работници, повторно излезе на виделина. Фактот дека до Уставниот совет беа поднесени не помалку од пет барања за преиспитување на законот дополнително покажа колку беа интензивни дебатите. Едно од овие барања беше поднесено, невообичаено, од самиот премиер Себастијан Ле Корнеј, кој ја предводи владата составена од политичкиот табор на Макрон, кој претежно го поддржува законот, но не е целосно обединет по ова прашање, и републиканците, кои претежно се спротивставуваат на него.Тагови: смрт Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter