Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп - Канал 5

Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп

Американката Микаела Шифрин се запиша во историјата на алпското скијање, откако попладнево ја забележа победата број 100 во Светскиот куп.

Историска 100. победа за Шифрин во Светскиот куп

Шифрин до историското достигнување дојде на 29 годишна возраст со триумфот во слалом во Сестриере, Италија.

Вкупното време за Американката која е 1:50.33 минута за трета победа оваа сезона и вкупно 63. во слалом.

Второто место го освои Зринка Љутиќ од Хрватска со заостанување од 61 стотинка, додека трета беше Пола Молцан од САД со 64 стоти делови од секундата послабо време од сонародничката.

Љутиќ е нов лидер во поредокот во слалом со 489 бодови, пред Камила Раст (Швајцарија) со 450 и Катарина Линзбергер (Австрија) со 384./МИА

Објавени се последните зборови на Папата

Последните зборови на папата Франциск во понеделникот беа благодарност на неговиот здравствен асистент кој му помогнал да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар од папамобилот еден ден претходно, на Велигден.

Објавени се последните зборови на Папата

„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Францис на Масимилијано Страпети, кој му пружил 24-часовна нега на папата во изминатиот период, објавија денеска официјалните медиуми на Ватикан, пренесе Индекс.

Почина по мозочен удар

Франциск (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и се чинеше дека е подобро.

Последните денови ги помина работејќи, спротивно на советите на лекарите кои му наложија да одмори најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне. Во недела, Велигден, на плоштадот Свети Петар го пречекаа околу 35 илјади верници. Папата седна на подигнато столче во задниот дел од Папамобилот.

Верниците извикуваа „вива ил папа“ (да живее папата), а неговото возило запре неколку пати за да може Франциск да ги благослови бебињата што му ги донеле неговите помошници.

„Тој не страдаше, сè се случи многу брзо“

Остатокот од неделата Папата го поминал вообичаено, имаше „тивка вечер“. Првите знаци на влошување на здравјето се појавија во понеделник наутро во 5:30 часот.

„Нешто повеќе од еден час подоцна, гестикулирајќи со раката кон Страпети, Папата падна во кома“, објави Ватикан. „Тој не страдаше и сѐ се случи многу брзо“, се вели во соопштението и се додава дека Франциск починал откако „повторно ги прегрнал луѓето, по долго време“.

Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, по реакциите во дел од јавноста дека во околината на градот се шири токсична прашина.. 

РЕК Битола

Километарскиот облак од пепел и прашина во Пелагонија кој произлезе од РЕК Битола го вклучи алармот кај битолчани кои со бурните реакции на социјалните мрежи, преку видеа и фотографии го активираа и тамошното обвинителство да отвори предмет. Од инспекторатот за животна средина, по барање на обвинителството веќе извршиле вонредна инспекција во која се утврдени недостатоци во одлагањето на пепелта, а воедно се истражува и дали испуштеното од електранта е токсично.

„Надзорот беше извршен и беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина/пепел на одлагалиштето за пепел поради што ДИЖС наложил на РЕК Битола да ги отстрани утврдените недостатоци и да постави резултати за извршени мерења на амбиенталниот воздух на одлагалиштето за пепел во рок од 30 дена од извршениот надзор.“

Од РЕК Битола пак велат дека според мерењата од акредитирана лабораторија, не биле надминати вредносните граници на загадување, но уверуваат дека станува збор за децениски проблем кој сега се решени да го отстранат и да воспостават одржливо работење според сите еколошки стандарди.

„Сите раководства претходно го имале овој проблем, е сега, начинот со поместување на траката, кое што е предвидено и се врши веќе, од 25ти април, ќе продолжи директно во касета и со тој начин гледаме да го минимизираме делот кој што одлетува во воздухот при спуштањето на пепелта во касетата. Во испитуваниот период не е надмината 24 часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани честички ПМ10.“

Екоактивистите пак од Битола се скептици дека нешто ќе се промени, оти велат ова е проблем со кој граѓаните се соочуваат 30тина години, поради кој битолчани, а особено оние кои живеат во околината на комбинатот, се почесто завршуваат на онкологија.

„Онкологија ќе ви каже кои се најбројни пациенти кај нив, од карциномот и од лошото не можеш да „куртулиш“, не познавам човек кој нема негов пријател или роднина, познаник, да не се лечи од канцер или да не му починал некој од канцер. РЕК Битола со неговото несоодветно справување со животната средина е голем причинител на такви заболувања, за респираторни да не зборуваме, во тие населени места нема новороденче или дете до 10 години кое нема респираторни проблеми.“

Градоначалникот на Битола,Тони Коњановски побара институциите соодветно да се справат со овој проблем и истиот итно да биде решен за благосостојба на граѓаните.

Инаку, РЕК Битола има обрска до крајот на април да врши мерења на воздухот, а потоа истите инспекторатот да ги достави до Обвинителството, по што тоа ќе одлучи дали ќе продолжи со предметот кој е отворен.

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава.

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Ова доаѓа на барање на „ОНЕ Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4ИГ“ ја регистрираше во државава, по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар.

Писмо за искажување интерес треба да се достави до АЕК до 16 мај годинава, а од резултатот на јавната расправа согласно законот за електронски комуникации ќе се одлучува за идните чекори за објавата на тедерот.

притисни ентер