Историја на 10 години: Ахмет од Македонија освои силен шаховски турнир во Србија - Канал 5

Историја на 10 години: Ахмет од Македонија освои силен шаховски турнир во Србија

Со само 10 години, Ахмет Селим Абдурахман од Скопје го освои првото место во „Б“ категоријата (U1900Elo) во рамки на Меѓународниот „опен” во Парачин, Србија.

Историја на 10 години: Ахмет од Македонија освои силен шаховски турнир во Србија

Младиот шахист го заврши турнирот со 7 поени од девет партии, без ниту еден пораз, ремизирајќи во 4 партии и стана првиот десетгодишник од Македонија што го освоил овој настан.

Турнирот во Парачин бележи долгогодишна традиција со ФИДЕ-рејтинг листа на која учествува силна конкуренција од различни возрасни категории и повеќе европски земји, што ја нагласува тежината на овој успех.

Ахмет не е изненадување за македонскиот шах, тој веќе неколку години наназад реди успеси на домашната и на меѓународната сцена. Шаховската јавност го препознава како двократен државен првак на Македонија до 8 и до 10 години, а меѓународните победи го издвојуваат како еден од најталентираните млади шахисти. Издвојуваме дел од нив:

● 2022 – прво место на „Керванос“ во Солун, Грција (Б категорија, 7/7 поени);

● 2024 – прво место на „Виктори куп“ во Благоевград, Бугарија (до 10 години);

● 2025 – прво место на „Хереја Дружба“ во Софија, Бугарија (до 10 години, максимални поени);

● повеќекратен победник на меѓународниот турнир „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, со прво место во категориите до 8, до 10 години и како најмлад освојувач во категоријата до 14 години во 2025 година

● Државно екипно првенство на Македонија 2025- Освоено прво место и златен медал

● како член на Капабланка - поединечно најдобра прва табла со освоени максимални бодови;

● 16. Меѓународен шаховски турнир Квалитет 2025-освоено прво место на категорија до десет години на опен турнир со конкуренти до 21 година;

Победата во Парачин е уште еден показател за континуитетот и зрелоста на младиот македонски шахист. Со ова, Ахмет ја потврдува својата позиција како еден од најперспективните млади шахисти во Македонија и регионот, а неговите настапи веќе ја надминуваат локалната сцена и привлекуваат внимание на меѓународната шаховска сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника.

Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор.

Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење.

60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

За 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци.

Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло.

-Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

На владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

Во продолжение погледнете ја целосната изјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер