СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
2СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
НБАИсток со пресврт до триумф на НБА „Ол старот“, Кајра Ирвинг МВПКошаркарите од „Истокот“ постигнаа победа во ноќешниот дуел против „Западот“ на „Ол стар“ натпреварот одигран во Њу Орлеанс. На крајот Исток славеше со 163:155. Кон средината на третиот период победникот направи пресврт и негативата од 18 поени, ја претвори во победа. Признанието МВП (најкорисен) на натпреварот му припадна на играчот на Кливленд Кајри Ирвинг, кој постигна 31 поен (14/17 шут од игра), а имаше и 14 асистенции и 5 скокови. Свое шоу имаа и Кевин Дјурант и Блек Грифин, кои постигнаа по 38 поени. Грифин имаше десетина забивања, а Кармело Ентони постигна 8 тројки. Беа соборени уште неколку рекорди, а единствен без поен беше Дирк Новицки. Дел од „Ол стар“ викендот во НБА лигата беше и македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој во петокот вечер беше дел од „Рисинг старс челинџ“, но поради повреда натпреварот го следеше од клупата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со РоманијаБеспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook