ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
СветИсточниот брег на САД се подготвува за уште една силна снежна бураНова снежна бура му се заканува на источниот брег на САД, бидејќи на места, вклучувајќи го и Њујорк, се очекува снежна покривка од над 30 сантиметри, соопшти Националната метеоролошка служба.По силната зимска бура кон крајот на јануари, големите градови во североисточниот дел на САД, како што се Њујорк, Филаделфија, Бостон и главниот град Вашингтон, се подготвуваат за нови снежни врнежи и бурни ветрови. „Во Бостон може да паднат од 30 до 60 см снег. Поради снегот во некои делови од источниот брег, ситуацијата со патиштата може да стане комплицирана, а движењето може да стане речиси невозможно, соопшти метеоролошка служба и предупреди за ризикот од прекин на електричната енергија. Во Делавер и Њу Џерси се очекуваат и поплави. За силна бура се подготвуваат и властите и жителите на Њујорк. „Засега очекуваме меѓу 33 и 43 см снег, но може да достигне 50 или повеќе сантиметри. Ги молам сите жители на Њујорк да останат дома и да избегнуваат патувања“, рече градоначалникот на градот, Зохран Мамдани, на брифинг со новинарите и предупреди дека патувањето утре наутро може да биде исклучително опасно. Кон крајот на јануари, неколку региони на САД ги зафати силна зимска бура, која, според информации на властите, однесе повеќе од 100 жртви.Тагови: САД снежна бура Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook