3Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата
МакедонијаИстекува уште една работна недела, учебници во училиштата нема Дел од основците и оваа недела продолжија да ја следат наставата без учебници. Иако според ветувањата на минстерот Шакири учебниците за шестооделенците уште во петокот требаше да бидат доставени до училиштата и дека доколку има потреба дистрибуцијата ќе продолжи и за време на викендот, сепак во дел од училиштата со кои Канал 5 стапи во контакт, наставата се уште тече без учебници. Додека од МОН за Канал 5 и денеска уверуваат дека испораката на учебниците за шесто одделение е во тек, а за третооделенците биле испорачани уште во септември, од училиштата кои ги контактиравме велат дека досега или не добиле ниту еден учебник за шесто или дека им бил доставен само еден. А наспроти тврдењата од МОН дека учебниицте за третооделенците уште претходниот месец стигнале во рацете на учениците, во училиштето Ѓорѓија Пулевски во скопски Аеродром наставата за трето оделение, како што тврди директорот, и понатаму се одвива без ниту еден учебник. Инаку, ресорниот министер уште лани убедуваше дека нема да дозволи тековната учебна година да стартува со старите проблеми и без учебници, а од првиот училишен ден во неколку наврати ветуваше дека учебници ќе има прво до средината, па до крајот на септември, сепак наставата за учениците старуваше без 43 од вкупно 123 учебници по задолжителните предмети. Неодстигот на скоро една третина од учебниците на стартот на учебната година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го оцени како огромна нееднаквост и дискриминација на илјадници ученици, поради што најавија и тужба против МОН. Кога истата ќе биде поднесена пред граѓанскиот суд, нема конкретна информација, меѓутоа ова е прв случај во кој минситерството ќе добие тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес, поради недостиг на учебници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЕгипетска водителка е осудена на смрт поради трговија со дрога Египетски суд ја осуди познатата ТВ водителка Сара Калифа и уште 11 други лица на смрт за производство и трговија со дрога во голем судски процес. 39-годишната Калифа беше обвинета за организирање криминална група која произведувала и продавала дрога, објавува „Гардијан“. Калифа е најпозната по нејзината емисија „Невозможна мисија“, која се занимаваше со теми за безбедноста и криминалот. Покрај нејзината телевизиска кариера, таа е сопственичка на клиника за естетска хирургија и продуцентска компанија за организирање настани. Судот во Каиро ги прогласи дванаесетте обвинети за виновни за формирање организирана криминална група. Според пресудата, групата набавувала суровини за производство на наркотици со цел да ги продава и поседувала нерегистрирано огнено оружје и муниција. Пресудата со која се наложува смртна казна со бесење е донесена по задолжителна консултација со големиот муфтија на Египет, постапка што е законски пропишана во случаите на смртна казна. Дозволена е жалба против пресудата. Државниот весник „Ахбар ел-Јом“ наведува дека обвинетите произведувале синтетички дроги и увезувале суровини од странство. Според весникот „Ал-Ахрам“, властите заплениле повеќе од 750 килограми наркотици и суровини. Истрагата, исто така, пронашла два стана што служеле како лаборатории, како и нерегистрирано оружје и муниција. Во посебна постапка, судот ги осуди Калифа и другите на пет години затвор за киднапирање и напад врз млад човек. Египетското законодавство применува смртна казна за убиство со умисла, тероризам, одредени кривични дела силување и трговија со дрога. Според податоците на Египетската комисија за права и слободи, во земјата во 2025 година биле изречени 541 смртни казни.Тагови: водителка дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
МакедонијаФинец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава24 годишната Доминиканка Џохира Мола е новата Мис на светот (ВИДЕО)Претставничката на Доминиканската Република, 24-годишната Џохири Мола, е новата Мис на светот.Таа ја освои круната на крајот од 73-то издание на изборот за Мис на светот што се одржа во Виетнам. Мола ја зеде круната од минатогодишната победничка, Тајландката Сучата Чуангсри. Шпанката Елизабет Рејнес беше прогласена за прва придружничка, а претставничката на Малезија Таанусија Чети беше втора придружничка. Која е новата Мис на светот? Новата Мис на светот доаѓа од Санто Доминго, а покрај нејзината кариера како модел, таа се издвојува по своето образование и општествена вклученост. Дипломирала бизнис менаџмент и администрација на Универзитетот во Ибероамерика (UNIBE), а се занимава и со образование и хуманитарна работа. Нејзиниот пат до светската круна започна со нејзината победа на националниот избор за Мис Мундо Доминикана 2025 во Пунта Кана. По таа победа, таа зборуваше за поддршката што ја добила за време на натпреварот. „Му благодарам на Бога, ова е жив доказ дека границите не постојат. Поддршката што ја добив од првиот ден, кога на прес-конференцијата објавив дека ќе учествувам, беше неверојатна. Сите беа со мене на секој чекор“, рече таа тогаш. Победата на Мола има посебно значење за нејзината земја. Таа е само втората претставничка на Доминиканската Република што ја освоила титулата Мис на светот. Пред неа, Маријасела Алварез успеа во ова во 1982 година, па земјата чекаше повеќе од четири децении за нова круна.Тагови: Мис на светот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34