По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
1По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
3По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
МакедонијаИстекува рокот за притворот на Груби – ќе има ли обвинение или тој ќе се брани од слобода?Обвинение сè уште нема, а се доближува законскиот рок по кој поранешниот вицепремиер може да излезе од домашен притвор. Доколку обвинителството не подигне обвинение до 22 август, кога истекува актуелната мерка, преистражната постапка ќе може да продолжи, но исходот Груби ќе го чека од слобода. Обвинителството молчи дали до истекот на рокот ќе донесе конечна одлука, со образложение дека постапува во рамките на законските рокови. Во меѓувреме, растат политичките тензии и меѓусебните обвинувања за тој кој ќе сноси одговорност околу случајот Груби. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиско гостување во Приштина, изјави дека тој бил тој што побарал од Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку злоупотребил неговата доверба: „Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ‘Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш.’ Тој се заколна дека ќе работи чесно, а единствениот одговор што ми го даде беше: ‘Работев чесно.’ Јавно побарав, а истовремено вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но не сакам селективна правда, туку вистинска правда. Мислам дека работите одат добро – првото нешто е да се ослободи од домашен притвор, па да видиме како ќе продолжи." изјави Али Ахмети – ДУИ. Владејчката ВРЕДИ деновиве обвинува дека истрагата против Груби се води бавно и нетранспарентно. Партијата тврди дека тој знае клучни детали за случајот „Лотарија" и бара Обвинителството јавно да образложи зошто сѐ уште нема обвинение. На навестувањата дека Груби може да излезе од притвор за десетина дена поради непостоење обвинение, реагираше и СДСМ, оценувајќи дека патот на Груби од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода не е случаен. „Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок. И сега се поставува логичното прашање: кога Груби ќе биде слободен, дали повторно СДСМ и Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни?", велат од СДСМ. Според информациите, во досегашниот тек на постапката Груби и неговата одбрана се запознаваат со доказите, а неофицијално, по неколку месеци од враќањето неодамна конечно бил спроведен да даде исказ пред јавниот обвинител. Заедно со Груби, осомничени за злоупотреба на Државната лотарија се и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е сè уште во бегство и неколку други лица. Според обвинителството, штетата надминува 8 милиони евра, а делото носи затворска казна од најмалку 4 години.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветПо нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниитеЈеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно. Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter