БалканИстекоа 82.000 литри нафта од српска рафинерија, можно е загадување на ДунавОколу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот.Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево.. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав. Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението. Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав. Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент. Тагови: нафта рафинерија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаУставниот суд пресече – лекарите во јавното здравство можат да работат дополнителна работа Лекарите од јавното здрваство ќе продолжат и натаму да работат и приватно во болниците.. Термин нема со месеци, ама ако платиш приватно во државна болница, попладне, веднаш ќе може да направиме интервенција. Ваков одговор со години добиваат дел од пациентите кои се принудени за истата услуга што им следува со платените придонеси, сепак, пак да си извадат пари од џеб и да си платат за да не чекаат со месеци. Оваа пракса продолжува да се спроведува низ клиниките, особено откако и Уставниот суД неделава ја отфрли иницијативата со кои беа оспорени законите што им овозможуваат на лекарите да вршат прегледи и операции во јавните институции по регуларното работно време. Министерот за здравство Сашо Клековски ја поздрави одлуката и смета дека на тој начин се задржуваат нјадобрите лекарите во јавното здравство, но сепак најави можни законски зимени со кои би се прецирал начинот на дополнителна работа.. Иако според Уставен законската регулатива сама по себе не претставува уставно проблематична категорија, постои зголемен ризик за корупција, бидејќи лекарите ги користат просториите, медицинската опрема и помошниот персонал на јавните установи за услуги што ги даваат приватно, односно за тоа земаат дополнителен хонорар што не би го зеле ако терминот бил во регуларно работно време, велат за Канал 5 од невладината организација ЕСЕ. Решение за проблемот има, а тоа се јавни и транспарентни листи на чекање, јасни термини кои ќе бидат предвидени за месеците што следуваат, но и строг надзор, вели Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. „Треба добро не се контролира кој се се упатува на дополнителна дејност, дали пациентот бил комплетно, за се добро информиран, колку е реалната листа на чекање во јавната здравствена установа, а колку пациенти одат на дополнителна дејност. Сето тоа треба да се контролира и од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување. Само тогаш, ако не се избегне, сосема ќе се намали значително корупцискиот ризик од дополнителната дејност. Но, се додека е оставено вака, без соодвентни контроли, без транспарентни листи, без информираност на пациентите дополнителната дејност ќе претставува корупциски ризик.“ Здравствените власти сметаат дека дополнителната дејност не може да се укине особено бидејќи општи болници од внатрешноста функционираат со позајмени доктори од клиниките од Скопје, но е и мотив за најдобрите доктори да останат во јавното здравство. Сепак најавија законски измени бидејќи неприфатливо е болниците да немаат ни обврска да го известуваат Министерството во кои дејности и кои доктори вршат дополнителна работа, како што е случај во изминатите три години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски Македонија го задржа трендот и годинава бележи пораст на бројот на странските туристи... Над 741 илјади туристи ја посетиле Македонија во првите седум месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од нив, или повеќе од 523 илјади биле странски, чиј број е зголемен за 1,3% во однос на истиот период лани..Најбројни биле гостите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија..Иако во однос на лани за 2% е зголемен и бројот на странски ноќевања во однос на минатата година, сепак еден странски турист во просек остварува помалку од две ноќевања во земјава. Туристичките водичи сметаат дека токму должината на престојот останува еден од клучните предизвици за домашниот туризам. И додека бројот на туристи во земјава расте, предизвикот останува ист. Како Македонија да не остане само попатна станица, туку место во кое што туристите ќе се задржуваат подолго и ќе најдат причина повторно да се вратат.. Природата, културното наследство и гостопримството се само дел од она што најмногу ги воодушевува странските туристи, вели претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавранов. Но вели, позитивните впечатоци понекогаш остануваат во сенка да проблемите со хигиената и слабата инфрастуктура која води до најпосетуваните туристички дестинации во земјава. Токму овие проблеми се оние на кои надлежните институции треба да посветат повеќе внимание, смета Карванов. „ Вие ако сакате да стигнете на Матка во сабота или недела, тоа е мисија невозможна, затоа што таму има многу автобуси, па не може да се заврти, па дури не може ни да се стигне. И сега сето тоа го занемаруваме со останатите убавини коишто се секогаш пред нас. Во најголем случај си одат задоволни меѓутоа не исклучуваат да забележат дека има ѓубре, дека влезот на Старата скопска чаршија е руиниран долу на патосот и така натаму и така натаму. Во летно време кога ќе го пројдете Камениот мост тука мириса.. Ние го пишуваме тоа на разни места, го пријавуваме, меѓутоа дојдовме до сознание дека се додека за тие работи се грижат во институциите лојални, а не компетентни лица, се дотогаш ние ќе имаме глуви уши.“ Сепак, Кавранов вели дека Македонија е меѓу најповолните туристички дестинации во Европа, а нивните искуства покажуваат дека туристите цените ги оценуваат како пристапни..Особено позитивни впечатоци вели, оставаат домашната храна и вино, гастономски потенцијал кој според него државата треба многу повеќе да го искористи во промоцијата на Македонија како туристичка дестинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаЗаглавија платите во градинките: Администрацијата бара одговор за ветеното покачување од априлКаде заглави ветеното зголемување на платите за административците во градинките договорено во април? Административните работници во градинките никако да го добијат ветено зголемување на платите. Тие преку допис до медиумите побараа министерството за социјална политика и Сонк да се изјасната зошто нема зголемување на нивните плати иако на први април се објави дека е постигант договор платите да им се зголемуваат по 7% годишно во следните три години. Во псимото тие напишаа. „Административните работници се составен и неопходен дел од функционирањето на јавните детски градинки. Иако не работиме директно со децата во воспитно-образовниот процес, без нашата работа не може да се обезбеди нормално, организирано и законито функционирање на установите. Не бараме привилегии. Бараме еднаков, правичен и фер третман. Нашата работа има вредност. Нашиот труд заслужува почит и нашата работа заслужува соодветно вреднување.“ Првиот човек на Сонк Јаким Неделков за Канал 5 вели дека техничките детали околу колективниот договор се веќе усогласени и дека се чека финална согласнот од Министерството за финансии за да се потишат колективните договори. Заради доцнењето со исполнувањето на договореното зголемување на платите објаснува дека е договорено со министерствот за социјална политика зголемувањето за 2026 наместо 7% да биде по 8% како компензација и покачувањето наместо од март следнта година да започне да важи од јануари. И од Министерството за социјална политика потврдуваат дека договорот е постигнат и дека е составен нов колективен договор со измените кој на 9 ти сепетември е испратен во министерството за финансии за согласност. Инаку административните работници во градинките се меѓу последните кои добиваат зголемување на платите. Тие веќе неколку години наназад немаа згоелмуавње на платите како останатите администартивни работници во земјава заради што падна договор со новите колектвни договори да добијат дополнителни 7% зголемување во следните 3 години за да се приближат со платите на останатите административни работници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05