Иста како нејзината мајка: Синди се повлекува, но наследничката е сè попопуларна - Канал 5

Иста како нејзината мајка: Синди се повлекува, но наследничката е сè попопуларна

Моментално најбараната тинејџерка во светот на модата е токму наследничката на легендата на 90-те, а успешната кариера допрва ја очекува.

Иста како нејзината мајка: Синди се повлекува, но наследничката е сè попопуларна
Каја Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд, ќе се појави во најновата кампања на Александар Ванг, а се "шушка" и дека ќе дебитира на Њујоршката модна недела.


#WANGSS16: Coming soon. @kaiagerber, @pascaldangin, @kidscreativeny, @establishmentny

A photo posted by WANGSQUAD (@wangsquad) on


На инстаграм профилот на овој дизајнер се појавија фотографиите од Каја пред фотографиите од сите останати модели како најава за кампањата пролет/лето.


tea w/ @chromeheartsofficial

A photo posted by Kaia Gerber (@kaiagerber) on


Покрај Каја, на фотографиите се и моделите Ана Еверс и Лекси Болинг, како и музичарите Тревис Скот и Маконен.

Појавувањето на Каја во кампањата на Ванг предизвика мноштво од шпекулации дека таа ќе се појави и на ревијата на овој бренд, но и на модната недела во Њујорк.

Убавата тинејџерка којашто неодоливо многу наликува на својата мајка, минатата недела беше ѕвезда на кампањата на брендот Chrome Hearts, а фотографиите коишто таа ги направи за нив предизвикаа мноштво од позитивни коментари.

Најавата за појавувањето на Каја во новата кампања доаѓа на само еден ден после известувањето дека нејзината мајка Синди ќе се повлече од светот на модата кога ќе наполни 50 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер