ЗдравјеИсправете се веднаш!- Неочекувани симптоми предизвикани од лошото држење на телотоЛошото држење на телото не е само естетски проблем; тоа има долгорочни последици врз бројни аспекти на нашето здравје за кои не сме ни свесни.Важно е да бидете свесни за важноста на правилното држење на телото како дел од секојдневната здравствена заштита и веднаш да се исправите бидејќи долгорочното лошо држење е тесно поврзано со бројни други заболувања кои ги чувствуваме без да бидеме свесни за нив. Постојаното подгрбавеност носи бројни последици, а еве кои пет непријатни симптоми и болки најверојатно се поврзани со тоа што постојано одиме како да носиме десет килограми тежина врз грбот, а исто така седиме. Дигестивни проблеми Многумина не се свесни дека лошото држење може значително да влијае на дигестивниот систем. Кога телото е подгрбавено, се намалува просторот во абдоминалната празнина, а тоа може да предизвика притисок врз органите за варење. Ова го успорува варењето, што може да доведе до непријатност, надуеност, па дури и хронични проблеми како синдром на нервозно дебело црево (IBS). Исто така, подгрбавеноста може да предизвика рефлукс на киселина особено после јадење. Влијание врз дишењето и капацитетот на белите дробови Нашето држење директно влијае на респираторниот систем, иако ова можеби не е очигледно на прв поглед. Свитканото држење ги компримира градите, го намалува просторот на белите дробови и го спречува целосниот капацитет за дишење. Како резултат на тоа, телото добива помалку кислород, што може да предизвика чувство на замор, намалена концентрација и пад на енергијата во текот на денот. Покрај тоа, помалку кислород во телото негативно влијае врз работата на мозокот и другите органи бидејќи кислородот игра клучна улога во нивното правилно функционирање. Хронични главоболки и напнатост во вратот Кога главата е навалена напред или рамената се свиткани надолу, мускулите на вратот и горниот дел од грбот работат понапорно отколку што би требало за да ја поддржат тежината на главата. Поради постојаната напнатост на овие мускули, често се јавуваат главоболки и мигрени, кои можат да станат хронични. Затегнатите мускули, исто така, ја намалуваат циркулацијата на крвта во пределот на вратот, што дополнително може да ја влоши главоболката и да предизвика замор. Влијание врз расположението и менталното здравје Изненадувачки е колку држењето може да влијае на нашата емоционална состојба и менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека подгрбавеноста може да ги зголеми чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Кога стоиме или седиме исправено, телото природно испраќа сигнали до мозокот поврзани со подобро расположение и самодоверба. Подгрбавеното држење на телото, од друга страна, може да предизвика чувство на несигурност и тага, што може дополнително да биде појачано во стресни ситуации. Влијание врз зглобовите и мускулите на целото тело Кога сме стуткани, телото не е во својата природна рамнотежа, што доведува до нерамномерно оптоварување на мускулите, лигаментите и зглобовите. Со текот на времето, ова може да предизвика болки во долниот дел на грбот, колената, колковите, па дури и зглобовите, бидејќи секој дел од телото се обидува да ги компензира неправилностите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејствотоТој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина. -Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година. Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан. Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“. #BreakingNews Typhoon Saudel has JUST made landfall in Zhejiang!🌧️Before the storm hit, Chinese and foreign volunteers joined forces to help warn local residents at Yancang Community near Ningbo’s Old Bund on Aug 27. French expat Samy, a community expat, shared his experience.… pic.twitter.com/5Jp7epqfkN — WowNingbo (@WowNingbo) August 28, 2026 Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“. Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени. Извор: Б92Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаВо Македонија вечерва осум активни пожариВо Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40