Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати
1Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати
3Над 1,1 милион долари се собрани во САД за мајката, која си ги уби своите три деца и беше ослободена (ВИДЕО)
Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
1Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ЖивотИсправете ја косата без пеглање со домашна маска за косаРазличните хемиски средства и електричните уреди може да ја оштетат вашата коса.Доколку сакате да ја исправите, постои многу поздрав и подеднакво ефикасен начин за долгорочно исправување на косата. Станува збор за домашна маска богата со хранливи материи која покрај зацрвстувањето, на вашата коса ќе ѝ ја обезбеди потребната нега. Природниот гел од ленено семе се покажа како ефикасен кога станува збор за исправување, но и за обновување на косата од претходните штетни третмани. Овој препарат е богат со протеини, а кератинот, кој природно е присутен во косата, не е ништо друго освен протеин. За природна и здрава маска за исправање и ревитализација на косата, потребни ви се: - вода, 1 шолја - Ленено семе, 2 лажици - мед, 1 лажиче - рицинусово масло, 2 лажици - сок од половина лимон Во сад истурете ја водата и лененото семе и ставете ги тивок оган. Варете додека ленот не го испушти природното масло, а потоа процедете ја течноста за да ги отстраните семките. Во добиениот гел додадете го рицинусовото масло, медот и сокот од половина лимон и добро измешајте. Истурете обична вода во шише со распрскувач. Навлажнете ја косата и исчешлајте ја. Подготвената ленена маска нанесете ја на секој прамен посебно, внимавајќи да ја покриете целата должина на косата, од коренот до врвовите. Најдобро би било гелот да го нанесете со раце. На крајот, втријте го ни а темето на главата. Оставете ја маската да делува околу половина час. Важно е вашата коса да биде пуштена и непокриена. Исплакнете ја маската прво со поладна вода, повлекувајќи ги прамените надолу, за дополнително да ги исправите. Не треба да користите шампон при миење, туку балсам. Оставете ја косата да се исуши природно. Не ја тријте косата со крпата туку тапкајте за да не ја отстраните влагата целосно. За подобри резултати, повторувајте го овој третман еднаш неделно. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВо единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)Ретко видео од мистичната јасновидка Баба Ванѓа кружи на социјалните мрежи веќе неколку дена.Во гореспоменатото видео, Баба Ванѓа зборува за „прекрасни црвенокоси самовили кои се насекаде околу нас, но кои ние не можеме да ги видиме“, објави Телеграф. Потоа тврди дека наводно „животните сè уште можат да ги видат и дека самовилите не се чисти“. Ванѓа, исто така, тврди дека овие „самовили“ биле присутни ноќта кога го изгубила видот. Баба Ванѓа, чие вистинско име било Вангелија Пандева Гуштерова, била слепа пророчица и билкарка, позната низ целиот Балкан и Источна Европа. Родена е во Струмица во 1911 година, која тогаш била дел од Отоманската империја, и поголемиот дел од својот живот го поминала во Бугарија, околу Петрич и Рупита. Починала во 1996 година. Според најпознатата верзија на нејзината биографија, го изгубила видот како тинејџерка по силна бура. Едно време се школувала во училиште за слепи во Земун, каде што научила Брајова азбука, музика и домашни вештини. The mystic clairvoyant Baba Vanga, in rare footage, talks about beautiful red-haired fairies that are all around us, but we cannot see them today. She says that animals can still see them and that the fairies are not pure. Apparently, when she was caught in a whirlwind and lost… pic.twitter.com/jy5rNgWAqK — Open Minded Approach (@OMApproach) September 4, 2026 Таа стана позната по своите тврдења дека може да предвиди идни настани и да ги „види“ судбините на луѓето. Со текот на времето, таа беше заслужна за бројни предвидувања за големи светски настани, вклучувајќи го 11 септември, распадот на Советскиот Сојуз и други историски настани. Баба Ванѓа остави зад себе „предвидувања“, според нејзините следбеници, кои датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“. Сепак, важно е да се нагласи дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа не ги запишала лично, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања. Во годината 4599, таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“, додека во 4674, се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“. Според истата „временска рамка“, населението потоа „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“. Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа се „околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за да се земе ова како утврден факт.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноМотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО) На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика морници кај корисниците ширум светот.Видеото доаѓа од Колумбија, каде што камера за надзор го снимила мотоциклистот како со полна брзина „удира“ во вратата на автобус што минува, ја пробива и на тој начин влегува во автобусот. Истиот инцидент е снимен и од камера од друг агол, имено од внатрешноста на автобусот. Видеото покажува дека, за среќа, автобусот бил речиси празен, а возачот на автобусот и патникот кој бил на самиот крај останале неповредени. Најголемото чудо е што мотоциклистот станал веднаш по несреќата и се чинело дека е свесен, а неговите повреди не биле сериозни. Сепак, ако го удрел автобусот само момент подоцна, исходот можел да биде многу поинаков.Тагови: автобус мотоциклист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
СветРасте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC News. Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент. Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош. Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој го регистрирале сеизмолошките центри.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter