Исповед на полицаецот од Фергусон:„Би ме убил и со голи раце не знам колку пати пукав во него!“ - Канал 5

Исповед на полицаецот од Фергусон:„Би ме убил и со голи раце не знам колку пати пукав во него!“

После ослободителната пресуда во случајот за убиството на 18-годишниот афроамериканец Мајкл Браун, адвокатот Роберт МекКелог ги објави сите докази кои биле прикажани пред поротата.

Исповед на полицаецот од Фергусон:„Би ме убил и со голи раце не знам колку пати пукав во него!“
На основа на тие докази се отфрлени барањата за покренување на процес против полицаецот Дарен Вилсон, убиецот на Браун.

Меѓу доказите се наоѓа и исказот на полицаецот, во кој Браун се прикажува како “подивен насилник“ кој како џин бил во состојба да убие со еден удар. Истакна дека во присуство на Браун се чувствувал како мало дете.

Таквиот опис очигледно ја задоволил поротата. Според законот, полицаецот смее да употреби смртоносна сила доколку смета дека животот му е во опасност, дури и кога, реално гледано, тоа не е вистина.

Вилсон во своето сведочење истакнал дека за време на обидите да воспостави контрола над Браун, се чувствувал како да има пет години.

„Кога го фатив за рака, се почувствував како дете од пет години кое го држи Хулк Хоган. Толку беше голем, што се почувствував толку мал со самото стегнување на неговата рака“ - изјави Вилсон.

Полицаецот во исказот навел и тоа дека Браун вербално го провоцирал. Откако Вилсон го извадил оружјето и го насочил кон Браун, му упатил кратко предупредување.

„Тргни се или ќе пукам“ - наводно му рекол полицаецот.

На тоа Браун го фатил неговиот пиштол, изјавувајќи дека Вилсон е “преголема кукавица за да го застрела“.

„Почна да трча кон мене, со десната рака посегна под маицата во панталоните. Му наредив да легне на земја, но не ме послуша“- продолжил Вилсон.

Почнав да пукам, не знам колку куршуми испукав. Во еден момент, забави, го погодив, но тоа не го сопре. Продолжи да оди кон мене. Повторно пукав, продолжуваше да оди спрема мене“ - изјави Вилсон.

„Откако првиот пат ме удри, почувствував дека уште еден од тие удари би можел да ме убие. Беше поголем и посилен од мене. Доколку не ме убиеше со ударите сигурно ќе се онесвестев, а тогаш кој знае што се ќе се случеше....- тврди Вилсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам добро

Белгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. 

Компани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам добро

Белгиецот изјави дека се чувствува добро.

„Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот.

Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос Анџелес

Холивудскиот актер Лари Поиндекстер починал синоќа, на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил удрен од автомобил додека ја преминувал улицата во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, каде што и живеел. 

Трагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос Анџелес

Според медиумските извештаи, актерот бил во болница и чекал операција поради скршени ребра, кога ненадејно починал. Поиндекстер е роден во 1959 година во Далас.

Неговиот татко, Х. Р. Поиндекстер, бил дизајнер на осветлување и сценографија, добитник на наградата „Тони“, а мајка му, Сју Ен Ердман, била оперска пејачка.

Првата телевизиска улога ја добил во 1982 година во една епизода од серијата „A New Day in Eden“, а првата улога во сапуница ја остварил во 1984 година, кога го толкувал ликот на Бен Велч во осум епизоди од серијата „Days of Our Lives“, пренесува „Entertainment Weekly“.

Во 1980-тите години, Поиндекстер се појави во поединечни епизоди од сериите „Happy Days“, „CHiPs“, „Silver Spoons“ и „Growing Pains“, пред да го толкува ликот на Џастин Мур во 23 епизоди од серијата „Santa Barbara“ во 1986 година.

Меѓу другите улоги, тој се појави покрај Семјуел Л. Џексон и Колин Фарел во филмот „С.В.А.Т.“ (S.W.A.T.) од 2003 година, а имаше и мала споредна улога во филмот „Повторно 17“ (17 Again). Тој, исто така, настапуваше и во театар; зад себе Поиндекстер ги остави сопругата, кастинг-директорката Керол Крицер, и нивните синови близнаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.

Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена.

Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер