Исповед на ќерка на богаташ: Срам ми е да кажам колку трошам на облека! - Канал 5

Исповед на ќерка на богаташ: Срам ми е да кажам колку трошам на облека!

Клариса Лефлор се срами да каже, но троши на дизајнерка облека колку што луѓето просечно трошат да ја поминат годината.

Исповед на ќерка на богаташ: Срам ми е да кажам колку трошам на облека!
18 годишната девојка патува со приватен авион, а за одмор на располагање и се јахтите на енјзиниот татко. не облекува ништо што нема потпис од Лагерфилд, Лобутин или Валентино Гаравани. Но нејзиниот животен стил „на висока нога“ е финансиран од нејзиниот дарежлив татко. Младата девојка вели дека одвај чека да почне да работи и да троши свои пари.




- Разбирам кога луѓето генерализираат и не гледаат со одобрување на животниот стил на некои од нас, на пример кога ќе видат дека тинејџер се бања во када полна со шампањ од 600 долари - вели Клариса.

- Да се биде богат не значи да се фрлаат пари на сите страни, да се носи дизајнерска облека и накит, се одеднаш, - тогаш не изгледате богати туку како новогодишна елка. Треба да имате култура зад сето тоа, инаку луѓето ќе ви се смеат. Колку глупаво би изгледале ако на себе ги носите сите пари, а не знаете да разликувате добро од лошо вино.



Expensive taste: 'How dumb would you look if you’re wearing all your money and you can’t [tell the] difference between good wine and a bad one,' she said


Клариса пораснала во Нова Каледонија , каде нејзиниот дедо, Жак Лефлор, бил претседател 15 години. Нејзиниот татко е богат бизнисмен кој поседува компании во Нова Каледонија и во Франција, фабрики за хартија и пластика, хотели, ресторани и весник во Нова Каледонија.


Family fortune: Miss Lafleur's grandfather was president of New Caledonia for 15 years and her father owns a number of businesses in New Caledonia and France

Клариса студира бизнис. Ќе заврши во 2018 и ќе се вклучи во бизнисите на својот татко.

- Ќе работам со татко ми се додека тој не се пензионира, а потоа ќе ги преземам сите бизниси - вели амбициозната наследничка.

Таа споделува делови од своето секојдневие на Инстаграм каде има 15 000 следбеници, но вели дека тоа што го објавува привлекува и лоши коментари.

- Јас сум лесна мета бидејќи сум русокоса и девојка, па ме обвинуваат дека сум размазена, или лесна девојка... Минатата недела еден човек на Твитер напиша дека посакува да добијам рак.

Луѓето во коментарите ја повикувале наместо да се слика во шопинг, да ги даде парите за хуманитарни цели.

- Но јас не чувствувам потреба да се бранам. Ако ме познава, таа би знаела дека моето семејство има хуманитарна организација која им помага на студентите кои немаат пари да го платат школувањето - вели Клариса.

True to herself: 'I don’t feel the need to defend myself online, I know who I am,' she said

- Срам ми е да кажам дека на облека трошам повеќе од што луѓето трошат цела година. Но имам сметка во банката која е полна, а татко ми е многу дарежлив и постојано ми вели - ако ми требаат повеќе пари, само да му кажам!

/ извор: Дејли меил











Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер