Исповед на Британка, која на 15 години станала џихадистка: Бев глупава (ВИДЕО) - Канал 5

Исповед на Британка, која на 15 години станала џихадистка: Бев глупава (ВИДЕО)

Британката Шамима Бегум која се приклучила на Исламската држава во Сирија на средношколска возраст, изјавила дека сака да се врати во Обединетото Кралство и да се соочи со обвиненија за тероризам за да ја докаже својата невиност.

Исповед на Британка, која на 15 години станала џихадистка: Бев глупава (ВИДЕО)

Таа, исто така, вели дека може да и помогне на Велика Британија во борбата против тероризмот.

Шамима Бегум, по потекло од Бангладеш, го напуштила Лондон во 2015 година кога имала 15 години, па отпатувала во Сирија преку Турција со двајца училишни пријатели.

Во Сирија се омажила за борец на Исламската држава и живеела во Рака, главниот град на самопрогласениот џихадистички калифат. Таа останала таму четири години, додека не била пронајдена во логор. Откако ја напуштила Британија, таа родила три деца, но во меѓувреме сите три починале.

Британското министерство за внатрешни работи и го одзело државјанството во јули минатата година, а судот и забранил враќање во земјата.

YouTube video

За време на нејзиното гостување на телевизија, Бегум испратила порака и до Борис Џонсон: „Можам да ви помогнам во борбата против тероризмот, бидејќи очигледно не знаете што правите“.

„Сакам да кажам дека очигледно не се справувате со борбата против екстремизмот и тероризмот во вашата земја. Сакам да ви помогнам да го искористите искуството што го стекнав со екстремистите, да ви откријам што велат, како ги убедуваат луѓето да прават што прават и зошто луѓето доаѓаат на места како Сирија “, рекла таа во емисијата „Добро утро Британија“.

Бегум додаде дека иако верува дека нејзиното единствено злосторство е тоа што била „доволно глупава“ за да се приклучи на ИСИЛ, сепак заслужува фер судење.

„Искрено, единственото злосторство што мислам дека го направам беше тоа што бев доволно глупава за да се приклучам на ИСИЛ, па дури и тоа може да се побие бидејќи имав 15 години кога дојдов и не можете, знаете, да судите некого кој има 15 години за грешка за која многу брзо се покаја “, рекла таа.

"Ако навистина мислите дека го направив тоа, зошто не ме вратите во Обединетото Кралство и не ме одведете на суд и не ја слушате мојата страна од приказната? Ако искрено верувате дека сум виновна, зарем не мислите дека треба да бидам во затвор за тоа? ".

„Факт е дека мислите дека јас попрво треба да скапам тука отколку да се соочам со судење ... Демократијата во која живеете вели дека секој заслужува фер судење“, рекла Бегум.

Таа исто така рече дека британската влада нема докази против неа.

„Нема докази бидејќи ништо не се случило“, рекла таа.

Таа додаде дека повеќе би сакала да умре отколку да се врати во Исламската држава. „Моето единствено злосторство е што бев доволно глупава за да се приклучам на ИСИЛ“, рекла таа.

YouTube video

Како одговор на интервјуто со Шамима Бегум, портпаролот на министерството за внатрешни работи рече: "Врвен приоритет на владата останува одржувањето на нашата национална безбедност и заштитата на јавноста. Ние рутински не коментираме поединечни случаи".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнува

Љубовта не исчезнува секогаш после голема расправија, неверство или драматично раскинување. 

Секојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнува

Понекогаш партнерите се оддалечуваат тивко така што и самите не забележуваат кога престануваат да бидат блиски. Еден од првите знаци може да се крие во сосема обичните ситуации или реченици.

Кога престануваме да се забележуваме еден со друг?

Психологот Џон Готман, познат по своите истражувања за романтичните врски, моментите во кои имаме желба со партнерот да споделиме нешто што ни го привлекло вниманието, ги опишува како мали обиди за поврзување.

Она што следува после нив е важно. Ако партнерот застане, нè погледне и покаже интерес за она што го зборуваме, макар и неколку секунди, покажува дека е присутен. Меѓутоа, ако ваквите обиди постојано завршуваат со тишина, со тоа што некој гледа во својот телефон или со рамнодушен одговор, со текот на времето може да се појави чувство на осаменост – дури и кога двајца луѓе живеат под ист покрив.

Не станува збор за една пропуштена реченица.

Се разбира, никој не може да биде внимателен во секој поединечен момент. Заморот, работата и секојдневните обврски понекогаш ни го одвлекуваат вниманието. Проблемот настанува кога ова игнорирање ќе стане образец на однесување. Едниот партнер се обидува да започне разговор, но другиот не одговара. Следниот пат, обидот е пократок. По некое време, може целосно да исчезне. И така, се случува нешто необично: парот речиси воопшто не се расправа, но истовремено имаат многу малку работи што можат да ги споделат еден со друг.

Мала промена што може многу да значи

За повторно да се воспостави блискост, не се секогаш потребни скапи излегувања, патувања или грандиозни романтични гестови. Понекогаш е доволно само да го оставите телефонот настрана кога партнерот ќе почне да зборува, да поставите дополнително прашање или да покажете искрен интерес. Исто така, важно е отворено да кажете кога чувствувате потреба за повеќе внимание, наместо да очекувате другата личност сама да погоди како се чувствувате.

Зашто љубовта не се покажува само преку големи зборови. Честопати, таа е најјасно видлива во оние мали, секојдневни моменти кога партнерот сака да сподели нешто со нас – а ние одлучуваме навистина да го сослушаме.

Извор: una.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Навика што придонесува за намалување на „лошиот“ холестерол

Експертите истакнуваат дека редовното вежбање може значително да помогне во намалувањето на лошиот холестерол (LDL). 

Навика што придонесува за намалување на „лошиот“ холестерол

Според лекарите, LDL холестеролот често се нарекува „лош“ бидејќи неговото високо ниво во крвта доведува до насобирање во артериите како плаки. Со текот на времето, овие наслаги можат да ги стеснат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни компликации. При регулирање на холестеролот најчесто се говори за промена на начинот на исхрана, но според лекарите клучна е и друга дневна навика, а тоа е редовното вежбање.

Како вежбањето го намалува „лошиот“ холестерол (LDL)

За време на вежбањето, мускулите трошат повеќе енергија, а телото постепено станува поефикасно во користење на мастите како извор на енергија. Овие промени можат да влијаат на тоа како телото ги обработува мастите и холестеролот, придонесувајќи за намалување на нивоата на LDL во крвотокот, иако ефектот варира од личност до личност.

Редовната физичка активност, исто така, ја подобрува осетливоста на инсулин и контролата на шеќерот во крвта. Бидејќи покачениот шеќер во крвта и инсулинската резистенција се поврзани со нарушувања на метаболизмот на мастите, подобрената осетливост на инсулин може да има корисен ефект и врз преработката на мастите и производството на холестерол во црниот дроб. Вежбањето може да помогне и во намалување на хроничните воспаленија поврзани со развојот на атеросклероза - натрупување на плаки во артериите.

Понатаму, физичката активност може да ги зголеми нивоата на HDL, или „добар“ холестерол, што помага во транспортот на вишокот холестерол од крвотокот до црниот дроб, каде што се преработува и излачува. Сепак, едноставното зголемување на нивоата на HDL не гарантира подобри резултати за здравјето на срцето; напротив, редовното движење придонесува за поповолна целокупна рамнотежа на липидите во крвта.

Придобивките од вежбањето не се само физички. Луѓето кои почнуваат редовно да вежбаат често усвојуваат здрави навики, како што се подобра исхрана, подобрен сон и поефикасна контрола на реакцијата на стрес. Заедно, овие промени можат дополнително да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на LDL холестерол и намалувањето на кардиоваскуларниот ризик.

Колку и каков вид вежбање?

За оптимални резултати, експертите препорачуваат комбинација од различни активности, и аеробните вежби – како што се брзо одење, возење велосипед, пливање или трчање, и тренингот за сила се корисни.

Се препорачува неделно да практикувате најмалку 150 минути аеробна активност со умерен до висок интензитет, како и два дена тренинг за сила. Доколку имате какви било здравствени проблеми, консултирајте се со лекар пред да започнете нова програма за вежбање.

Што друго помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол?

Покрај редовното вежбање, исхраната со ниска содржина на заситени масти и богата со растителни влакна, овошје, зеленчук - е клучна за намалување на холестеролот. Одржувањето здрава тежина, избегнување на тутунот и никотинските производи, редовната контрола на крвниот притисок и дијабетесот дополнително го намалуваат кардиоваскуларниот ризик.

Квалитетот на сонот влијае на метаболизмот на холестеролот, па погрижете се да спиете седум до девет часа ноќе. Доколку промените во животниот стил не се доволни, лекарот може да ви помогне да ги следите вашите резултати и да препорача третман доколку е потребно.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер