Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
ЖивотИсповед: Маж ми ме однесе на брод и од тогаш станав зависна: Одев секоја вечер и не престанувавНа прв поглед, Мери Дурсо беше успешна деловна жена од Чикаго, но никој не знаеше дека секој ден на пладне тајно спие во автомобилот наместо да оди на ручек.Зад таа уморна маска се криела невидлива зависност – не од алкохол, ниту од дрога, туку од коцкање. Како што вели самата: „Бев хипнотизирана од шарените светла и возбудливите звуци на казиното. Бев во ноќна мора.“ Денес, на 60 години и со 14 години апстиненција, Мери проценува дека има изгубено повеќе од еден милион долари. Нејзината зависност траела колку и закрепнувањето – 14 години. Во тој период, повлекла пари од пензискиот фонд, испразнила сметки, го уништила бракот и за малку не ја загубила ќерката. Невина вечерна забава Сè започнало во 1997 година кога тогашниот сопруг ѝ предложил вечерна прошетка на казино брод, 30 минути од нивниот дом во Илиноис. Мери не пиела – нејзиниот татко бил алкохоличар, а и била бремена. Ноќта не поминала добро – изгубиле 300 долари и останале заглавени на бродот два часа. Изгледало како авантурата да завршува тука. Но, шест месеци подоцна, сè се менува. Семеен пријател ги запознава со видео покер. Вложиле 20 долари – добиле 1.000. Балони, аплаузи, адреналин. „Помислив: ‘Вау, ова е добро’. Сакав тој момент повторно.“ Казиното станува навика – од еднаш неделно, на двапати, па дури и пет пати. Кога ќе останела без пари, тајно криела чекови од 1.000 долари. „Никогаш не престанав да го притискам копчето“ Бракот почнува да пука. „Се расправавме за пари – понекогаш и среде казино. Луѓето не гледаа како луди.“ Еднаш, сопругот толку се опил што паднал покрај автоматот на кој таа играла. „Тој лежеше на подот, а јас не престанав да играм. Само го притиснав копчето за итен случај и продолжив.“ По тој инцидент, почнува да оди сама во казино. „Тоа беше едно од ретките места каде што жената може да се чувствува безбедно кога е сама. Таму бегав од одговорност.“ Таен живот помеѓу казиното, работата и мајчинството На работа – сè перфектно. Води тим, роковите ги исполнува. Никој ништо не забележува. Но ноќите ѝ се исполнети со коцкање – до пет пати неделно, од 1 до 6 часот наутро. Се враќа пред да се разбуди ќерката Џен, ѝ подготвува доручек и ручек – па оди на работа. „За време на пауза ќе возев до паркот, ќе го спуштев седиштето и ќе спиев час и пол.“ Финансискиот колапс бил неизбежен. Потрошила сè – штедна книшка, акции, дури и 500.000 долари од пензискиот фонд. Плаќала казни, лажела, криела. На врвот од зависноста, чувствувала физичка потреба за казино. „Доживував анксиозни напади кога не можев да играм.“ Пресврт и спас Во 2011 година, ќерката ѝ имала 13 години. Мери речиси целото нејзино детство го поминала во коцкање. Тогаш направила нешто што си ветила дека нема – повлекла 5.000 долари од заедничката сметка со сопругот. Тој го забележал тоа и ѝ поставил ултиматум: или престанува со коцкање, или си заминува со Џен. Тогаш првпат признала дека не може повеќе. „Таа ми беше единствената причина за живот. Толку лошо се чувствував што размислував за самоубиство – да удрам во ѕид со автомобил.“ Ја повикала линијата за помош на Анонимни Коцкари и на 1 јули 2011 отишла на прв состанок. На почетокот, сопругот одел со неа. Но додека таа сфатила дека тие состаноци се „лек кој мора да го зема цел живот“, неговата поддршка стивнала. Се разделиле на крајот од 2012, а разводот завршил во март 2013. Мери добила старателство над ќерката. Нов живот, нова љубов Денес, 12 години подоцна, Мери често зборува со Џен за минатото. „Разбира колку сум била изгубена. Затоа е уште погорда на мене.“ Во 2013, на настан на Анонимни Коцкари го запознала Боб – нејзиниот сегашен сопруг. Се венчале во 2017. „Само друг коцкар може да разбере колку е силен тој порив да не можеш да се тргнеш од автомат.“ Мери денес работи во непрофитна организација и вели дека закрепнувањето ѝ дало нова смисла на животот. Со Боб живеат скромно, патуваат ретко – но се исполнети. „Не сакам ни да замислам каде би била сега да продолжев да се коцкам – мртва, бездомничка или сама“, пишува Блиц Жена. Денес знае едно: „Конечно научив што значи вистински живот.“Тагови: Исповест Коцкање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКапитенот на Србија, Богдан Богдановиќ гради луксузен хотел во Црна ГораНБА ѕвездата, капитенот на Србија, кошаркарот на Хјусотн Богдан Богдановиќ е инвеститор на нов хотел во Плужине, Црна Гора.Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ гради угостителски објект во општина Плужине во Црна Гора, во близина на Пива. Како што изјави Слободан Делиќ, претседателот на таа општина, култниот хотел „Пива“ е урнат за на истата локација да се изгради нов објект, пренесува Радио-телевизија Никшиќ. Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“ го минал детсвото во ова место, па не е изненадувачки што одлучил да инвестира во овој проект. Се наведува дека неговото семејство станало сопственик на туристички објект со богата традиција уште во 2019 година, но дека сега ќе започнат со нова градба. „НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ гради хотел, па сопствениците полека започнаа со реализација на тој проект. Нивните планови опфаќаат поголема површина, но и поинаков дизајн. Во секој случај, очекувам дека новиот објект ќе биде изграден во наредниот период и дека ќе биде функционален и модерен, што значи дека ќе донесе нова вредност за нашата општина“, нагласи Делиќ. Името на Богдан Богдановиќ гарантира дека сè ќе биде според највисоките стандарди, иако деталите за сместувачките капацитети сè уште не се познати. „Самото тоа име и неговата репутација гарантираат дека многумина ќе слушнат за нашиот град и дефинитивно ќе дојдат да го посетат“, рече Делиќ. View this post on Instagram A post shared by Park Prirode "Piva" (@park_prirode_piva) Српскиот ас често истакнува дека голем дел од своето детство поминал во Црна Гора и дека е особено поврзан со Плужине.Тагови: Богдановиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканРадар : Телеком на Србија се најде во фокусот на правосудните органи- прошталниот валцер на ЛучиќИако Телеком неказнето ја прекрши забраната за основање државни медиуми уште во 2021 година кога го лансираше Euronews Serbia, во 2023 година беше усвоен законски исклучок специјално за Телеком. А Телеком ја искористи оваа предност не само за монополизирање на медиумскиот пазар, туку и во културата, со тоа што издвојуваше пари за производство на филмски и сериски содржини исклучиво на „лојалисти“, пишува српски Радар. Фактот дека Владимир Лучиќ водеше компанија која можеше да се продаде за најмалку милијарда евра во времето кога ја презеде функцијата директор на Телеком Србија со долг од речиси пет милијарди евра не беше причина да се размислува за негово отстранување до 25 октомври. Очигледно, поранешната влада не ги жалеше парите (особено не парите што доаѓаа од граѓаните) за услугите што беше подготвена да им ги обезбеди, занемарувајќи ги тривијалностите како што се националниот интерес или законот. Дури за време на изборната кампања успеаја да вклучат уште две куртизани во понудата на телевизиски станици со национално покривање - Информер и Курир. Не е важно што не поминале низ потребниот јавен конкурс (имаат лиценци за дистрибуција исклучиво преку кабелски, сателитски и IPTV мрежи), Телеком им обезбеди видливост на целата територија на Србија преку обични антени. Таквото грубо кршење на прописите, Лучиќ го „оправда“ тврдејќи дека станува збор за „привремено и промотивно емитување“ кое ќе трае шест месеци, како Законот за електронски медиуми да предвидува дека можете да си играте со национални фреквенции неколку години, додека не видите дали навистина е за вас. Или, како што всушност изјави Лучиќ, за да се процени потенцијалот за зголемување на бројот на претплатници на заклучени терестријални канали, кои во моментов ги плаќаат само 6.000 луѓе. И кога 16, првенствено медиумски и новинарски здруженија, го повикаа Советот на РЕМ да покрене судски постапки против физички и правни лица кои го прекршиле законот со отклучување на тие канали, Телеком отиде чекор понатаму во самоволието - ја укина програмата ТВ Форум за своите кабелски корисници во Пријепоље за еден ден и ја емитуваше програмата Информер на истиот канал. Барањето за разрешување на Лучиќ пристигна по изборите, сепак, од два извори - Студентскиот список и Здружението на филмски режисери на Србија (AFRS). Претставникот на SL, Немања Каровиќ, ги објасни причините на РТС - поради финансиски злоупотреби во производството на телевизиски содржини и „перење пари“, како и затоа што финансирале политички поволни медиуми и ги потиснувале независните. „Тој ја монополизираше медиумската сцена, ги користеше парите на граѓаните за да ги задоволи политичките потреби на режимот, а не за да ги информира граѓаните навремено и објективно“, рече Каровиќ, се наведува во поширокиот осврт на српски Радар. На ови наводи се надоврза и лидерот на СДСМ , Венко Филипче, кој ја пренесе веста на својот X профил со текстот: „Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија.“ , објави Филипче. Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија. — Venko Filipce (@VFilipche) November 6, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСанкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уредиСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.На 05.11.2026 во времето од 09:00 до 16:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе Зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци кои ги чинат возачи на товарни моторни возила како што се претовар на товар, неправилно сместен товар, технички неисправни товарни возила итн. При контролата санкционирани се 43 возачи на товарни моторни возила, од кои една мерка е изречена за технички неисправно возило (неисправен уред за запирање), две санкции за претовар на товар, шест мерки за неносење соодветна опрема, седум санкции за неисправни светлосни уреди, девет мерки за неистакнати знаци за ограничување на брзината, една санкција за управување товарно возило со несоодветна категорија, една мерка за незастанување на даден знак стоп од страна на униформиран полициски службеник и 16 останати санкции за други видов прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: товарни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00