Исплатата на пензиите од 26 ноември

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за ноември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до утре да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.

На деловните банки Владата им препорача да обезбедат пензионерите од 26 ноември да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

-Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26 ноември – четврток, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27 ноември – петок, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30 ноември – понеделник, и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 1 декември – вторник, соопшти Владата.

На денешната седница е усвоена и Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Македонија.

Ева Лонгрија се сели во Европа- се вљубила во шпански град уште пред 20 години

Актерката Ева Лонгорија привремено се сели во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго.

„Таа ќе помине многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за Page Six. Тој забележува дека преселбата не е трајна.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година.

„Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјавила актерката за време на интервјуто за Hello! во јануари 2024. „Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа. Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.

"Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна", објаснила актерката. Таа ја купила куќата по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.

„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа. Куќата во Беверли Хилс ја продаваат. Ја спуштиле цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.

Почина Марија, највисоката жена на светот- прогласена е тридневна жалост

Марија Фелисијана дос Сантос починала на 77-годишна возраст во Бразил, која на светот му станала позната по рекордната висина од 2,25 метри кога имала само 23 години.

Од 1960-тите, таа го доби прекарот „кралица на височината“.

Таа била примена во болница минатиот понеделник каде ѝ била дијагностицирана пневмонија и починала од компликации на срцето.

Марија е родена во Ампаро во Сан Франциско и го поминала животот во различни циркуси каде настапувала и ги воодушевувала луѓето со својот изглед.

Во мај 2022 година, статуа била посветена на Марија на влезот во Museu de Gente Sergipana.

Сантос многу години се сметала за највисоката жена во Бразил и во светот, пред да почне да се намалува како што стареела.

По нејзината ненадејна смрт, градоначалникот на Аракаху Едвалдо Ногеира прогласил тридневна жалост и ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарка и пејачка.

Хаос во автосалон: Кинески електричен автомобил „ги збриша“ посетителите (ВИДЕО)

Екстремно непријатна ситуација за кинески производител.

Како по правило, со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија изгледаат далеку подобри. Најдобар пример за ова е системот за палење без клуч, кој понекогаш може да резултира со опасна ситуација.

Додадете на тоа екстремно агилен и тивок електричен погон и маса луѓе, а несреќата е само прашање на време. Токму тоа се случило на меѓународната изложба на возила со нова енергија во Нанџинг.

На настанот што се одржал минатиот месец, Zeekr го изложиле автомобилот Extreme Krypton X, кој поради непочитување на безбедносните правила во еден момент почнал неконтролирано да се движи. За време на несреќата повредени се пет посетители, меѓу кои и едно дете, а сите се хоспитализирани.

Според последните информации, до несреќата дошло бидејќи автомобилот не бил деактивиран во таканаречениот Exhibition mode. Бидејќи клучот бил доволно блиску до автомобилот, еден од посетителите случајно го активирал возењето и го придвижил автомобилот напред, удирајќи во неколку посетители и два автомобили.

Претставниците на производителот ја презедоа одговорноста и преку официјални канали се извинија, нагласувајќи дека во иднина ќе бидат повнимателни при изложување на автомобилите.

притисни ентер