Испитување од Оксфорд:Бројот на заразени може да е далеку помал - Канал 5

Испитување од Оксфорд:Бројот на заразени може да е далеку помал

Една нова британска студија покажа дека тестовите за коронавирус се толку чувствителни што можат да откријат траги на неактивни вируси на инфекција што поминала пред неколку недели, што може да резултира со лажно-позитивни резултати.

Испитување од Оксфорд:Бројот на заразени може да е далеку помал

Научниците од Универзитетот во Оксфорд велат дека повеќето луѓе биле заразни само една недела, но дека тестовите можат да покажат позитивен резултат со недели после тоа, што значи дека бројот на моментално заразени може да биде помал отколку што се мислело.

Еден од авторите на студијата, професорот Карл Хенеган, смета дека тестовите за ковид-19, наместо „позитивни / негативни“ резултати, треба да имаат праг што нема да покаже позитивен резултат доколку вирусот е присутен во многу мала количина.

Тој верува дека остатоците од делови на неактивни вируси може делумно да објаснат зошто бројот на заразени лица во моментов се зголемува во Велика Британија, додека бројот на пациенти во болниците стагнира.

Центарот за применета медицина на Универзитетот во Оксфорд ги испитал наодите од 25 студии кои анализирале дали примероците од вирусот ќе се развијат во сад во лабораторија.

Овој метод на „растење на вирусот“ во лабораторија може да покаже дали со позитивен резултат од тестот ќе се открие активен вирус, оној што може да се размножува и шири, или само фрагменти од вирусот кои не можат да се размножуваат ниту во човечкото тело ниту во лабораторија.

Овој проблем е познат уште од почетокот на пандемијата и уште еднаш укажува на степенот до кој податоците за ковид-19 се далеку од совршени.

Тестот за брисеви PCR е стандарден дијагностички метод кој користи хемикалии кои го зголемуваат генетскиот материјал на вирусот за да може понатаму да се изучува. Примерокот поминува низ неколку "циклуси" во лабораторијата пред да се добие доволно количество вирус за тестирање.

Бројот на циклуси може да биде начин да откриете колку вируси всушност носите внатре, односно дали се мали остатоци или не. Тестовите што треба да поминат низ неколку циклуси имаат помала веројатност да го репродуцираат вирусот отколку кога се одгледуваат во лабораторија.

Кога се прави тест за коронавирус, се добива „позитивен / негативен“ одговор. Нема индикација за тоа колку вируси има во примерокот и до кој степен е активен.

И лицето кое има голема количина на вирус во себе и оние кои имаат само фрагменти од вирусот заостанати од инфекција што веќе поминала, ќе го добијат истиот - позитивен резултат.

Професорот Хенеган, кој забележа грешка во начинот на регистрирање на смртните случаи, што го наведе англискиот институт за јавно здравје да го подобри системот, вели дека доказите сугерираат дека „инфективноста на коронавирусот се чини дека се намалува по околу една недела“.

Бидејќи не е можно да се провери секој тест за да се види дали вирусот е сè уште активен, веројатноста за лажно-позитивни резултати може да се намали кога научниците ќе откријат каде треба да се постави прагот, со што се спречува луѓето да добиваат позитивен резултат врз основа на податоци за инфекција во минатото.

Професорот Хенеган вели дека ова ќе го намали бројот на луѓе во строга изолација, како и непотребното следење на нивните контакти и ќе овозможи подобро разбирање на моменталната состојба на пандемијата.

Тој исто така вели дека има сè поголем доказ дека повеќето „нови“ поблаги случаи и луѓето кои се повторно позитивни по карантинот или испуштање од болницата не се заразни, но дека безопасните честички на вирусот едноставно се отстрануваат од нивните тела што влијаат на нивниот имунолошки систем.

Институтот за јавно здравје на Англија работи со лаборатории за да се намали ризикот од добивање лажно позитивни резултати, како и за поставување вредности што ќе укажуваат на праг. Но, со оглед на многу видови на тестови, кои читаат различни податоци, тоа е тешко да се направи.

Проф. Франческо Вентурели, епидемиолог од италијанскиот регион Емилија-Ромања, што беше тешко погоден од пандемијата во март, вели дека „не е сосема сигурно“ колку долго ќе биде заразен вирусот по закрепнувањето на пациентот.

Некои студии сугерираат дека реплицираниот вирус е присутен кај 10 проценти од пациентите и осум дена по инфекцијата.

Во Италија, која го доживеа врвот на епидемијата пред Велика Британија, „тие со недели го преценија бројот на случаи“ затоа што луѓето кои се заразиле неколку недели порано се уште биле регистрирани како позитивни, рече Вентурели.

Но, овој феномен ослабува со измазнување на кривата на епидемијата.

Проф. Питер Опеншау од Империјал колеџ во Лондон вели дека некои тестови ПЦР се „многу чувствителни на откривање остатоци од вирусен генетски материјал“ и додава дека „ова не е доказ за нивната инфективност“.

Тој додава дека според клиничкиот консензус, „по десет дена, веројатноста дека пациентот е заразен се намалува“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер