Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
3Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеИспитани илјадници примероци – ниту еден не потврдил дека милениците шират Ковид-19Наместо да стравуваат и да паничат, сопствениците да уживаат во друштвото на своите миленичиња, посебно во овој период на самоизолација и седење дома. Кучињата и мачките не пренесуваат коронавирус. Барем така покажуваат досегашните истражувања, вели науката. На сопствениците кои имаат Ковид-19 им се порачува да го ограничат контактот со своето куче или маче, да не го бакнуваат и да не споделуваат храна со него. Да ангажираат друг член од семејството да се грижи за миленикот, а ако нема кој, заболениот сопственик да ги мие рацете пред и по секоја интеракција со кучето или мачето. Дополнително, ако е можно, да носи и маска за лице. Ова е мерка на претпазливост заради здравјето на животното, додека не се дознаат повеќе информации за вирусот. – Во светот, но и кај нас се појавија многу заблуди и погрешни информации дека миленичињата би можеле да шират Ковид-19 или дека можат да заболат од овој вирус. Има и многу непознаници – како сопствениците да се однесуваат кон своите миленици кога се во самоизолација, карантин или се инфицирани од вирусот САРС-Ков-2. Но, нема докази дека Ковид-19 може да се пренесе од домашни миленици. Меѓународниот снабдувач за ветеринарна дијагностика и софтвер „IDEXX Laboratories" на 13 март објави дека досега испитал илјадници примероци од кучиња и мачки при валидацијата на новиот систем за ветеринарно тестирање за САРС-Ков-2 (вирус на Ковид-19) и притоа не утврдил ниту еден позитивен резултат, што потврдува дека домашните миленици не ја пренесуваат болеста Ковид-19, вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора на Република Македонија, Томислав Николовски. И според Светската организација за здравје на животните, нема докази дека домашните миленици можат да ја шират болеста или дека може да заболат. Сегашното ширење на Ковид-19 е резултат на пренос на инфекцијата од „човек на човек". Затоа, потенцира претседателот на Комората, не постои оправдување во преземањето мерки против домашните миленици што можат да ја загрозат нивната благосостојба. – Од Светската ветеринарна асоцијација за мали животни (WSAVA) изразуваат загриженост од извештаите дека многу животни низ светот се напуштени, убиени или однесени во засолништа, зашто нивните сопственици се плашат дека нивните миленици можат да бидат носители на вирусот, иако тоа не е поткрепено со докази. Покрај страдањата што им се предизвикуваат на засегнатите животни, нивните сопственици исто така ќе престанат да имаат корист од сите позитивни аспекти на сопственик на домашно милениче, што е уште поважно зашто многумина од нас сега треба да ги ограничат контактите со други луѓе. WSAVA ги повикува сопствениците на миленичиња да не паничат и, наместо тоа, да продолжат да се грижат за своите домашни миленици и да уживаат во нивното друштво, истакнува Николовски. Според него, во тешките периоди, како овој со кој се соочуваме денес, миленичињата можат да играат многу позитивна улога, обезбедувајќи придружба на луѓето во самоизолација и оние кои се осамени. – Научниот комитет и Комитетот за „Едно здравје" на WSAVA им препорачува на сопствениците да ги чуваат своите домашни миленици со нив доколку се во самоизолација или карантин, да одржуваат добри хигиенски практики, вклучително и миење на рацете при интеракција со нивните миленици, да организираат грижа за какви било домашни миленици што останале во домаќинство или кај пријатели кои треба да бидат хоспитализирани и веднаш да контактираат со нивниот ветеринар доколку имаат прашања или проблеми, вели Николовски. Препораките, пак, за сопствениците на домашни миленици кои имаат Ковид-19 се поинакви. – Чувајте ги мачките во своите домови (затворен простор), а ако е можно, обидете се да договорите некој друг да ги шета вашите кучиња, внимавајќи лицето што ги шета да го ограничи секој контакт со вашето куче и бидете сигурни дека практикува добра хигиенска пракса. Ова е за да се намали веројатноста вашето домашно милениче да ја шири болеста преку загадената животната средина, преку неговото крзно (иако досега не е докажано дека постои случај на пренос на вирусот од куче на човек). Ако вашето домашно милениче покажува некакви клинички знаци, прво информирајте се телефонски кај вашиот ветеринар, не го носете непотребно во амбуланта. Ако миленичето бара итен третман, повикајте го вашиот ветеринар за натамошен совет. Не го носете миленичето на хируршки третман, освен ако вашиот ветеринар не ве упати. Можеби ќе треба да договорите некој друг да го транспортира на лекување, порачува научниот тим на Светската ветеринарна асоцијација за мали животни./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПриведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи. Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“. Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови. Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH. Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата. NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза. Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44