Исландскиот селектор на пречекот на хрватските вицешампиони во Загреб: Вие сте луд народ(ВИДЕО) - Канал 5

Исландскиот селектор на пречекот на хрватските вицешампиони во Загреб: Вие сте луд народ(ВИДЕО)

Хрватските ракометари беа пречекани од десетици илјади фанови на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб, а сѐ беше зачинето со настапот на Марко Перковиќ Томпсон, кој беше желба на ракометарите.

Исландскиот селектор на пречекот на хрватските вицешампиони во Загреб: Вие сте луд народ(ВИДЕО)

Хрватите беа поразени во финалето кое за разлика од другите мечеви на Мундијалот се играше во Осло, каде Данска беше подобра и рутински ја освои четвртата последователна светска титула.

Но, „каубојците“, како што ја нарекуваат хрватската репрезентација, беа пречекани како да ја освоиле планетата и нема сомнеж дека сликата од Загреб беше импресивна.

Хрватите до уште еден светски сребрен медал ги предводеше Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој накратко им се обрати на насобраните по пречекот, каде Томпсон специјално ја отпеа „Ако не знаеш што се случи“ за ракометарите, која стана неофицијална химна на националниот тим.

Сигурдсон беше во неверување кога виде колку навивачи ги пречекаа на централниот плоштад во Загреб.

- Вие сте сосема луд народ! Ве сакам, го сакам мојот тим, а најмногу го сакам Пешиќ“, рече Сигурдсон, предизвикувајќи ја публиката, како што можете да видите на видеото на RTL:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

По вчерашните напади врз два трговски брода  во Црното Море – при што едниот потона, а другиот претрпе сериозни оштетувања – украинскиот претседател Володимир Зеленски и бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов го коментираа инцидент.

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

По вчерашните напади врз два трговски брода во бугарската исклучива економска зона во Црното Море – при што едниот потона, а другиот претрпе сериозни оштетувања – украинскиот претседател Володимир Зеленски и бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов го коментираа драматичниот инцидент, изнесувајќи спротивставени ставови за тоа кој стои зад нападите.

Како што пренесува „Украинска правда“, повикувајќи се на вечерното обраќање на украинскиот претседател, Зеленски тврди дека украинската морнарица стапила во контакт со бугарските колеги и дека е непобитно утврдено оти станувало збор за комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови.

Украинскиот лидер нагласи дека силите на Киев не спровеле никакви операции во тој дел од морето и ја обвини Москва дека намерно се обидува да го направи западниот дел на Црното Море целосно небезбеден за цивилната пловидба.

„Еден брод беше потопен, додека другиот претрпе значителни оштетувања. Изразуваме сочувство до сите погодени. Ова е продолжение на руската стратегија за ескалација – еден ден претходно беше погоден брод во романските води, нивните беспилотни летала постојано навлегуваат во Молдавија, а нападите врз нашите пристаништа не престануваат. Ваквиот вид агресивност бара јасен одговор и координација со партнерите“, рече Зеленски.

Бугарски министер: Станавме дел од хибридна војна Од друга страна, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави за bTV дека официјална Софија сè уште не може со сигурност да потврди чии беспилотни летала го извршиле нападот.

Според него, не може со стопроцентна сигурност да се каже дали леталата биле руски или украински сè додека не се пронајдат нивните остатоци или додека една од страните официјално не преземе одговорност, иако бугарската страна смета дека во нападот биле употребени и поморски беспилотни летала.

Стојанов нагласи дека овој инцидент дефинитивно не бил несреќа, туку насочен напад, додавајќи дека Бугарија на тој начин станала дел од „хибридната војна меѓу Украина и Русија“. Тој истакна дека конфликтот се одвива во непосредното соседство на Бугарија и дека таквите настани, за жал, веќе не претставуваат изненадување во сегашните безбедносни околности.

Потона товарен брод, екипажот исчезнат Нападот се случи околу три часот наутро, на приближно 70 наутички милји источно од Бјала, односно на околу 130 километри од бугарскиот брег. Цели беа два цивилни товарни брода: „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој пловеше под знамето на Того, и „Ејбл“ (Able), под знамето на Палау. „Алфа Ватан“ претрпе катастрофални оштетувања и набрзо потона. Екипажот на тој товарен брод се води како исчезнат, а бугарските спасувачки екипи на местото на настанот пронајдоа превртен чамец, три празни сплавови за спасување и појаси за спасување, но без никаква трага од морнарите.

Другиот брод, „Ејбл“, кој превезуваше пченица и се движеше кон југ, се запали по ударот. Сите 18 члена на екипажот – главно државјани на Турција и Индија – успеаја да го напуштат бродот, по што беа спасени од бугарскиот „ро-ро“ брод „Диоскурија“ (Dioscuria). Двајца морнари се здобија со тешки повреди, вклучувајќи изгореници и повреди на главата, и итно беа пренесени во Воено-медицинската академија во Варна.

Еден од спасените турски морнари од бродот „Ејбл“ (Able) по пристигнувањето во Варна изјави дека смета оти експлозијата потекнувала од под површината на водата и веднаш се посомневал во руските сили, бидејќи бродот превезувал украински товар. Сепак, засега неговото тврдење претставува само личен впечаток и не е официјално потврдено од истражителите.

Бугарскиот претседател Румен Радев го оцени инцидентот како грубо кршење на меѓународното право и правилата за поморски сообраќај, предупредувајќи на вонредна седница на безбедносните служби дека ширењето на конфликтот во басенот на Црното Море драматично го отежнува комерцијалниот поморски транспорт и ги зголемува трошоците за осигурување.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази загриженост поради овој напад врз трговски бродови во ексклузивната економска зона на земја-членка на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пораз без постигнат гол на најдобрата репрезентација во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија со уште еден пораз  без постигнат гол ја заврши октомвриската серија во Лигата на нации. 

Нов пораз без постигнат гол на најдобрата репрезентација во Лигата на нации

Нашата репрезентација загуби со 3-0 од Швајцарија во Луцерн и остана без бодови по четирите одиграни натпревари во овој циклус.

Резултатот можеби е превисок ако се земе предвид текот на натпреварот, но Швајцарците беа максимално ефикасни во казнувањето на македонските грешки. Ридер, Манзамби и Ндоје погодија за домашниот тим, кој не блескаше, но знаеше како да го искористи секој наш пропуст.

Македонија добро го отвори натпреварот и не изгледаше инфериорно против фаворитот. Првата закана дојде од Швајцарија во десеттата минута, кога Ндоје шутираше од работ на шеснаесетникот, но Димитриевски сигурно одбрани.

Нашиот тим возврати во 20. минута. Андреј Стојчевски се најде во добра позиција и шутираше со глава, но топката заврши над голот на Мвого.

Швајцарија повторно се закани преку Сиеро во 28. минута, но неговиот удар од далечина не ја погоди целта. Две минути подоцна Ридер имаше идеална можност за погодок, но Димитриевски го спречи.

Кога Македонија го држеше ритамот и изгледаше дека може да замине на пауза со позитивен резултат, следеше кобната 43. минута.

Алиоски ја врати топката кон Муслиу, но нашата одбрана не реагираше навреме. Ридер го искористи подарокот, ја одзеде топката и со сигурен удар го совлада Димитриевски за 1-0.

Јакин веднаш реагираше на почетокот на второто полувреме и ги внесе Манзамби и Јашари. Со свежината во тимот, Швајцарија доби поголема контрола, а Македонија сè потешко доаѓаше до противничкиот гол.

Во 50. минута Елведи се закани, но Димитриевски одбрани. Пет минути подоцна Јашари имаше можност да го проигра Амдуни, но акцијата пропадна поради лошото додавање.

Седлоски се обиде да промени нешто по еден час игра со влегувањето на Гаштаров и Омерагиќ. Сепак, Македонија не успеа да се врати во натпреварот.

Во 74. минута стигна вториот гол. Манзамби се одлучи на удар од околу 25 метри, а Димитриевски не успеа добро да интервенира. Топката заврши во мрежата за 2-0.

Конечниот резултат беше поставен во 81. минута. Гаштаров направи непотребна грешка пред нашиот шеснаесетник и ја загуби топката, а Ндоје немилосрдно казни за 3-0.

Во Луцерн повторно се покажа дека против вакви противници и најмалите грешки можат да бидат прескапи.

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (1-0)

Термоплан Арена, Луцерн. Гледачи: 15.730. Судија: Едгарс Мајцевс (Летонија). Стрелци: Ридер 43’, Манзамби 74’, Ндоје 81’ (Швајцарија). Ж. Картони: Елези (Македонија)

ШВАЈЦАРИЈА: Мвого, Бричги, Елведи, Аканџи, Родригез (70’ Атекаме), Фројлер, Сиеро (46’ Јашари), Соу (46’ Манзамби), Ридер, Амдуни (70’ Ботели), Ндоје (86’ Санчес).

Селектор: Мурат Јакин

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Елези (70’ Костадинов), Барди (82’ Станковски), Елмас, Дориев (59’ Гаштаров), Митровски (82’ Миовски), Растодер (59’ Омерагиќ).

Селектор: Гоце Седлоски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и релативно топло време

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Сончево и релативно топло време

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер